Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Среќна со статус сингл

Дискусија во 'Сингл' започната од irena, 10 ноември 2009.

  1. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Среќна сум, покрај многу што не се вредни и заслужни за мене јас се трудам што можно да се оддалечам од негативните последици од тоа што сум без дечко, а имам само пријателски познавања со другарките слабо се дружам, среќна сум така, многу сум горда на себе што успевам и сама да се радувам на себе си.
     
    На LoneWolfGuy, Mikha4 и Cecko85 им се допаѓа ова.
  2. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Сингл статусот не ми смета толку, ми смета мешањето на сите тетки, баби што сакаат да ме запознаат со некого, како да е 19 век па со стројници ќе ме мажат со сингл пријатели, комшии.
    И лошото е што сите квалитетни мажи се веќе зафатени, останати се неженети на мои години или +/- само некои што за ништо не ги бива и затоа никоја не ги земала. Или се разведени, со багаж деца и бивша жена. Да не сум разберена погрешно не сум против тоа да се разведе човек, само јас со ниеден брак зад себе и деца, не би сакала маж со деца особено тоа мешање на бившата жена и комуникација со неа за децата. Не ми сметаат децата ама не сакам некој што имал зад себе такво минато и толку значајно нешто.
    Помали од мене не сакам, помал маж ми делува недозреан. Не сум во години кога ми треба несозреан да шетам и едуцирам.
    Едноставно одлучив подобро сама да останам отколку да земам било кого само да сум мажена, мирот е бесценет.
    Сакам некогаш да имам некој до мене, но со обврски и работа заборавам на се. Сакам деца, годините поминуваат и можеби тоа ми е најголема болка. Ама сакам деца да израснам во здрава средина, убав брак, да има љубов, така да подобро и деца да немам ако не се среќни и јас не сум среќна со изборот.
    Што е тоа е, животот поминува сингл или не.
     
    На Ekvador, LoneWolfGuy, Роберт 7 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Па не сите што се сингл се помали од тебе или разведени можеби не си заинтересирана за некој па така мислиш
     
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    11.194
    Пол:
    Женски
    Тие што сте сингл и не треба да сте тажни, барем јас не бев кога бев слободна. Времето си го окупирав најчесто со книги, повремени дружби со другарки, дури често ми се дешаваше сите да беа во врска а јас сама.
    Не сакав ништо, и никој до мене да го имам на сила. Јас плус и лесно не развивам емоции, па ајде со кој и да е до мене да е. Уште тогаш си го ценев слободното време :*:
    Можеби јас што сум интроверт па воопшто не ми пагаше тешко што сум сама. Често си правев шали на моја сметка, како мене никој не ме сака, за гревче сум, најчесто ова пред мајка ми и пред другарки го лупав :DА мајка ми, мајка како мајка, многу се нервираше кога ќе кажев така, дури некогаш солзи и идеа во очи. Којзнае што си е мислела, дека ми е којзнае колку тешко :lol:
    а јас едноставно си уживав, се ми беше опуштено, без да се замарам, а нај кеиф бев што си спремав испити на раат :emo:
    Од што мразев мажење, сигурно си е мислила оваа моја ќерка од дома тешко дека ќе излезе :D
    Или па сега си вика арно што се нафати да се мажи :bandit:
     
    На Ekvador, FridaodaMk и Aleksbonito им се допаѓа ова.
  5. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    1.342
    Пол:
    Машки

    Сите изодуваме различен пат, некои се женети мажени и на 17 години со деца а некои и на 40 години, така не треба да се споредуваме со другите. И тоа и правиш не се споредуваш и живееш така како што сакаш се надевам на се најдобро за тебе
     
    На Ekvador и tessie им се допаѓа ова.