денес е 365тиот ден од животот на едно една мала бубашваба , која тета кике си ја сака премногу ... малку ми е далеку за да си ја гушнам во живо, ама затоа ќе испратам милион и по пошта и за неа и за нејзината мамичка, мојата мила братучетка и среќен роденден розич, од ти посакувам се најубаво Спојлер и не ни исчезнувај толку често, да не се караме
Среќен роденден на Розич со мало закаснување. И среќен роденден на Блупарадајз. Денес да бидеш насмеана и среќна и никој нека не те изнервира. Ниту денес ниту никој нареден ден. Ти си едно беспрекорно, добронамерно и мило човече кое секогаш наоѓа убави и погодни зборови ама баш за се. Толку неконфликтно и емотивно а воедно и стабилно. Цени се себеси и твоите вредности. Една година си постара и помудра. И еве како фала за се што си сторила за мене и за убавите желби и убавите зборови што ми ги упати чекав да дојде 00:00 и не легнав да спијам за да ти честитам роденден точно на полноќ.Колку и да звучи клише денеска е твој ден ... уживај максимално во секој момент од него.
Мила, ти благодарам најмногу, не ни знаеш колку ми значеше ова што сега го направи. Ти благодарам и јас на честитките и на преубавите зборови и ќе гледам овој ден да го направам најубав од сите. Иако немало потреба да чекаш да дојде точно 00:00, сепак мило ми е што си го направила тоа за мене и воопшто не треба да ми се заблагодаруваш. Го напишав она што го чувствував во моментот затоа што ете, нешто ми значиш. Уште еднаш ти благодарам за искрените и срдечните честитки ии те гушкам, што така си се сетила да ми напишеш и да, навистина ми значи.
Блууу! Ха, роденден а,а ? Е неможе, оп стоп, сакам торта! Нека ти е најсреќен роденденот, најлудо да го прославиш, и долго да го паметиш.
Среќен роденден најмила Блу. Денес да бидеш најсреќна и во следниот период сите желби нека ти се исполнат. Tи посакувам се најубаво, пред се да бидеш здрава, да се запишеш во школото во кое што сакаш, да си најдеш дечко кој ќе те сака и почитува ( ).