Еве да ти кажам, членката бара маж кој е со диплома и кој припаѓа во елитно друштво. Среќна жена можело да ја направи само академски граѓанин.
Шо збориш бе ? Ја не сум видела ниту чула некоја да блика од среќа од муж освен првиот месец коа се уште во фаза на глумење. И на крајот сите умираме сами. Ниту тој ќе умре со тебе коа ќе умреш ти, ниту ти со него. Лол.. освен ако не се договорите во исто време.
Пред 5 години најцрно сценарио ми беше сегашниот живот. А сегашниов живот, со сите успони и падови, со сите можни препреки, брда и планини, не би го дала за тогашниот. За мене среќа е мир, дом, слобода, постојано учење, креативност и тишина. Низ годиниве не дека не дадов шанса, ама пак, секогаш едвај чекав да си бидам сама со себе во мојот свет Можеби некогаш тоа ќе се промени, ама едно нешто сигурно нема да променам - никогаш веќе нема да жртвувам дел од себе, од тоа што сум, од тоа што сметам дека исправно, нема да преќутам глупи муабети за да не предизвикам конфликт, нема ама ништо на себе да променам освен за себе. Среќна сум со себе, а за да примам некој во животов, може само ако и тој е среќен со себе и не бара во мене да му пополнам празнина. Може да си го разубавуваме животот, да зборуваме на важни теми, да се смееме на апсурдности, и да делиме потполно или речиси потполно исти вредности. Што пее Сара Рос, I am finally old enough to not give a fuck
До пред некое време не бев, гледав како сите имаат некој во животот. Посакував и јас да имам некој, ама некако никогаш како да не ми се насмевнуваше среќата. Давав шанси и се некако завршуваше во 3 дена, затоа што кај секој ќе наидев на црвено знаменце. Во еден момент помислив дека јас сум проблемот, мислев имам многу високи критериуми и само си барам фалинки и за ситници завршувам со комуникација. И последниот пат кога бев во комуникација со еден ги спуштив сите критериуми и се решив да гледам како да не е голем проблем додека е културен. Од тогаш знам дека ми е многу убаво сама и дека сум среќна и дека не вреди за никој да спуштам критериум и да прифатам било кој само поради што се осеќам осамено. Среќна сум во моментов и кога и да се осетам осамено разбрав дека не ми е за дечко туку доволно е со било кој да поминам одредено време. Не планирам никогаш повеќе да барам некој за врска, ако треба ќе си го поминам сама и среќна животот, отколку за некој цел живот да се каам. Ако во еден момент ми се појави некој кој што вреди, да би била со него, ама повторно да мислам дека јас многу барам и да поминам преку се, никогаш. Среќа па остана се на неколку месеци комуникација, среќа што никако не успева да поминам преку се тоа за да се видам со него и ја завршив комуникацијата.
Поентата на животот е буквално да примиш некого во него, да се адаптирате еден на друг, да делиш среќа. Среќата не е празна соба, чаша вино и само ти. Проблемот на нас над 30 што бараме некој во животот е што тој некој доаѓа со свој живот, навики, ритуали, маани. Знаете зошто нашите баби и дедовци немале проблеми во брак и врска? Затоа што се земале на 22-23, растеле заедно, се надополнувале заедно. На 30 веќе имале свој заеднички микрокосмос. Ние го чекаме „вистинскиот“ на 35 +. На тие години сите се веќе формирани личности со сопствен тек на живот и навики. Епа тешко се менуваат навики на 35 +, или што викаше баба ми, теле се учи - вол не. Мислам дека феминизмот ни направи мечкина услуга, еве ме сега мене, прошетана, едуцирана, барам некој што ќе се вклопи во мојот живот наместо да растеме еден до друг. Е после немало мажи - има, ама нема да можеш да го „моделираш“ маж со свој стан, работа, дневни навики кој не зависи од никого за ништо. Всушност сфатив дека нема таков каков што сме замислиле затоа што имаме 2000 критериуми. Феминизмот произведе осамени едуцирани жени. И знаете што бараат моите врсници на 36 години? Девојче од 25- што ќе има време да им роди здраво дете кое ќе го гледаат во станот што го создал, ќе го возат во колата што ја купил итн. Не бараат некоја како мене со која најверојатно пола брак ќе им помине по клиники за вештачко оплодување затоа што феминизмот ме учеше моите најплодни години да ги поминам по плажи со другарки и Кампари росо и да учам факултет за безначајна диплома која ништо нема да ми донесе во животот освен 300-400 евра плус во месецот од моите другарки кои имаат по 2-3 деца а факултет завршија на 32 години ама сега си одат на семејни одмори со сопругот и децата.
многу тажна објава, уште потажна зошто мислам дека сметаш дека на некој начин си победила со тоа што си сама и не ти е веќе гајле
Многу по тажно е твоето размислување.. 95% од генерациите на баба ти не смееле да писнат на мажот, ако се спротистави ќе ја тепа, ако се пожали дома срамота е да се разведе ја брука фамилијата и трпеле многу, затоа и се кренале да бараат права.. Од убаво човек не протестира и бара, еве платата да е солидна на сите да имаш пари од минималната да живееш комотен и убав живот дали би излегле толку луѓе на протест дека не им стигаат пари за основни услови? Друго да речеме дека во периодот на 20тите си решила да се фокусираш на факултетот само, со толку фокус си требала до 24/5 г да завршиш и пак си имала можност да бараш партнер, млада што би кажала ти.. Ако во тој момент не си се осетила дека сакаш да имаш некој е сосема во ред, секој има свој живот и право да бира во него и не треба да се кае за постапките од минатото, во тој момент тоа ти било целта секогаш имаш простор за промена.. Паметен возрасен маж бира девојка/жена блиску до своите години (5-6 години разлика). Оние што на 35+ и бараат 20годишни не е поради плодноста, туку едноставно многу им е по лесно да изманипулираат со неа, и ретко кога се во среќен брак. Можеш да имаш проблем со плодноста и на 20 години и да имаш сосема нормална бременост на 40, прочитај малку истражи. И не знам на кој би му сметало жената да му е успешна, пак ќе кажам токсичен маж затоа што по лесно му е да ја контролира дека е финансиски независна. Мене ми е плус ако двајцата имаме стан свој, едниот ќе го издадеме под кирија и плус пари денес и не се ефтини кириите, без многу пот секој месец и +200 евра не се малку.. И најважно среќата не треба да ти зависи од маж/жена.. И многу е битно со кој ќе се омажи и затоа е добро да се бира и да се имаат критериуми, а не да се омажиш/ожениш за било кој.. На крај може само да ти ја уништи психата, а без сам да сакаш некој да ти ја поправи тешко..
сето ова е феминистичка пропаганда. Како психолог ќе ти кажам дека кај луѓето, најдобрата автокорективна тактика е стравот од последица за однесувањето. Ние , денешните жени сме родени во свет кој не ни дава последици за лошото однесување. Да, баба ти најверојатно ќе била удрена ако се спротивставела за нешто - но тоа ја правела внимателна што ќе каже. Самата закана од последица те прави внимателен. Да те изненадам - кај мажите и ден денес постои невидлива црвена линија која ако се премине работите завршуваат со неизбежна физичка ремификација. Затоа мажите многу внимаваат што ќе кажат на друг маж, особено ако е физички посилен од него. Кај жените не постои последица за лошо однесување, ти на твојот маж, партнер можеш да му кажеш во афект дека му е мал, дека комшијата е поуспешен од него, дека Татко ти е подобар, да го понижуваш на секој можен начин вербално и да очекуваш за тоа да нема никаква последица по тебе. Ако жените сме по комуникативни по вербални, зошто таа наша сила нерамноправно ја користиме врз мажите? Зошто не секоја повреда носи модринка, некогаш модринките се од внатре. Втора работа, стоиш пред повисок, покрупен, посилен од тебе и му се внесуваш во фаца - што очекуваш да се случи? Ништо. Ама Баба ти очекувала и затоа била 50 години во брак, затоа што плашејќи се од можниот епилог, мудро ги одмерувала зборовите и со итрина пак добивала се што сака. Само ние жените сме вид кој кажува што паметен возрасен маж би сакал, но тргнуваме од себе, а факт е дека немаме поим што мажите сакаат. Дури и кога ни кажуваат што сакаат - не им веруваме. Од пред Христос до денес мажите сакале помлада, плодна, убава жена. Исто е до ден денес. Поентата околу забременувањето ти е во најмала рака смешна - сакаш да се обложиме дека 95% е сигурноста девојка на 22 години да роди здрав прав плод од колку жена на 40 +. Аутизмот е најдобар пример, 88% од аутистичните деца се родени од мајки постари од 30 години. Финансиска независност во брак е смешна и глупава феминистичка теза бидејќи сите пари во семејството се на семејството. Болна е идејата да сакаш да бидеш дел од нешто а независна. Независна од што? Од човекот кој те сака? Од сопствените деца? Од што? И за крај - среќата буквално зависи од маж / жена, да не било така немало да има потреба да луѓе, социјални суштества се здружуваат во било каков облик на колективитет. Сречата не треба да ти зависи ни од другарките, ни од колешките, ни од роднините - но магично Ти зависи. Модерните жени сме безмилосно труени 50+ години од концепт кој во себе не содржи ни грам логика. Ти посакувам тебе среќа сама а себеси си посакувам строен маж кој ќе ме гушне навечер и ќе си заспиеме со дечињата пред телевизор гледајќи Божиќни филмови на Нетфликс додека собата мириса на свежо испечен леб. И да, ќе бидам и субмисивна, и кротка и неконфликтна и зависна за овој мој сон да се оствари.
Момци заради вас постои терминот mansplaining, темава се вика "СреќНА со статус сингл" ако не сте виделе
@Ви0летКа ако си психолог тогаш ќе знаеш дека тепањето ствара трауми за кои што многу луѓе се обраќаат кај психолог да им помогне... Не ја прави внимателна што ќе каже, туку и за тоа што е 100 посто сигурна дека е во право ќе ќути од страв.. Секој има право да искаже што мисли и за тоа не треба да добие ќотек само затоа што не се согласува некој со неа. Свесен човек внимава на секој што ќе каже не само на посилен од него од аспект да не го навреди, а од аспект да прифатам мислење на некој ако е погрешно нема без разлика колку е физички по силна личноста пред мене. Која е поентата ако се осеќам физички спремно за да го претепан соговорникот само затоа што не се согласувам со него? Имаш пример што се случели пред некој ден со тепана жена... Секој има право и знае дали му е подобро во некој момент сам или не. И треба да уживаш и кога си сингл и кога не си. По среќен живот ќе имаш сингл отколку со погрешен партнер.. Дали пишува дека е забрането маж да коментира? Не.
Очајни сте со идењево у крајности. Ниту треба да си со некого по секоја цена, само за да не си сам, ниту пак да мислите дека ви е совршено да живеете ко самотњаци некои. Не е у природата на чоекот да биде сам Не се утешувајте без врска. Туку дозволете да ја пронајдете среќата и среќата вас да ве пронајде.
А ти сакаш да кажеш дека (дури и сега) подобро е некоја да се мажи на 22-23? Тоа време и ова време не се исти. Да, се „трпеле“ со љубовта повеќе, ама исто и да знаеш какви работи претрпиле грото жени заради илузијата дека и они се сакани. Да не кажам, жените низ годините повеќе страдале од мажите, неголи обратно. Многу тешки судбини си влечеле на грб, ама тие жени никогаш јавно не си ја искажувале маката. Патријархално воспитувани, иако би рекла и понижувани наместо заштитувани. Среќните љубовни приказни стојат во делот бајки, а бајките се по двесте денари.
Ок, оди плачи за мене ако ти е жал Кој курац излагате од инцелското дувло и замарате - не знам. За сите останати - апсолутно победувам. Прво, себе и своите стравови, после сè останато. Победувам секогаш кога нешто цел живот сум мислела дека не можам, и ќе си докажам дека можам. Од ситници до големи работи. Толку многу работи за прв пат ги направив сама, што сум многу горда на себе Ако ти си мизерна со сама себе (или поверојатно мизерен) - до тебе е. Никого нема да усреќиш ако со себе не си среќна или среќен. А последно нешто што ќе прифатам во животов е некој несреќен што не знае што со себе и од мене очекува да му дадам смисла на неговото постоење. Не, фала
Она кога се надевам дека уште малку ќе бидам доволно стара да не ме замараат Не сум помлада, не сум поплодна, така е, иш
Многу е тажно ова од тебе... реализирана си во животот, а не го цениш тоа што го имаш, и мислиш дека е залудно се' што си постигнала затоа што не си нашла маж.....тажно е што сметаш дека треба да бидеш кукла, да се прилагодиш некому, да преќутиш и преминеш преку недостатоците, да правиш компромиси и да толерираш нешто што не е за толерирање, само за да не останеш сама. Јбг, подобро сама отколку со некој по секоја цена.