Имам многу пријателки што се сингл а се многу среќни,кога си зафатен мое мислење е дека немаш многу време да мислиш на такви работи пред 3 години и јас бев во таа ситуација,поради презафатеност од работата,немислев на ништо,откако ја променив работата имав повеќе време и тогаш си го средив животот
Why not ? Моментално сум среќна со статус сингл. Не е се во љубовта. Имам добро друштво, после часови сме в парк, петок и сабота навечер пак заедно.... Шубо ми е , не сакам да си се врзам, и тоа е обврска плус, вака ем со друштво, еме среќна, а ако си сингл имаш повеќе предности
Доколку ја немате видено сликава .. Се е точно . Бидете среќни додека можете . после ќе ве завати љубовта и нема да се одделите !
ниеден дечко не ми ја дефинира среќата, па така е и сега, сингл сум и нема зашто да не сум среќна. имам доволно луѓе околу мене што ги сакам и што ме сакаат и тоа е доволен разлог за среќа-чувството дека не си сам Being single doesn't suck. Being alone does.
Некој на ова може да се чуди, ама мене не ми е необично. Моја братучетка првпат фати дечко на 22 години и верувај надомести за изгубеното време. Луѓето се злобни и сакаат се да знаат, па ако немаш дечко знаат да прашаат -а зошто?Како божем нешто ти фали па немаш дечко. глупости. Јас не осудувам ако некој нема дечко или ако машко нема девојка. Сите сме различни.
Среќна, мн мн среќна иако понекогаш ми фалат моментите некој цврсто да ме прегрне и држи тогаш кога јас сакам, ама сепак сум срекна вака.
Сингл сум и сум СРЕЌНА! Навистина ме нервираат девојки кои мислат дека ако се нема дечко среќата е невозможна. Да, сите што сме сингл помалку или повеќе трагаме по партнер но некој кој навистина ќе ни се допаѓа. Лично никогаш не сум ги поддржувала врските од типот - Во врска сум колку да не сум сам/а Е сега не дека верувам во некоја вечна љубов од бајките но искрите мора да ги имаа... Да, сакам и јас да имам некој со кој ќе споделувам нежности посебно кога ќе видам некој среќен пар (барем навидум ) но изгледа ќе почекам за тоа. До тогаш се журкаме со друштвотоо
во дооолга врска...на моменти мислам ке експлодирам не дека не го сакам го сакам на некој начин но тоа не е тоа сакам сродна душа... таман престанав да верувам дека постои се појави некој ко да се залјубив и сега се ми е хааос у глава и сега ни со овој може да бидм оти имам долга врска тоа така не иде,ниту сум среќна во оваа за жал затоа подобро да си сингл отколку во врска што не функционира
Имам 16 години ,но пред една година го имав мојот прв дечко(врската не траеше долго) па од тогаш заклучив дека има време за се па сега не брзам воопшто подобро ми е вака ,многу посреќно се чуствувам безразлика дека моите другарки имаат врски и можеби смениле неколку дечковци.Не ги осудувам ,а ниту пак ми пречи.Не сум заљубена и подобро ми е вака барем сега за сега Во врска со слободата додека љубовта не не раздели
До пред едно 6 месеци бев во врска и раскинавме, па решив да неправам пауза (да пробам). И сега за сега е супер.
im single and im happy with it Mи недостасува моето друштво со кое можам да пијам и да смеам до утринските часови, Сакам да танцувам, да флертувам, да фрлам по некоја насмевка . да се забавувам, но зошто е толку тешко општеството да свати дека постојат личности кои што се сеуште сами и се среќни. Толку е едноставно се сакам самата себе си и сум задоволна од она што сум ,зарем е тоа толку тешко да се свати зарем не може една млада личност да ги прави работите што ги сака да напредува во кариерата и да биде среќна иако нејзиниот статус е сеуште ‘слободен”. Да, сите мои пријатели се во врска, некои добри некои лоши но се трудат толку многу окулу нивните врски да успеат, да ги прикажат во најдобро светло пред другите, постојано да нагласат дека тие се во врска и дека тоа навистина им годи, иако кај повеќето парови можеш од авион да заприметиш дека не постои никакава привлечност, ниту тема на разговорот немаат, но сепак тие се вбројуваат во некоја посебна класа која што незнам според кое правило е над оние што се сеуште слободни. Да, навистина луѓето кои што се во врска си даваат самите на себеси право да ви го упатат тој очајники поглед- “ооо уште си сам/а немаш некој/а” а ако на ова вашиот одговор е потврден, наеднаш тие се претвараат во специјализирани лица за делење совети за врски, љубовни проблеми и нивни решенија, тактики како да фатиш дечко/ девојка, а ако одговориш дека веќе имаш некој, тогаш не престануваат со прашања: Кој е ?Што е ? Што работи ? Колку време сте заедно и нормално пак совети.Еве некои од нив ; “ Мојот дечко ме има изневерено, но јас му простив- знам дека ме сака “ дали ова е совет ? Дечкото што изневерил ќе го направи тоа пак, само е прашање колкава будала си ти за да му дозволуваш да ти го прави тоа тебе, или едноставно се правиш дека никогаш не си слушнала дека секоја веќер го гледаат со различни девојки, едноставно му веруваш на својот дечко. “ Јас и верувам на девојка ми но сепак на почетокот од врската не можиш да си сигурен треба да внимаваш. Јас се распрашав за неа, знаеш секој има нешто што не сака да каже, и за секој случај ја натерав да престане да контактира со некои машки пријатели “-Ваквите личнсти треба да посетуваат психолог, “се распрашав за неа” не мислиш дека си дооволно зрела личност сам да можеш да ги процениш твоите пријатели, девојки, без тоа да биде основано на зборовите кажани од некој друг, згора на сето тоа да ги прекине контактите со пријателите. човекот ја наговорил девојка му да не збори со бившите а воедно и со се преостанато кое што има доволно години за да и се пушта што дефинитивно не е во ред ,а самиот си дава право да деле совети само затоа што нашол некоја која ја прифатила сета таа тортура и на некоја социјална мрежа има статус “ Во врска “. Но најомилено ми е - “ Понекогаш треба да попуштиш ако сакаш да го задржиш“ Да попуштам ? Да кога не сум во право, кога станува збор за некоја ситница на која што не и придавам значење. Но во преостанитет случаеви . . . Кога тој гледа фудбал со другарите а заборавил да ти се јави и да ти откаже, додека ти си потрошила три саати за да изгледаш посебно за него и седиш сета скоцкана и го чекаш? Кога не сака да излегува затоа што е премногу уморен. а после еден час случајно го сретнуваш во некоја дискотека, изговор другарите ме наговорија.Кога навистина ти треба а тој има многу важна работа- да се пијанчи со другарите. не мислам баш дека тоа е попуштање, но нив им е добро со таа мисла “попуштам за ова да успее “ Слободен/а не не можете да уживате во вашата слобода зошто секогаш постојат личности кои се во врска и се “над вас “и можат да ве критикуваат и советуваат за вашиот љубовен статус. Навистина постојат луѓе кои се слободни и им е тешко да најдат партнер но тоа не значи дека сме себечни, дека имаме премногу високи критериуми, дека бараме партнер надвор од нашите кругови, дека бараме нешто невозможно, ние едноставно бараме личност која што ќе може да не прифати онакви какви што сме со нашето минато, личност која ќе ни помогне да се соочиме со нашата иднина, која што ќе има разбирање за нашите глупости а воедно ќе биде дволно стабилна за да можеме да се потпреме на неа, пријател кои што ќе верува во нас. Ние всушност го бараме “другиот како мене “ но додека да го најдеме оставете не да уживаме во слободата.