Сингл 3 месеци и нешто...Па ок е имам и вишок време на распуст сум Па што знам не е лошо да имаш некој со кој ќе се гледаш, во кого ќе веруваш.Сепак кога ќе помислам на тоа ми текнува дека имам пријателки па не се мачам околу тоа.Иако да не го сакав сеуште бившиот мислам дека сингл за мене ќе беше идеално
Кога би рекла дека сум среќна со статус сингл би излажала затоа што не сум и не е дека сум очајна за да бидам со било кој во врска напротив сакам партнер кој пред се ќе ми биде другар ,некој кој ќе ме разбере,некој на кого можам да му верувам и ќе биде покрај мене тогаш кога ми е тешко,доволно е да ме прегрне ништо повеќе не сакам. Имам многу пријателки , се дружам со нив ,излегувам за викенд ,знам да се забавувам ама не сум среќна,чувствувам некоја празнина и секогаш дома се враќам разочарана иако претходно сум била на забава, сум играла,сум била насмеана ,сум пеела и сите мислат дека се е во ред ама тоа е живот
еве јас сум сингл векје подолго време и не сум срекна поради тоа...на секој во животов му треба сопатник
Разумот сака едно, срцето нешто скроз друго.. звучи како старомодна изрека од филм, ама тоа ми е ситуацијата. Разумот ми вели дека сакам да бидам сама, да се впуштам во различни авантури и да доживеам нови работи. Сакам да бидам слободна, да ги искористам предизвиците на независност, сама да бидам одговорна за себеси. А моето срце? Како да објаснам што тоа сака? Сака да биде задржено и заробено, маѓепсано. Сака да бидам зависна од друг. Сака внимание од луѓе што се тотално погрешни за тоа, ама знам дека ќе биде повредено на крајот. Затоа во моментов уживам во синглс статусот, што полека ми станува начин на живот. Можам да живеам и уживам без да зависам од друг.
Уживајте во тоа што го нуди статусот Сингл а не можете да го добиете кога сте во врска и ке бидете среќни со статус сингл
И да ви кажам среќна сум! Без партнер сум ама тоа не значи дека сум сама и дека не знам што да правам во животот! Напротив,постојано се дружам,весела сум,излегувам постојано едноставно си уживам во слободата и искрено гледам максимално да ја искористам..во врска кога ќе стапиш сакаш нејќеш ке те стегнат некои слатки маки..вака либерте бе брат! љубовта ќе си дојде..
Сингл сум веќе подолго време, и воопшто не ми пречи тоа. Ако сум сингл не значи дека ќе сум осамена, без излегувања итн, туку напротив, воопшто не сум осамена и дома не сум прибрана така речено И да среќна со статус сингл сум особено кога ќе видам некој пар што нит се тера нит се влече, па тогаш уште повеќе сум срќна што сум сингл.
сингл сум 7 месеци и супер ми е.Никогаш посреќна и позадоволна не сум била.Спокојна сум и мислите ми се свртени само кон другарките и искачање,журки и школо не планирам да го сменам статусот сингл во скоро време.
Не. Не сум. Посебно од кога го доживеав понеделникот,кога ми се вратија сите тие убавини кои ги носи врската и постоењето на маж до тебе. Не сум,не бев и нема да бидам. Не толку сингл статус колку никој да не сакам. Тоа е она што ме прави несреќна.
не ми треба машко да сум среќна! баш вака ми е многу поубо кога глата ми е рајат.ич не се замарам дали ми се јавил или не...едноставно не му се мислам ич.како шо сакам така си живеам
Ауч! Ова сум го пишала во друга тема , е сега кога ќе подразмислам и да не се замарам многу дека сум сингл, ама си викам во одредени моменти можда поубаво ќе беше да не бев сигнл? Среќен може да се биде со ваков статус, барем јас можам, ама ако љубовта не ти е приоритет т.е во преден план, ако најдеш други занимации, преокуапции, обврски, учење, ќе ти фали некој дел ама нема многу да се замараш иако сите овие работи се прават и кога не си сингл само што одвојуваш повеќе време и за друга особа што ти значи. Поарно да сум среќна со статус сингл, него несреќна во врска.
Среќен можеш да си и сингл ако имаш луѓе околу тебе, а и во врска ако го имаш ''вистинскиот'' бидејќи џабе ти е врска ако не чини xD
Не би се согласила. За да бидеш среќна, доволна си само ти и никој друг. За да си среќна, не ти е потребно да имаш машко до тебе. И врската, и синглот си имаат свои убавини. За кого, како
зошто сингл девојка да не е среќна еве и јас сум сингл мозеби ми недостиа бивсиот но тоа не ми преставува голем проблем нашата среќа не е само во љубовта наша среќа се и семејството пријателите кариерата школата....
според мене нема ништо подобро од сингл Нема кој да ме контролира кај сум била,со кој сум застанала,од каде сум го имала овој,оној на фб,зошто не ми се испаѓа,да му раскажувам цел ден што и како сум правела и така натаму...или пак да се нервирам он каде е дали е со некоја...не,не фала не ми требаат овие работи...имам време кога ќе се замарам.
Среќна со статус сингл многу поубаво ми е вака.Имав една не баш убава врска па бев подолг период сама па пак бев во некаква врска ама не траеше долго и дојдов до заклучок дека најдобро функционирам кога сум сама.