моментално сум ваква и не ми пречи, напротив да направам пауза, да искочам да се прошетам, да се видам со старо друштво а притoа на никој да не му пречи каде одам и со кого Убаво ми е да сум сама, многу луѓе ми се чудат
Јас сум сингл.. и навистина ми е некако на моменти тешко. Пред околу месец ипол прекинав со дечкото, прекинавме за глупости, поради инает од страна на двајцата и сега продолжуваме да си правиме меѓусебно работи кои го иритираат другиот. Но муабетот ми беше дека, ми е тешко, плачам, и дури и ми доаѓаат мисли од типот јас никогаш веќе нема да се заљубам или нема да можам да најдам некој што ќе ме засака.... Се надевам дека е само период...
Јас сум сингл уживам со другари другарки ама на моменти ми фали една личност која ќе биде со мене, личност која ќе умее да ме разбере, да ме гушне да ме бакне таквата личност ја изгубив но.... се надевам друга ќе дојде, која ќе го надополни тоа
Сингл...украс или товар? Јас мислам дека не е воопшто глупо да бидеш слободна. Што има лошо во тоа, а и зошто мислиш дека би било украс или товар? Мислиш дека некој ќе рече ее оваа е слободна, блазе си и или пак оваа нема дечко, срамота ? Тоа си е твое, како си сакаш.
Сингл...украс или товар? Нема што да се замараш за тоа. Подобро е сингл. Иако викат дека е убаво да си заљубен, според мене е боље да си сингл. Прај си шо сакаш, искачај кога сакаш, флертувај во секое време.. и ред други работи. Поздрав.
Сингл...украс или товар? Тоа си е твое и јас сум единствената во моето друштво што е сингл да понекогаш ми пречи тоа што немам со кого да излегувам, но кога ги гледам другарките како ми се жалат за проблемите во врската си викам "фала му на господ што сум си сингл" или кога другарките мои кога ке врлат окце на некој дечко, а ги спречува тоа што се во врска...тогаш јас ја имам таа предност која се вика сингл
Да се биде во врска е слатка одговорност. А да се биде сингл е индивидуална слобода. Ти сама бирај за што би се одлучила попрво.
На Икс му се допаѓав со пуштена коса. На Ипсилон - во репче. Мислам дека Зет ми ги сакаше шишките на страна, а не рамни. Едниот сакаше плетенки, другиот не. На третиот пак, поубава му бев во фармерки отколку во фустан. Три врски, трите со алфа - мажјаци што секогаш пробуваа од мене да направат нешто што не сум, да ме синхронизираат со нивниот начин на живот, претенциозно и дрско. Веќе не сум држава за освојување, косата си ја носам виткана и без шишки, и носам шорцеви. Своја сум, сингл сум! Како да не сум среќна?!
Многу машки ми велат дека сум била многу убава и бла бла бла .... и на крај не можам да разберам зошто сите барат само едно не пробуваат да ме запознаат, не со однесувам за да привлечам некој и слично, туку цело време внимавам да бидам коректна со сите Така да и јас сум сега сингл, толку што дури мислам да не се замарам со секакви се дури не почуствувам нешто добро, убаво како љубов. И сега ми е убаво кога сум сингл. Некако како машките да не се заинтересирани за врска, но подобро сама отколку само да се биде со некој.
Се си има свои предности и ин релејшаншип и сингл секое на свој начин е убаво. Јас сум со сингл статус и сум најсреќна пиеме се журкаме со другарките одам каде сакам без да морам некому да му кажувам едноставно го живеам животот но секако има и недостатоци ми падне малку добро можеби малку повеќе жал кога видам среќно заљубен пар како се забавуваат си велам е зошто јас не сум на местото на таа девојка но тоа поминува брзо и се гордеам со тоа што сум среќна со статус сингл и секако поубаво сама отколку со било кого
И јас сум сингл во моментов и можам да кажам дека ми е убаво. Не се замарам. Сега имам повеќе време за се и можам да бидам своја, слободна. Пред многу кратко време раскинав и незнам како ќе се чувствувам понатаму, а знам дека имаше доволно причини за да раскинам. Но јас сум личност што сака да ужива во слободата. И не можам да поднесам ограничувања. Така да, подобро да си квалитетно сама отколку во неквалитетна врска.
Се си има добри и лоши страни...воглавном сингле е пораат ситуација...али некоја само во врска се чуствува сигурна и исполнета...така да тоа е индивидуално...ахахаха
А зошто, навистина зошто влегувате во врски со став дека веќе не сте своја, или па попуштате под притисокот на дечкото и дозволувате да ве „вози“ по негови правила? Со последната реченица ја кажуваш најразумната поента, но што е со споредбата квалитетно сама/во квалитетна врска? Индивидуалноста може и тоа како да се задржи, па мислам дека токму различните интереси и детали ја прават врската „пошарена“, поразновидна... Мене ако нешто ми пречи кај девојката е следново... „Излегуваме?“ „Важи, каде сакаш.“ „Кога ќе се видиме нареден пат?“ „Па утре требаше да излезам со другарките, но ај ќе откажам и ќе се видиме.“ „Си јадела досега ХХХ?“ „Па не ми се допаѓа баш, но ај ќе нарачаме.“ „Да ја сменам песнава, знам не ја сакаш?“ „Не бе остај ја, нема везе...“ Индивидуалност = 0!
Подобро сингл од вистински причини, отколку по секоја цена со некого, од погрешни причини. Ги ценам сингл луѓето кои се справуваат со тоа со невидена леснотија на постоењето (иако, не секогаш е лесно богами) и ги ценам оние кои се во квалитетни врски кои не потсетуваат на затвор. Се' друго помеѓу - ми е за жалење.
Единствена причина поради, која било која девојка ја весели фактот дека е сингл е бидејќи конечно е на чисто со минатото, т.е. сфатила нешто што пред да стане „сингл и среќна“ не го знаела: баш ко во песната „ват лов гат то ду гат то ду диз?!?“, односно ДЕКА НЕЈЗИНАТА ПОСЛЕДНА ВРСКА НЕ ФУНКЦИОНИРАЛА и тоа предолго не функционирала и не била среќна! Ама пуста навика... Од таму е и таа сингл среќа искрено речено. Но, тоа според мене е променлива среќа, бидејќи верувам кај секоја од вас варира во одредени моменти од денот дури. Бидејќи, ве ар џаст хјуманс и никој од нас не е создаден да биде сам и да функционира сам побогу, па и во овие модерни времиња се за „тим воркЕ се збори уствари Хочу реч ....секој има потреба од некого и не баш било кој, затоа и сте останале сингл и сте среќни. тил д'рајт ван комес алонг . при бидејќи, затоа што, исто така, ДА, многу е подобро да си сама и среќна, отколку во врска и мизерна. Ова е дефинитивно единственото место каде што боље ишта него ништа некако и не ми ги задоволува, а и не би требало да ги задоволува сетилата ви. А, проблемот со девојките и индивидуалноста им во врските е оф ! Причини?!? Па веројатно предолго била сингл и несреќна, па сега во моментот се плаши да не биде погрешно протолкувано нејзиното ЈАС lol: што, ако мене питаш е лошо, лошо и само лошо БЕД ДОГИ БЕД ! А, може да е и бидејќи едноставно девојката и не е баш нај, она најсигурна дека сака да е токму со тој дечко.... што е уште полошо и за човекот кој што е со девојка стилу МА МЕНЕ МИ Е СЕЕДНО дал сум јас тука и со тебе или дома пред ТВ. Баш, како она примерот што го прочитав погоре со индивидуалност = 0 Абе едноставно сакаш, се бориш, земаш и држиш или не сакаш и оставаш... трето нема!
Точно затоа што во врската мојата индивидуалност и слобода беа ограничени-затоа ја прекинав. Тоа беше главната причина. Фала Богу нема да дозволам дечкото да ме „вози“ по негови правила, како што кажа ти. Никогаш нема да дозволам заради него да го запоставам друштвото, да излегуваме само каде што тој ќе каже или само кога на него ќе му одговара. Слободата и индивидуалноста ми се најважните работи во животот и не би го менувала тоа за било што.
Епа вака .... Минатиот месец прекинав подолга врска , загубена битка небитно .... Од кога ја прекинав врската искрено не знаев кој правец да го фатам ... Си помислив и што сега ? Не сум девојка со преголемо друштво а и оние кои ги имав од кога се фатив со дечко ми не дека намерно ги избегнував но покрај факултетот и него се спонтано ги запоставив до некаде загубив .... Не дека светот ми се вртеше околу него туку времето и околностите си го направија своето .... НО на мое огромно изненадување СУПЕР ми е бреее Наеднаш се се смени ме немаше никаде се најдов себе си , другарките друштвото си го вратив излегувања , кафиња ..... Сето она што го немав , се она што ми фалело а сега сфатив и тоа колку многу .... Почнувам да запознавам нови личности , состаноци , флерт Сега за сега ми е многу убаво Една порака од мене .... Знам многу примери на девојки кои се плашат од статус сингл како од ѓавол ...Тоа е многу лошо само доказ за вашата зависност од некој до вас , похрабри и посреќни ќе бидете ако сте сама се разбира доколку не е тој вистинскиот до вас , не работете против своја волја ама баш НИКОГАШ !!! Еден живот е не се потценувајте , Сте живееле пред него ќе преживеете и без него !!! Само храброооо