Трендафилке, нека е среќен роденденот ! Многу, многу здравје, гушки, среќа, бакнежи, дечиња - мечиња и се по ред.
Срекен роденден Трендафилке многу здравје,љубов и среќа да те пратат во животот да ти се исполнат сите желби.
Трендафилке, нека ти е најсреќен роденденов и ти посакувам само убави работи во животот. Да си го најдеш посакуваното работно место и да немаш лоши денови од финансиски карактер! Се најдобро!
Прекрасни момиња, ви благодарам од срце за сите убави честитки тука и во инбокс и оние кои ве имам на фејсбук, сите ги читкав со насмевка и задоволство. Мојот роденден ми е исклучително важен ден, а вие очигледно сите го знаете овој податок. Гушкање до сите, ви благодарам уште еднаш, мојот ден е прекрасен (треп, треп). Мојата шабанска торта... повелете.
Трендафилке, моме убаво, многу ретко пишувам овде честитки за роденден, ама тебе морам да ти честитам. Ти посакувам многу убавини, многу среќички и многу пријатни моменти со луѓенца кои навистина ти значат многу, и само такви да имаш крај себе. Желбите си ги исполнуваш сама, вредна си ти, имај многу убавини деновиве кои идат, имај најубава година, а секоја наредна уште поубава. Јас денес за твојот роденден бев вредна и запеков кифлиња и Браунис За со руска! Браунис за Среќен роденден Миличка
Тренди, јас ти посакувам многу среќа и убавини, многу оргазми, секогаш да си насмеана и игнорирај луѓе што ти ја цицаат позитивната енергија. Да фаќаме на спортска сега и секогаш!