@xGrapefruitx Најсреќен роденден, драго мое креативно и најкул девојче! Многу здравје, љубов, среќа и успеси на секое поле ти посакувам, остани си уникатна и прекрасна каква што си.
@Someonespecial @КикиМаус @Ketchup фала ви многу што сте се сетиле (всушност секако ќе се сетите кога месец дена замарав) Повелете торта
@Ginger^ Среќен роденден, убавино елегантна и уникатна! Само убавини да те следат, остани си така креативна како и досега, сонувај и исполнувај Те обожавам! Спојлер @krEM4Eto Среќен и на тебе мила уште еднаш, да си ми весела, среќна и позитивна секогаш како и сега!
@Ketchup , @Someonespecial фалааа најмноооогу вее обожавааааам!!! Повелелеее ситее.. Ии @Ginger^ среќееен родендеееен се шо сакааш да имааш и најсреќна да бидииш!!
Среќен роденден @ginger! Јас тек сега дознавам дека ти е роденден. Се извинувам што вака доцна ти го честитам. Имај убав викенд! ♡
Дојде и роденденот на нашето најдраго, најкултурно, најпаметно и најоткачено идно famous другарче @Ketchup, најсреќен нека ти е и ти посакувам сè најубаво, успеси да те следат на секое поле! Нека ти се исполнат по ред сите желби, па и оние најголемите! Иии да, поклонот Спојлер Stay cool and awesome as you are, и уште долго да си се дружиме Те обожавам!
@Ketchup Најсреќен роденден Кечо! Ти посакувам само убавини во животот! Секоја желба да ти стане реалност, секогаш да си насмеан, позитивен, среќен и успешен во секое поле во животот.
Среќен роденден @Ketchup Голем да растеш и само убавини да те пратат во животот Еве поклон од мене за моето омилено Кечуле
Пишувам пост во ФМЌ и гледам во саатот и во датата - 29 ноември и ми текна дека на нашиот Кечо му е роденден. @Ketchup , најсреќен нека ти е роденденот и сите желби нека ти станат реалност. Само убавини да те пратат низ животов.
@Ketchup Среќен роденден!!! Спојлер Ема немаше желба да оди на роденденската забава. Никого не познаваше добро, па и се чинеше дека ќе биде цел на многу испитувачки погледи. Иако помина доста време од таа ноќ, таа се уште се чувствуваше како да носи некаква тајна наоколу, и како луѓето околу неа да знаеа за таа тајна. Кејт ја убеди да оди, не зашто многу и значеше нејзиното присуство таму, туку затоа што славеничката побара, или да кажам нареди, да ја види Ема на таа забава. Всушност, на Ема и беше чудно зошто девојките толку се потресуваа поради изгледот таа вечер, но кога стигнаа до куќата на Мишела, скоро се покаја што не се облече подобро. Мишела полнеше 24 години. Во нивното друштво, па можеби и во околината, нејзиното семејство беше најбогато и најугледно. Таа беше царица за повеќето. Некои навистина го мислеа тоа, а некои само сметаа дека е добро за нив да ја задржат како пријателка. Таа вечер, Мишела изгледаше проклето добро. Минимална шминка, црн фустан, совршен тен и едноставна фризура. Девојката имаше ангелско лице, преубаво тело и невообичаен став. Нејзината појава блескаше од самодоверба, елеганција и посебност. Мишела беше родена под среќна ѕвезда. Многу девојки и завидуваа, не само на парите, туку и на убавината и карактерот. Не беше ни малку кенкава ќерка на богаташи која се влечкаше по барови и правеше сообраќајка секој месец со нов автомобил бидејќи возеше во пијана состојба. Таа беше воспитана девојка, се однесуваше како дама и не го трошеше богатството на татко и за бесполезни работи. Ема не беше заинтересирана за базените околу куќата, па остана внатре за да пие пиво и да ги набљудува девојките и момците што танцуваа во салонот. Одеднаш, слушна чекори од високи потпетици зад себе и нагло се сврте. Ела и Британи. Девојките со кои доживеа непријатност во трговскиот центар, а потоа дозна дека се пријателки на Кејт. "Многу луѓе има наоколу, зошто остана сама?" - започна Британи. "Здодевно ли ти е?" - праша Ела која беше речиси пијана. "Кејт е во градината." - одговори Ема повеќе за себе отколку за нив. Во истиот момент Кејт влета во салонот, а луѓето некако се раздвижија. Родителите на Мишела се појавија и изгледаше како да се спремаа да пречекаат некој важен гостин. "Ќе си одиме ли?" - праша Кејт. "Да, би било добро." - рече Ема, преврте со очите и воздивна од олеснување зашто нема да има повеќе шанса да ги слуша глупостите на Ела и Британи. На излегување од салонот, сакајќи да ја поздрават Мишела уште еднаш, ја најдоа како усилено се смее кога висок младич најверојатно и го честиташе роденденот. Чекај..Ема го имаше видено порано овој човек. Таму, во визбата, таа ноќ.. Неговите слики што висеа на ѕидот.. И уште полошо, тој запис со црвена пастелна боја што со денови не и даваше мир. Ема и Кејт чекореа по тротоарот. Беше свежо, но не студено. Веќе помина полноќ. Улиците беа тивки. Двете девојки молчеа. Кога Кејт во воздухот почувстува непријатност поради долгата тишина, се осмели да прозбори. "Добро ли си?" "Да." "Изгледаш како да си убила човек. Исплашена си. И се тресеш." После оваа забелешка, Ема ја погледна Кеј во очи, но набрзо го тргна погледот. Уште една минута молк. "Тој човек..Што го сретнавме на самиот излез од куќата..." - започна Ема. "А, мислиш на пријателот на Мишела? Најкул младич по забавите, секогаш онака елегантен и воздржан, знае да се пошегува и да го расположи друштвото. Никогаш немам слушнато за некоја негова девојка, иако сум сигурна дека многу би му потрчале во прегратка..Зошто прашуваш? Го познаваш?" "Како се вика?" "Џон. Џон Хувер." Уживај во секој момент не само од денов, туку и од животот. Ти посакувам многу здравје, уште толку имагинација, соништа, успех, незаборавни моменти и љубов! Спојлер: подарок
@Someonespecial @Anabelle.Amorette @КикиМаус @Mr. Right @IronLady @Florenсе Фала ви најмногу, вашиве постови ми го разубавија денот! ♡♡♡♡♡ Подароциве ептен сте ги погодиле. Торта не ви давам сега, тек вечер во Феминско младинско ќоше ве чекам! Патем Фло, со извадоков ме освои!