Среќен Роденден Alondra, Doberman, Talita, M.a.r.i.l.y.n и се најубаво...сите желби да ви се исполнат
Петок, 26 Февруари 2010 00:55 На денешен ден пред xx години е родено едно прекрасно бебенце со кое Земјата доби непроценлив дар. На таа неверојатна особа и посакувам среќен роденден и еден прекрасен ден... Твоите раце да ги допрат ѕвездите на небото, да ти се оствари најубавиот сон, сонцето секогаш да сјае во твојот живот. Сите овие се моите желби за твојот најсреќен роденден. Заборави на тага, болки и мака, зошто денес само се сака. Не дозволувај никому твоите желби да ги крие... Среќен ти роденден и се што сакаш во кревет да ти спие. Ти посакувам овој и секој нареден роденден да го поминеш во прегратките на саканата особа, нема ништо посреќно од личноста која е искрено љубена. Среќен роденден. Долго трагав по поклон, кој е вреден и достоен за тебе. Но не најдов ништо слично, затоа ти се поклонувам самиот себе. Само дел од она што ти посакувам во моментот ќе биде доволно да бидеш среќен цел живот. Среќен роденден. Само отворен ум прима мудрост, само отворени раце примаат дарови, само отворено срце прима љубов и само најдрагите личности ја примаат оваа порака. Искрени честитки за најсреќен роденден. Повторно ти е роденден? Не сакам да те критикувам, но не мислиш дека веќе ти премина во навика? Премногу желби, но премалку место. Премногу љубов, но пораката е тесна. Премногу чувства, но нема многу зборови... Премногу остана недокажано за овде да се каже, но сепак нешто може: Среќен роденден. Замисли нешто најубаво, најслатко, додади на тоа бесконечност, прошири го со вечност и украси го со ѕвезди. Само тогаш ќе знаеш што ти посакувам, Среќен роденден. Ти посакувам да го најдеш она што го посакуваш, да го познаеш веднаш штом ќе го погледнеш, да имаш среќа да го добиеш и способност да го зачуваш засекогаш до себе. Овој ден нека ти се исполнат сите твои желби и саканата личност секој пат нека биде со тебе, ти посакувам многу среќа во животот и среќен роденден