Вечерва му посакувам среќен роденден нему, личноста која за мене има посебно значење, оваа година уште една честитка повеќе упатена на негова адреса... ...од мене...не сакам да копирам туѓи пораки и мисли, она што искрено му го посакувам... ....најискрно, од дното на душата ти посакувам секојпат кога ќе се разбудиш твојата реалност да биде она за што одсекогаш си сонувал, ти пожелувам да го имаш сето она за кое се копнеел и мечтаел, да добиеш и задржиш покрај себе се што ти предизвикува насмевка на твоето лице, ти посакувам искрено да сакаш и да бидеш безусловно сакан, да имаш безброј незаборавни моменти на среќа и многу здравје и успех да те следат во животот, без разлика дали на некоја страница од него ќе го запишеш моето име...уште еднаш ти посакувам среќен роденден со мало жарче на надеж во мене дека еден ден се ова ќе можам лично да ти го кажам и докажам...а до тогаш биди најсреќен и усреќувај ги другите околу себе со твојата прекрасна насмевка п.с. Среќен роденден и на сите други родени на овај ден, бидете најсреќни
Среќен Роденден и на сите денешни славеници,ве има многу па затоа еве ви една заедничка честитка од Цигарче
Среќен роденден мамо! Што и да ни се случува, колку и да се караме знам дека си тука секогаш за мене. Те сакам.
Среќен роденден Лукс!!! Светлино наша, продолжи и понатаму да не‘ огреваш и да ги полниш овие наши страници со убави доживеани мигови и искуства. Голема да растиш и да бидеш насмеана и исполнета и што е најважно: опкружена со луѓе кои те прават среќна. Спојлер И ти посакувам денес да пресретнеш непознат примерок од спротивниот пол кој ќе го собориш со поглед.