anabel-a среќен ти роденден, голема да растеш. Остани храбра и упорна и не ја симнувај насмевката од твојот лик.
Anabel-a Имај најсреќен роденден сите модни желби да ти се остварат и да не(на е апостров) дружиш долго на форумов Споилер( рај за очи) Спојлер
Анабела Нека овај ден ти биде најсреќен,но и секој нареден.Ти посакувам се најдобро ,да си најсреќна,најиполнета,најздрава на свет
^ Не може. Не се важи, 12 саат помина. Case closed. Се шалам, фала ви мноооогу на сите што ми посакавте еден тон на прекраснотии, ми иде сите да ве гушнам - одеднаш . Нема врска дали денеска, утре или задутре ќе посакате некому нешто, секој ден е погоден за убав збор, нели . А за тоа мрсничкото не се шалев, на никого не му текна една 10-ка со кромид да тури
anabel-aaaaaaaaaaaaaaaaaaaa и од мене НАЈСРЕЌЕН да ти е роденденот,и не само овој ден туку и цела година,а и понатаму! Ама оваа година уште повеќе да созреваш и да твориш,да си паметна и да се оформуваш и да си многу среќна и сакана,а и здрава за сето тоа да го оствариш Гушка и од мене!
Среќен роденден Фејсбук... Спојлер Најголемата глобална социјална мрежа Фејсбук денеска одбележува девет години постоење. Од мала фирма формирана во 2004 година од Марк Цукерберг и неколкумина негови пријатели од Универзитетот „Харвард“, Фејсбук денес е глобална нет-компанија со над 4.000 вработени и повеќе од милијарда корисници низ целиот свет. Првичното име на „Фејсбук“ смислено од Цукерберг беше „Фејсмеш“, но по сугестии на неговите пријатели беше променето. Првите „пријатели“ на „Фејсбук“ беа од Бостон и околината, набргу проширувајќи се во САД и низ целиот свет. Фејсбук денес просечно има по 618 милиони активни корисници дневно, а над 680 милиони луѓе месечно ги користат неговите мобилни продукти. На Фејсбук месечно се споделуваат повеќе од 30 милијарди информации, а дневно се поставуваат над 250 милиони фотографии. Просечен „Фејсбук-корисник“ месечно троши повеќе од 700 минути на сајтот, има 130 пријатели и креира во просек по 90 содржини. Секои 20 минути на Фејсбук се споделуваат по милион линкови, се прават по два милиона барања за пријатели и се испраќаат по три милиони пораки. Иако Американците со 165 милиони корисници се најбројната „Фејсбук-заедница“, околу 70 проценти од корисниците се надвор од САД. Покрај поддржувачите, Фејсбук денес има и бројни непријатели кои сметаат дека ги затупува луѓето и ја нарушува нивната приватност, па дури и националниот суверенитет на државите.