Среќен роденден на мајка ми и на сите славенички тука! Фала ти мамо што си ме родила, чувала и се по ред. И опростено ти е што напати ми се качуваш на глава и што ме гониш со чајот по терасата, ме тераш да носам смешни капи, по стопати ме нудиш да јадам нешто и ако нејќам ми правиш фаци како да ќе заплачеш. Дај бе жено, не сум петгодишно дете. Највеќе те сакам кога ми зборуваш за твоите удварачи на времето и кога ми спиеш во креветот кога јас излегувам и потоа ми е топол и ми мириса на тебе. Спојлер П.С. Доста ми крадеш чоколади. Уствари овоа не е веќе крадење. Масовно ми ги снемува. Ама јас пак си те сакам!
Среќен роденден ilipili и pupi.girl нека ви се исполнат сите желби и нека ви е се најубаво Среќен роденден и на сите други славеници