ме рсплакавте фала највише на свеееееееееееееееееееееееееет !!!!!! Ве обожавам девојкиииии Патем среќен НИ роденден Инди грл Спојд бејби
Оооо на Пирамитката и е роденден? Среќен роденден Драга Пирамитке, остани каква што си - најубава, најпозитивна, најЗАКОН
Пирамитко фараонска, среќен роденден и продолжи да ни ги продлжуваш ( ) животите со овие убавини што ни ги приредуваш тука.
Драга моја ПирамиД, Во едноличието и сивилото на овој град и овој свет, ти катадневно наоѓаш начин да го обоиш. Му вдахнуваш дух и го заскокоткуваш заспаниот анестезиран оптимизам во сите нас, ги рушиш храбро закоравените стандарди и си жена покрај која секој маж би бил горд да стои... Нека ти е среќен денов, и прослави го соодветно...Не било кој се родил денес. Излишно е да ти кажувам да останеш таква, ти поинаква не би можела да преживееш... Ќе ти кажам продолжи да го менуваш светот како глина во твоите раце, и покажи ни на сите како се цртаат основите на индивидулниот личен универзум што секој човек ги има. Сите желби што ги посакуваш..сите ги заслужуваш, затоа ќе ти кажам, ти ги посакувам и јас. Без номенклатура и детали...Без имиња и адреси, без никакви длабоки сознанија...Објективно и кристално чисто те согледувам низ бистрите твои зборови и тврдам дека си уникатна жена. Гордеј се со себеси и здраво начукај се за твојот роденден!!!! Среќен!
Среќен роденден Пирамитке!!!. Да си ни жива, здрава и весела Ти посакувам животот да продолжи да ти биде исполнет и весел како до сега, уште многу среќни мигови поминати со твоите пријатели, ти посакувам да останеш иста како што си сега, позитивна, луда, откачена, харизматична... Да продолжиш и понатаму да не воодушевуваш со твоите постови, да не полниш и нас со позитивна енергија, да ни мамиш насмевки на сите секогаш кога те читаме и да ни даваш надеж дека сепак ЖИВОТОТ Е УБАВ! И дека постојат вистински пријателства, дека постои љубов, забава, авантура...И дека човекот може да ги има сите овие работи во исто време! Уште еднаш ќе повторам, ОСТАНИ ТАКВА КАКВА ШТО СИ! НЕЗАМЕНЛИВА И ОРИГИНАЛНА!!! И еве роденденска торта “од мене“
Оооо,и на Пирамитката и било роденден!Епа,среќен роденден Пирамитке,се најубаво во животот,и се што сакаш да ти се исполни.
Среќен Роденден Пирамидке !! Се најубаво и се да ти се исполни до наредниот роденден,баш се што ќе посакаш! Твоето корисничко име ме потсеќа на тоблероне