Исус е дар од небото! Овој најскапоцен дар ќе биде наш, само ако искрено го прифатиме во нашето срце!
Рана зора додека се руди, коледарска песна вас нека ве буди. Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари... Сите да ве служи здравје, бадникова вечер да ви е наздравје. Берикет и к’смет во куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува! Среќен Божиќ !
Нека ни е среќен празникот, за многу години, многу здравје, љубов и пари. Среќен божиќ и Христис се роди !
Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.
^Исус се родил на Божиќ. Денес е Бадник. Се роди, да, ама денес ли се родил? Во ред е да честитате, ама правете го после 00:00 или утре.
Стварно луѓе што ви е ? Искрено ме зачуди темава малце, мислам тие што сте пишале сега.Ме збунивте тотално,нели денес е Бадник па си реков,чекај абе Исус на Бадник да не беше роден?Тотално ме испобунивте.Празнично пореметување Ја утре ке пишам. Сорете за офф-топиков , али ептен се зачудив
Ние велиме Христос се роди пред да вечераме, поточно откако татко ми ќе ја каже молитвата. И од тој момент, во наредните три дена не велиме Добро утро, Добар ден, Добра вечер, туку Христос се роди.
^Христос се роди се вели после 00:00ч. на 07.01.2012. барем така знам,така сум учена ...ајде почекајте барем уште 7/8мин.