Убаво девојче денот го краси Како морето што го красат таласи Ги освојуваше момчињата со црна коса И ги освојуваше ливадите со нога боса Една насмевка која многу вреди Постови со проза и поезиа она реди Под името Кенди срцата ни ги освојува Многу читатели она вбројува Среќен роденден и за многу векови Љубовта да секогаш има свои текови
Среќен роденден Кенди-чу, голема да растеш, и пишувај ни почесто, се губиш како сирење во баничка за на училиште. Ги знаеш оние, со наградна игра - пронајди го сирењето. Епа не сакаме да играме - пронајди ја Кенди.
Кенди ... сите твои амбиции, желби, планови посебно љубовните надежи и очекувања да ти се исполнат и да те исполнат со среќа!
Среќен роденден миличка Libera . Ти посакувам се најдобро и што побрзо да не каниш на свадба (зашто си многу вљубена - изгубена, па и овде слабо те има . Пишувај почесто ).
DAngel со мало задоцнување, но сепак најискрен поздрав и честитки, и се најубаво -Среќен роденден Libera
Ајде на сите наши Феминки нека им е среќен роденденот сите желби реалност....Ае можеме покрај вака многу родендени едно журче на фемина да си направиме