Секој има различна дефиниција и секој различно ја сфаќа среќата.Ама од досегашниов мој животен пат,и се она што досега ме научил животот среќа е да го живееш овој миг! Сега,во овој момент,да дишеш и да знаеш дека постоиш!Да живееш! Во поширока смисла,според мене среќата е да бидеш со најблиските,да пружиш и добиваш искрена љубов,да се ослободиш од негативните луѓе,да го почуствуваш едноставно животот! Да имаш дом,семејство,миленик кој иако некогаш знаеме да го запоставиме,сепак секое пречекување е посебно и свечено на свој начин,милите очиња на вашата мачка или кутре,едноставно ве исполнуваат,ве усреќуваат! Среќа е,да знаете што имате и колку вредите во животот! Според мене,среќата не се парите( да не звучам нарцисоидно или дигнато,ама се заситив веќе од луксузите,така што полека сфаќам дека сите работи по кои секојдневно лудуваме,се банални),колата или скапиот телефон,епл лаптопот,или бундата од животинско крзно со зашеметувачка цена! Не,не,не!Грешат сите кои мислат така,ама им посакувам што побрзо да се оствестат и да излезат од канџите на меланхолијата и тагата!
Парите не даваат повеќе секс, тие не се главен креатор на среќата, туку повеќе секс со саканата особа го збогатува животот и нé прави посреќни! среќа е да имаш редовен секс, а не пари
Кога тој што го сакаш те сака безусловно, и кога го осеќаш тоа Кога имаш кого да сакаш, за кого да живееш и да имаш на кој да си горд Кога животот ти иде на подобро Кога ќе те фати криза за благо и во тој момент ти стигаат палачинки и крем!!
Среќа е вработување во Македонски Шуми, или државен службеник. мала шала. Среќа е да имаш можност да пружиш неизмерна љубов и таа да ти биде возвратена. Среќа е во овие врнежливи денови да се враќаш во топол дом. Среќа е да бидеш родител. Среќа е да имаш деца со кои се гордееш. Среќа е да си задоволен со тоа што го имаш. Среќа е да се чувствуваш среќен /а (без разлика на се) Среќа е да имаш среќа.