Како не трпеле? Мислиш раѓале по 15 деца од љубов? Не, туку биле нонстоп силувани од мажот. Шо во тоа време нормално било.
Сериозно мислиш дека ќе те направи среќна насилен маж што ќе врши насилство над тебе? Никој не сака да биде сам, ама далеку по среќна ќе си сама, отколку со таков маж..
Јас уште не сум слушнала никој да каже - ќерка ми/жена ми/сестра ми се ОКОТИ. Мајка ти се окотила со тебе??? Каков збор за една толку убава и благородна работа. Ти имај си ги ставовите што си ги имаш, ама зборовите...
Го употребив тој збор за да ти доловам колку народот е примитивен. Штом непознати луѓе, мажи и жени те прашуваат на прво видување дали си мажена, дали имаш деца, очигледно немаат пристојност, нивното ниво е на ниво на животни и само водат евиденција да знаат дали некој има редовен секс, дали се репродуцира итн. Види кај странците, тешко некој ќе те праша за брак, деца, дали планираш деца, итн. Не дека е табу, туку баш имаше и совети од луѓе од екс ју што се иселиле во други земји и велат дека ако прашуваш дали некој е мажен, женет, дали има деца, дали некоја е трудна, толку од дружбата, ќе те сметаат за прост и примитивен и ќе те избегнат, едноставно тоа не е во склад со нивниот бонтон. И често и жени кога зборуваат за други жени кои родиле деца и ги напуштиле, па имале и втор и трет брак, велат „абе битно родила“. Види го тој примитивизам, животински, простачки, значи родила 5 деца од 3 брака, и сите ги оставила на 1-2 години, ги напуштила, тие деца се трауматизирани, живеат без родител, бабите се грижат за нив колку можат и како знаат и сето тоа се нормализира под „ама битно родила“. Meне ми се случи, полициски инспектор и тоа не беше стар човекот, Македонец, на работа да ме праша дали сум мажена, му реков „Не“, ми вели „Море ти да фрлиш тие хартии, остави работата, да си се омажиш“. Не го знам, не го познавам, ми наредува да не работам, да идам да се котам. Инспектор во МВР. Аауауау....Како да сум крава и морам да живеам како тој непознат маж мисли дека треба, значи работа не е потребна, иди раѓај деца, ќе живееш од воздух. Инспектор, Македонец, православен христијанин, ама нарав како радикален исламист од Авганистан. И да, непристојно е ако одиш некаде службено да поставуваш приватни прашања. Што ако сум имала канцер, ми е извадена матката и јас можеби нема да имам деца? И? Мене тој е должен да ми дели лекции што ќе правам во животот?
Уште една работа која само маж би ја кажал Значи плиз, иди вежбај, најди некое хоби, арно не се измори Вака, како отварањето на темата со жените и ѕидот, ти е многу амишка обратна психологија. Може си го замислил како мастер план, ама е Жените се одраз на вас. Па запрашај се зошто повеќето би избрале да се сами Self-accountability е уште една работа која не ја поседувате. So yup, имаш многу работа на себе, ти и твоите колегите од машкиот род. Now off you go
Како мачкарка, прејако ми е кога ќе ми речат: ќе умреш сама со мачките. Фала, I guess Мачките ми носат мир, не ми го земаат
А има и такви кои викаат дека неќеле деца, зборат многу грозни работи за деца, АМА ќе роделе едно - две за социјален статус, брак и за да се тера редот. Немаат сите природен импулс да се грижат за друго човечко суштество и они треба да си бидат така, нема што да се лажеме дека сите чувствуваат љубов кон пород, кога тоа е жално за тие сѐ уште неродени потомци. И ова го кажувам како некој кој многу сака дете.
Уф, колку е ова точно! За жал и во реален живот го имам посведочено, родители станаа луѓе кои апсолутно не треба да се родители, не знам зошто така за себе одбраа. Од моја перспектива подобро да се каам за дете што не сум го родила, отколку да го родам и да се каам што сум го родила. Оти во вториот случај моите нерешени работи со сама себе директно и страшно влијаат на недолжно човечко суштество. Мислам дека тука најголемиот проблем е што децата не се доживуваат како посебни личности, свои, со свој граѓански статус, свои права, свој живот, туку како исполнување на лични желби (вклучувајќи и соц.статус), како сопственост на родителот.