Ти посакувам толку здравје, за да ја зачудиш медицината! Толку среќа за да ти завидат и ангелите. Толку љубов за ниту историјата да не може да ја запише. Толку пари за да ти завидат и милионерите. И толку среќни моменти што ќе ги делиш со сите околу тебе! thegirl2......фала ти за се срце, знајш дека многу те сакам !! Среќен роденден и на сите други славенички
Среќен роденден на другарка ми најверна. 18. ..Сега си полнолетна, те фаќа законот со ум. Фала ти најмногу, от ко те запознав тебе сфатив шо е вистинско пријателство, ти ми го покажа тоа. Фала ти за сите совети, ми беше рамо за плачење, и знам дека можам да те побарам и во 3 сатот на полноќ, се сеќаваш кога двете плачевме за изгубените дечковци? ..Се сеќаваш кога двете се радувавме за новите симпатии?? Се сеќаваш ко ги следевме и ко баравме кај живеат? Фала ти за сите поминати мигови. Биди ми најсреќна, најсакана и слушај го срцето и избери го правиот пат. Умна си, знам дека ќе го напрајш то. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН. Нека цела среќа се истури врз тебе Те сака Ади
[СДК] Сакам да кажам... Добродојде на форумов, би ти препорачала нареден пат да се потрудиш да ги опфатиш сите работи кои сакаш да ги кажеш во еден пост, да не биде на секоја трета минута пост од хрчаче, и убаво е да ги прочиташ и правилата. Сепак не се работи овде за квантитет на мислења туку квалитет. Сега ќе ти звучам ко стујардеса, имајте убав престој на форумот..
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН Adi888 ! Од срце ти посакувам се најубаво и многу да си среќна и се да ти оди во позитивна насока,сите полиња во животот да ти се сменат на најдобро и оваа година,во која влегуваш како полнолетна да ти донеси многу поубави работи и паметно да донесуваш одлуки кои ќе допринесат за твоето најдобро! Многу љубов,среќа и здравје ти посакувам! Да си ми здрава пред се,останатото се ќе се среди Спојлер А да,и на брат ти и на мајка ти нека им е среќен роденденот
Ај Ади среќен роденден, честито полнолетство, се најубаво и сите желби да ти се исполнат. И пази сега, законот ти е зад петици