И во времето на нашите баби имало деца со аутизам, само што поим немале што е тоа аутизам, не ни оделе на доктор, дома раѓале деца, од родени 5, живи останувале 3, се мачеле, мажени со стројници. Со итроштини постигнувале што сакале? Ништо не постигнувале, биле робови, на маж, слуги на свекор и свекрва, без право на глас. Баба ми си го колнеше таткото, земјата од гроб да му ги исфрли коските и кучињата да му ги разнесуваат по долови, оти ја дал за човек што не го ни знае, а ја сакал некој господин, кој патем потоа немал среќа во животот, се развел со жената, немале деца итн, ама тогаш да дадат убава девојка, фамилиите барале мираз, тоест кожуф за браќа, сестри, и овие ја дале баба ми за три мочани кожувчиња. Колку народов живеел примитивно и простачки пред само некоја деценија е срам за цивилизацијата, срамно да се коментира, рамо до рамо со затуцаните исламски радикали, ама ете во 2026 година, девојчето погоре копнее да се вратиме назад.
И народов уште е со тие мислења, дека среќна жена е таа што родила дете, како и да е, ама родила. Само котењето им е битно, дали се окотила или не. Тоа и ништо друго. Па да, сама жена е многу посреќна од таа што се фрли сосе детето, сама жена е посреќна од разведена мајка што се влечка под кирии, сама жена е посреќна од таа со 2 или 3 несреќни браќа зад тебе. Сама жена е посреќна од таа што 10 години окапала по инвитра оти мора и мора да роди дете, така ја тераа, сама жена е посреќна од изневерена жена, посреќна од зависна жена, посреќна од жена силувана од сопругот што се правда со муабет „ако мислеше да се браниш, требало да си седиш кај мајка ти“. Колку девојки знаете што избегаа од дома на 15 години и се омажија? Во која нормална земја тоа е нормално? Тоа само во Газа, во Сирија, во Иран може е нормално, за другите тоа е нездрава појава, неодговорно родителство, немање компас кај самото дете што на 15 години ќе раѓа дете, една комплетна, срамна и примитивна запуштеност до ненормални граници. Повеќето работи кај нас и онака не се нормални, без толку гордост.
Искрено не верувам во реченицата среќна со сингл статус. Можеби како моментално, привремено чувство е сосема валидна, но како перспектива за иднината е само тешка сопствена лага. Не се работи за субјективно чувство, туку чувство без кое ниту еден човек не може да постои. Љубов. Да сакаш и да те сакаат. Тоа не значи дека треба да бидеш со некој само за да постои некаков човек во твојот живот. Но, не ми е веројатно и дека не постои никој на планетава за некој. А и се согласувам со членката со некои нејзини гледишта. Пример, ние двајцата ништо немавме создадено кога почнавме. Сега од трошките направивме ,,империја". Реално ретки се и луѓето што може се сами да создадат. Муабетот ми е, на 30 и кусур години имаш сосема други критериуми, до некаде валидни, сакаш изградена личност, со кариера, стан/куќа/кола. И треба барем нешто да има. Но, за да се создаде се, потребна е и друга сила. Нешто што како растеш и созреваш, немаш трпение да го искусиш, сакаш на готово. Но, готовото носи и цел багаж зад себе, веќе обликуван карактер што не се модифицира. Зошто мора, ако решиш да стапиш во брак, секогаш да се гледа низ призма на дека ќе врши насилство врз тебе, ќе те повредува, ќе те навредува, ќе те деградира. Како членката погоре што опишува. Мислам дека изборот да бидеш сингл е само производ на некаква внатрешна траума. Читано меѓу редови, не е избор воопшто, туку нешто сосема друго. Патем, да, среќа е да имаш мало човече покрај тебе, од твоја крв и месо. Нешто за кое би живеела, би дишела и би умрела. Да , сама жена е посреќна од таа што 10 години окапала на инвитра, пошто Шерлок, која е таа жена што би била среќна што не може да има деца.
Ова инцеливе како кокичиња почнаа да никнуваат, или ми се чини? Не го ни исчитав постот до крај, ми се згади. Имале добар брак нашите баби затоа што ќутеле? Во природата на мажот било физичка пресметка? Ако си психолог скини си диплома, а тој што дозволил ти да дипломираш да се самозапали. Ај отидов да земам легенот да му ги замијам нозете на маж ми. Да не добијам ќотек, не за друго. Јер природа.
Па е субјективно да мислиш дека сите, баш сите сакаат да имаат човече од крв и месо. Не сакаат и не мораат да сакаат. За прв пат во историјата на човештвото онаму каде што можат луѓето да бираат, очигледно е дека не сите бираат да имаат деца. Не само сингл луѓе, туку парови во брак со децении, одбрале и бираат да немаат деца. И не знам како било кој си зема за право да кажува дека е тоа тажно, несреќно итн. Потажно ми е кога ќе видам анонимни жени онлајн (а не се малку, што е поразително) што се осмелуваат да кажат дека си ги сакаат децата, ама да се врати времето апсолутно не би одбрале да раѓаат. Нема потреба сопствената животна смисла да ја гураме на другите, оти тоа што мене ме прави среќна, апсолутно не значи дека и тебе ќе те прави и мора да те прави, и обратно. Што се однесува до мене лично и ова не важи за никого освен за мене лично и животот кој јас сум го живеела и живеам, смисла на живот во деца не гледав ни на 15, ни на 25, ни сега на 35. Мислам дека имам доволно години да знам што сакам, што ми фали и што не ми фали. Што се однесува до партнер имање, па еве 15 години ги поминав со еден, од нула до кула, само покрај љубовта и имање најдобар другар на свет од денешен аспект гледам дека имало и не така симпатични работи, како козависноста, но нема да навлегувам во детали за сето тоа. Повторно, што се однесува до мене лично, не ме интересира колку е некој "остварен" посебно затоа што немам што да барам од него нешто што самата поседувам, имал или немал не ми менува мене ништо. Еве да банализираме, дал има кола не ми менува ништо, пошто јас имам и јас возам, не ми треба да "ми даде" нешто. Тоа што може да "ми треба" е да се чувствувам прифатено и слободно и да не ми го труе животот со "правила" и "како треба". Така што, апсолутно е подобро во пар, под услов другата половина од парот да не ми го уништува животот каков што сама си го стварам, може да го дополни само, и истото од мене да го очекува. И последно, на 35 не се лажам себе дека некого можам да променам. Не можам, како што не можат да ме променат мене. Односно, ставам крај пред да почне нештото, без да ми биде криво. Не ќе може да ме малтретира и деградира (ниту бивш сум имала таков, реално) оти не се плашам да бидам сама. Оти можам сама да си правам да ми е убаво. Оти и сингл луѓето имаат пријатели, семејства, љубовта постои и кон други луѓе, мислам што муабет е ова дека ако си сингл си осакатен за љубов Ни љубовта постои само во една непроменлива форма, ни морам мирот да си го дадам за да ја имам.
Не пишував за децата, дека мора да ги имаш, туку дека секое човечко битие сака да даде и да добие љубов. Ако подобро се прочита. Не е воопшто субјективно, туку е универзално чувство. Зарем постои човек што не сака да биде сакан, баран, мечтаен, обожаван? Каков е тој мазохист... Исто така не реков дека си осакатен, туку не е воопшто истата љубов што ја добиваш од семејството и пријателите. Зошто воопшто си била во 15 годишна врска, ако доволна ти била љубовта од родителите и пријателките? Не викам дека си тажна и несреќна, не можам јас да го знам тоа, но знам дека не би сакала да останеш сингл. Апропо, горенаведената тема е чисто залажување дека не ти треба никој. Но, доколку си имала тежок раскин, можам и да те сфатам зошто се најде да пишуваш.
За жал, во денешно време љубов е мисловна именка. Не дека не постои, ретка е. Сите се себични, гледаат само личен бенефит, ретки се оние што навистина сакаат некој друг искрено и без задни намери. Точно е дека секој сака да биде сакан, и да сака, ама пак ќе кажам, тешко е тоа да се постигне. Од никого немаш таква љубов, освен од родител, ама некогаш и тоа го нема. Луѓето стапуваат во брак од што така морало, и наративот е дека кога има несогласувања жената треба да биде таа што ќе попушта, толерира и замижува пред некои работи, само да го зачува бракот и да не остане сама, особено ако има деца, а на мажот му е се' дозволено, оти е маж. Како што би направила членката што се жали дека не може да најде партнер, и свесно би одлучила да се "изгуби" и промени себеси само за да не остане сама и да има партнер по секоја цена, дали ќе го сака или не, важно тој да ја сака неа, да има што да понуди материјално, а таа да нема никакви обврски освен да му роди деца. Нема искрена , чиста и безусловна љубов, освен онаа меѓу мајка и дете, ама и таа не секогаш е таква и таква останува. Има мајки што не си ги сакаат децата, а родиле, од сосема погрешни причини. Скроз легитимно право е да не сакаш да имаш деца, а не да ги родиш само затоа што морало и само затоа што нема да бидеш признаена како жена ако немаш потомство. Башка, денес секоја жена може да роди и гледа дете, не и' треба маж за тоа, има банки Светот ќе беше многу подобро место ако имањето деца беше од вистински причини, односно оти навистина ги сакаш и сакаш да ги имаш, и да воспиташ и одгледаш луѓе на место, а не оти така налага општеството и морало да се имаат деца ако си во брак. Сведоци сме на тоа колку возрасни единки во општествово денес влечат трауми од детството и за жал, нивниот број се' повеќе се зголемува. Жените можат да преживеат без маж, ама мажите без жени не можат
Да бидам сакана и да сакам е "екстра". Јас си прам споредби со сите пати кога бев во врска и каков стрес ми било, иако би рекла не биле дисфункционални врски, и колку ослободување осеќав од после. Исто гледам колку партнери се мразат просто речено, ама се заедно зошто мора да имат некој. Јас то не го разбирам. Од таму, јас апсолутно не дејтам. Јас со сите шо имам излезено "на неќење" ми се случило. И то е единствениот начин на кој сакам да дејтам. Толку случајно и да не сетам, шо ќе упеј да ме фати. Браво на тие шо успеале. Така да можи да мислите дека е универзално чувство да сакаш партнер. Тврдам дека неќам, и зато не барам. Ако сакав - ќе барав. До сега и мажена ќе бев, земајќи во предвид дека имав веќе две "шанси" за то. Ако имам пак партнер во иднина пак ќе биди зошто на "неќење" се најдов во та ситуација, веројатно.
Само се надоврзав на мислењето. Љубовта е убава работа и прва потпишувам дека е тоа така, јас сметам дека сум била многу среќна во овој живот што сум сакала и сум била сакана така, без разлика што со бившиот не сме заедно од неповрзани работи со сакање. Исто така знам дека луѓето не можеш да ги менуваш, па ете иако се сакавме дојдовме во ситуации каде што љубов не е доволна за да се надминат. Јас се жртвував, тој се жртвуваше и бевме несреќни бидејќи секој сам со себе не можеше да живее како што сака бидејќи тоа значеше повредување на другиот. Меѓутоа, баш поради тоа искуство и начинот на кој јас сум била сакана, многу добро знам дека сум посреќна сама, отколку ете тие неколку што ги имав низ годиниве после таа врска. Осаменоста не е причина да бидеш со некого, ова го зборувам од искуство, бидејќи останував на крајот во врска затоа што се плашев од тоа да бидам сама. Денес не се плашам да бидам сама - сега сум посреќна отколку кога пробував да бидам нешто што не сум или од него очекував да биде нешто што не е. Од оваа причина многу полесно оставам сега, не се замарам да поправам, прилагодувам, ни себе ни тој некој. Доволно сме возрасни да знаеме што сакаме и што не сакаме, мажи кои не знаат што сакаат апсолутно немам намера да им помагам да дознаат, а тоа е затоа што сум на чисто со себе што јас сакам. Љубовта кон партнер и кон останати нормално дека не е иста, меѓутоа барем јас и останативе сингл околу мене не живееме во очај и безизлезност како што зборува членката, т.е. членот, тоа си е нејзино/негово доживување. А така можеме да дискутираме зошто е, само едно е сигурно - човек што со себе не е среќен, може само да унесреќи други. Односно, сопствената смисла и среќа мора да ја наоѓаме прво во себе, ако за себе не сме добри, не можеме да сме за другите добри. Ако не умееме себе да се сакаме, не умееме да сакаме никого. Па од ова последново произлегува дека искуствено знам дека не можам и не сакам да се занимавам со несреќни мажи, осамени мажи, мажи што не знаат што да прават сами со себе, мажи кои чекаат од родителите да им извршуваат животни обврски (да, неверојатно е, на 35 години запознавам мажи на кои им перат, готват, чистат итн.) и за овие сметам дека немаат како да го збогатат мојот живот, туку сакаат да ми накалемат обврски кои не прифаќам да ги имам. Пошто можам сама да се грижам за себе, очекувам тој некој да може да се грижи сам за себе и да не бара во мене замена за мајка му, на пример. Затоа, не е спорно дека сум среќна сингл. Апсолутно сум. Проблеми имам како и секој човек, од кои 99% немаат врска со мојот љубовен статус. Бидувањето сама ми даде неочекувани прилики да научам за себе многу работи, а уште повеќе да знам што немам потреба да прифатам само за да не сум сама. Така што, критериумите ми се тие кои ми се, немам потреба да ги намалам само за да имам некого, затоа што сум добро и сама, не страдам. Што се однесува до деца, ако баш посакам да имам дете некогаш (интересна идеја, далеку од желба) можам и тоа сама, земјава среќа и ваучери за ивф има за сингл жени. Смислата на животот е многу индивидуална работа, затоа на пример, потполно разбирам ако на некоја жена смисла и' е да биде мајка. Ете само тоа. Да се прашувам јас, тие жени би имале стаж и плата и сè по ред што воопшто раѓаат и создаваат идни граѓани, ама не се прашувам јебига.
Колку жени знаете што се омажени, а несреќни? Дали сте чуле муабети „Јас да имав работа и плата, мажот немаше да го трпам“, „Родителите ми беа строги, затоа избегав на 19 години и млада се омажив“(значи се сомнева во својот избор, ај тоа, секакви муабети за љубовници и афери се шират), „Ми иде дома кога ќе отидам сега, ѓубрето да го исфрлам од дома, за што ми е? Ни пари имаме, ни деца имаме, кога ќе дојде од работа мириса на пиво, иако 100 пати му реков да не пие, плус и „змија има во џебот“. Значи трпи неплоден маж, кој патем не сака да има деца и онака, независно што таа сака, кој се задоволува со каква таква плата, а таа работи и дополнителна работа, плус и шкрт, плус и пие. Ова е љубов? Ова е среќа? Да, убава е љубовта, ама тоа е реткост.
На секој чекор има афери и швалерај на големо. Демек цел град знае оти ликот има некоја, само жената дома не знае? Море знае и тоа како само ќути и трпи за да задржи статус во брак. Не зборам за нешто кое било за една вечер туку за афери кои често траат со години. Позабегана работа од тоа таков да трпиш нема. Или некои одат во крајности да се борат и тепаат за да го задржат оти битно е да се мажени. И тоа како сингл е подобро него ли врска со некој таков.
Како бабите добивале сè што сакале кога трпеле насилство? Колку и да биле воспитувани да трпат, сигурно не им се допаѓало да бидат омаловажувани и тепани. На никој не му се допаѓа лош третман. Никогаш! Па, уште велиш дека си психолог. Тешко на твоите клиент/ки со тебе кои од тебе очекуваат да го осудуваш насилството и да ги советуваш како да се тргнат од него. А, аутизмот е како лотарија. Ни 20+ годишна, ни 30+ годишна не може да знае дали ќе ѝ се падне дете со аутизам. Па и да нема аутизам, може да има друг проблем. Порано било тоа кога мажите исклучиво барале плодни жени. Сега има повеќе мажи кои исто не сакаат родителски обврски и си бараат партнерки со ист став. Детето и партнерот не се гаранција за среќа. Животот е комплициран. Подобро е некоја да е среќна сингл отколку да подлегнува на општествениот притисок и да почне да се повредува себеси или други.
Да речеме дека како што вели Виолетка, маж од 35 години бара девојка до 25 години за да роди дете. Што правиме ако тој е неплоден? И многу мажи и многу жени се неплодни, а не се ни свесни. И тој на 35 години што бара девојка од 25 години, тој не ја сака, него репер му се години, значи се работи за интерес и пресметаност. И негов стан е негов, ако е на татко му, дури и бетер, ништо од тоа не е твое, да може ќе го користиш, но ако дојде до развод, пак немаш ништо. Многу девојки кои мислеа дека нашле колку толку солидни мажи, на крај испадна дека откако ќе израснат деца и ќе послужат како инбукатор, слугинка, домаќинка, мажот наоѓа друга, млада или каква и да е љубовница, нив ги брака од дома. Тие ем се посветиле на децата и мажот, ем немаат ништо, ем назад кај тате не се заинтересирани да ги примат, оти тате починал, мама е стара и болна, братот веќе има жена и деца, така што никој не е заинтересиран за туѓите проблеми. Море тешко на жените во оваа држава со џамахирски металитет, тешко нив ако се слаб карактер, ако немаат пари, работа.
Третманот на жените порано е многу полош отколку да си сингл слободна жена во денешно време. Денес можам да бирам како сакам, не само оној кој ќе ми го тупнат да му раѓам деца од кои некои ќе умрат, а можеби и јас на пораѓај бидејќи се знае какви услови имало. Развод? Тоа е грев да се помисли, ќе си го трпиш и најголем идиот да е. Време е да не романтизираме толку зошто многу бракови траеле со децении. Реално, кој не сака да има некој, да е во среќна врска/брак? Ретко некој свесно бира да е сам цел живот. Тој што ќе го изберам треба да го сакам и да ме сака. Да си го правиме животот полесен, да си додаваме на среќата, не да ми е главен извор на стрес. И не е тоа бајка, така треба да функционира нормален однос со партнер. Тажната вистина е дека е реткост таква љубов, но ја има. Во меѓувреме мораме да живееме како знаеме и умееме, зар треба да мизеруваме цело време додека немаме некој до себе? Има толку многу во животот да се искуси освен брак и деца. Така да, возможно е среќна и сингл, сѐ зависи од мајндсетот и како ќе си ја наредиш.
Не верувам дека некој е ПРЕсреќен што е сингл ама верувам дека секој треба да е исполнет и среќен со и без партнер, не дека ако си незадоволен/на со себе партнерот ќе те исполни комплетно туку во денешно време е жално да се има размислување како тоа погоре дека дури си млада е убаво да најдеш некој оти покасно ќе бидиш попаметна и нема да го избериш истиот. Жално е да се мисли дека жените 35+ треба да се влечкаат по клиники за да останат бремени, ако сме информирани доволно ќе знаеме дека и жени на 20 имаат проблем со неполодност за жал, значи е индивидуално. Друго што би требало да ни ја разбуди свеста е насилството, не може некој да ми кажe дека е подобро да си со некој иако трпиш насилство дали е физичко или психичко, да живееш неисполнет живот во смисла работиш работа која не ја сакаш за минимална плата и одвај врзуваш крај со крај, одвај ги одржаваш децата ама битно ги роди во 20тите. Мислам секој си постапува според свои критериуми и очекувања во животот, не велам дека сите треба да стапат во брак после 30 или на 20 ама џабе делиме памет тука и се споредуваме со други, факт е дека поубаво е кога имаш некој покрај себе ама сите сите сме биле сами на период подолг или пократок, битно е да најдеш некој со кој ќе бидеш посреќна од тоа да си сама.Значи биди со некој ама не по секоја цена. Да не се разбериме порешно има и такви кои стапиле во брак на 20 и се успешни и среќни, значи се со вистинскиот човек, а не само да се биде во брак.
Дојдов да видам дали се е црно бело на темава, дали се коментарите од една крајност во друга и не сум погрешила. Ниту се сите бракови лоши и сите мажи насилни како што се обидувате да ги претставите и да го валидизирате вашииот избор да сте сами ниту пак само ако имаш маж може да си среќен. Зошто го поистоветувате бракот со насислсво? Има секакви случаи не се сите во лош брак и не сите мажи се лоши татковци, ама веројатно си наоѓате утеха затоа што вашето размислување е во таа насока. Секој нека си постапи по лично убедување и како му одговара и не мора секогаш да се сипете со навреди кога некој има дијаметрално спротивен став од вашиот. И јас не сум за мажење на 20, мислам дека не сме зрели тогаш и дека треба време да се оформиме и изградиме како зрели личности ама не сум ни за останување сама, заради пример на блиски до мене жени кои се покајаа за таквиот избор кога направија 55-60 години.
Да си жива и здрава, БАШ зошто имам татко каков што имам и ако постои бог ме благословил со родители какви што имам (не се совршени, далеку од тоа), ама баш татко ми како сопруг и како татко ми е прв пример дека нема потреба да прифаќам глупости. Човек кој можел и да работи 3 работи, и бебе да бања, и пелени да мења, и сам да носи деца по болници и сам да чува, и да поддржи жена не само како еднаков партнер во домашни обврски, туку на себе да земе и повеќе за таа да се унапредува и образовно и кариерно, и ден денес на свои 60 и кусур години да е ист, БАШ затоа не можам да се задоволам со ничии трошки. Точно, има прекрасни мажи, ама на лотарија се паѓаат. Има и други, што се прекрасни, само не сме соодветен избор еден за друг. И сето ова не ме става во состојба на очај или тага, баш тој татко ми е огромен ветар во грб дека сè можам и дека сум доволна сама по себе.
Сите си требаме подеднакво, за преживување за било што и мажи и жени си требаме. Не за џабе народот рекол за секое тенџерче си има соодветно капаче, е има и ѓезвиња и тоа многу среќни едни . Познавам среќни со сингл статус и од еден и од друг пол, вака однадвор гледано. Не сум им личен психолог да им го знам детално внатрешниот емотивен свет, ама вака како што сум сфатила и перцепирала делуваат и живеат сосем ок и многу поубаво од некои што од нивни причини не се сингл, но не се задоволни со тоа. За тема деца и колку се посакувани, е вака има жени кои цел живот се замислувале како мајки, родиле и спомнаа погоре анонимно се каат што родиле. Има и такви кои сакале родиле и тоа е тоа, им паднал џек пот. Има и што се колебале дали да родат па родиле и се усреќиле и тие кои родиле и ете исто си останало, па среќа за таквите постои баба сервис. Тешко на бабите со такви ситуации...но не е темата тоа. Среќата е многу индивидуална и да верувале или не е возможна и при привремен или траен сингл статус.