Драг дедо, Иако денес не си со нас, иако си меѓу ангелите на небото, на овој ден, во далечната 1935, ти си се родил. Сигурна сум дека денес, ме гледаш од некаде, па ти посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН. Жалам, многууу жалам што не си до мене да те прегрнам, да се шегуваме како некогаш. Знаеш, денес како и кога беше жив, баба ми направи локум од оној што најмногу го сакаш. И колач. Да биде како некогаш. Но никогаш нема да биде како што беше некогаш, бидејќи нешто недостигаше. Недостигаше ти и твојата смеа. Недостигаше ти и твојот мил но длабок глас. Немаш поим колку ми недостасуваш денес. Но, нема да плачам. Бидејќи знам дека и ти ќе бидеш тажен ако го сторам тоа. Затоа дедичко, наместо плач, денес ќе се смеам Бидејќи знам дека кога сум среќна јас, среќен си и ти. Среќен роденден уште еднаш, од твојата внука која е далеку од тебе, но ќе те чува во срцето засекогаш.
Среќен роденден kolache, DigY, и сите што го слават својот роденден на овој 8мартовски ден . прави жени.
Родендениии ... на две жени со стаж на форумов СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГОУ! Да ти се исполнат сите соништа и желби и планови и посакувања ...И еден маж годинава! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛИЛИТ! Да останеш таква уника како што си, исполнување на сите цели и желби и љубови! Ај сега за двете ...