Денес на една жена и е роденден. Без никакви пишани правила и прописи таа жена 19 години е со мене и претставува половина од мојот целосен ангел чувар ( моите родители како едно цело се па мама е пола ) ... Бдеела над мене деноноќно да не ми се случи нешто ... трчала по доктори ... ме советува и воспитува ... Таа жена кога плачам јас - плаче и таа ... Кога сум болна ме мази и размазува како да сум мало детенце ... Кога сум среќна очите и светат ... Рмба и црнчи по цели денови само за нејзините деца ... Никогаш ама никогаш нема да си дозволам нешто да и фали ... Кога неа и е лошо јас плачам ... Кога таа е тажна и мене ме боли ... ми ги прави најубавите јадења постојано Ни ги исполнува сите желби ... Не разбира поддржува и сфаќа ... Гледа по секоја цена да не извади на прав пат ... радо би и направила честитка како кога бев мала и би и скокнала во кревет ... Тоа не е можно ама ќе ја гушнам кренам и свртам да не знае каде и е умот ... Таа жена е херој ... Таа ми е пример ... Можеби нема три факултети и не е директорка ама таа е најсупер жена и успеала во секое поле од животот ... Иако не делиме се ... иако ретко и се отварам за разлика од таа мене ... иако сме различни карактери ... иако понекогаш знаеме да се скараме ... да ја бирав немаше толку совршена да си ја најдам ... мојата љубов за неа е бескрајна ... Само ако некој ја чепне и со мало прсте ... Беснеам. Ја сакам ... ја љубам ... за неа се би сторила ... таа е мојата една и единствена ... за мене најдобра ... МОЈАТА МАЈКА ... Среќен роденден мамо !!!!!
Магнолија и Пеперутка ви посакувам Среќен Роденден Среќен Роденден и до мојата другарка, ТЕ САКАМ ПАНКИ МОЈА