Нормално дека секој прекин на контакт не само на љубовна туку и на пријателска или роднинска врска носи тага, зошто сепак личноста ти била дел од животот. Но не значи неопходно дека самото време кое го изминале заедно било лошо и не вредело. Зошто ти токму тоа го имаше кажано, цитирам: Она што јас го кажувам е да, може да им било и убаво во врската па и покрај тоа да раскинале поради веќе наведената причина.
Добро е да си сингл, имаш доста време да се пронајдеш себеси и што ТИ сакаш од животот. Денеска сите ги судат девојките кои имаат 30 години а не нашле некој, или ја бркаат кариерата па разни стереотипи се развиваат веднаш тука, што стварно тоа е апсурдно. Од друга страна да почнам од себеси, сингл сум да, одамна сум се вдала во исполнувањето на професионалните цели и шетањето, па добро ми е. (Комшивките од мајка ми воопшто да не се грижат, поздрав ) Дај сите да си ги живееме животите како сакаме. Можеме и ние да сме среќни со статус сингл, because why not?
Секако дека е можно и да си сингл и да си среќен. Туку, зошто многу често во постовите за сингл вметнувате - имаш време да се пронајдеш себе си. А тие што се во врска, немаат време да се пронајдат себе си?
Секако дека може, сум испуштила да додадам дека со партнер што ти ги разбира целите и соништата, и што секогаш ти дава поддршка е десет пати полесно...Но, потешко е да се пронајдат таквите, се надевам ќе имам среќа таква.
Да може човек успева да е среќен сам, но тоа е само на кракорочен период. Гледано долгорочно самотијата има лош психички ефект, колк и да го покриваш тоа на крај избие на некој начин.
Зависи и до годините. Повеќе почнува стравот од самотија и нестапување во брак да избива кон 30 тите години, ама тоа заради лично поставени граници или од општеството, барем според некои ситуации кои сум ги сретнала. И, многу така избрзувале за сами да не останат во животот, и грешеле. Се пополека.
Да точно, после 30та кога си позрел и поминал периодот за забава и авантури, може да размислуваш така.
Не можам да кажам дека сум среќна, ама пак и не сум нити во депресија поради сингл статусот. Едноставно сум навикната на самотијата и ми е добро. Посветена сум на други нешта, работам работа која ја сакам и уживам, слободното време ми е исполнето со хобија, имам мал круг на пријатели со кои секогаш се чувствувам пријатно и тоа е тоа. Точно е дека понекогаш посакувам да имам некој покрај себе, сепак сето тоа не може да ја надомести љубовта ама кога не можам да променам ништо тогаш не ми преостанува ништо друго освен да се навикнам. Не е толку лошо колку што звучи де.
Среќна мех, али барем мирно заспивам навечер знаејќи дека неам потреба да се замарам дали и што ми се праи зад грб .
Среќен сингл е или кастрирана особа или особа која има причина да биде сингл има некој со кој емотивно се празни да не кажам посрамотни работи... Иначе сум од скоро Сингл после дуга, предуга веза, и најтешко ми е тоа што незнам кој пат да го фатам... Минато, Иднина, Сурова реалност
Ох друже, плис не генерализирај. Нит кастрирана сум, нит имам некој за "празнење". Не знам зошто ви е тешко да поверувате дека постојат личности кои избираат да се сами? И притоа не се фрустрирани. Без разлика дали некогаш минале низ одредени трауми или не, важно се пронашле себе и не им зависи среќата од партнер. Многу е грдо вака отстрана кога ќе те етикетираат, и мене ми лепат етикети во риал лајф дека сум имала некој тајно за празнење сфатете дека не го удираат секого хормоните во глава, и дека умее да се контролира, колку и да ви звучи неприродно тоа
Ок можеш ли да ми кажеш како, кај грешам, на што треба да поработам можеш и на приватна порака... Нешто не ми се совпаѓа кај мене... Незнам
Велиш дека скоро си излегол од предолга врска, нормално е да имаш измешани емоции, ама треба да поработиш на себе, само самиот ти можеш да си помогнеш, не запаѓај психички, никој на светот не е вреден за тоа, прави ги работите кои те исполнуваат. Дај си време малку, ништо не се решава преку ноќ, не знам колку години имаш, ама не е страшно ако бидеш слободен некој период. Ќе се појави вредна личност, па и да грешиш, сите сме грешеле, ама ако ти е за утеха, кога тогаш доаѓаат вистинските, само треба да биде трпелив човек и да не троши време со погрешни личности.
Пресреќна. Посебно кога ќе видам со какви глупости се замараат тие што се во врска ми е премило што немам дечко.