роденденот на фемина е денеска?? ако е така, и од мене среќен роденден на нашето омилено место ФЕМИНА
Премногу ми е мило што сум дел од овој форум, од фемина семејството Среќен Роденден Фемина и се надевам дека ќе славиме уште многу родендени заедно
Среќен роденден наше Феминче Да се сакаме, почитуваме и дружиме уште мнооогу години И баш ми е мило што сум дел од едно вакво прекрасно виртуелно семејство
Среќен роденден ФЕМИНА, и уште многу вакви денови да си дочекаш. Фала ти на сите убави моменти кои ми ги пружи откога сум член, се надевам и во иднина ќе продолжиме со дружбата, и со споделувањето на убави моменти.Денес Фемина веќе не е форумче, туку е една огромна империја на здружени женски сили и по некој залутан момак Не имаше, па не немаше. Паѓавме и се качувавме. Многу од членовите решија да не напуштат заради свои причини, без оглед дали се основани или не. Покрај сите удари, Фемина преживеа.Денес е пожива од било кога. Сакам да се заблагодарам на сите членови кои за време на мојот престој овде ме смееја,ми помагаа, ме советуваа, комуницираа и беа заедно со мене дел од оваа целина наречена Фемина. Среќен роденден! Да живее ФЕМИНА уште милион години и да има уште милион членови!
Фемина, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! Благодарам за сите прекрасни совети кои ги добив од тебе, за сите лп , за сите нови другарки, за поминатото време кое ја убиваше на најдобар начин мојата досада, за сите насмевки од моја страна додека ги читав "залутаните" коментари .. Иако отсуствувам понекогаш подолг период, секогаш сум тука и при првата прилика те посетувам .. Уште многу години постоење, па и сите наши керки, внуки и правнуки да се зачленуваат и да го поминат истиот пријатен престој низ кој поминува јас! (ова би го вкусила, како прекршок на диетата имам добра причина, a ако сака некој да ми се придружи слободно ^^)