Никогаш не можев ни да замислам дека некогаш ке го пишам ова но ДА после не знам колку години кажувам СРЕЌНА СУМ ШТО СУМ СИНГЛ. Доста беше веќе јас да бидам зафркната во секоја ситуација ) Преубаво ми е да не се замарам за некое детиште што не заслужува, си имам прекрасни другарки, можам да излезам без да се мислам дали ќе направам муабет со некој па после погрешно да се протолкува ( да се прави расипан телефон). Едноставно прекрасно ми е,се додека не дојде некој кој стварно ќе го заслужи моето внимание и љубов а се до тогаш Enjoy the single life затоа што цел живот понатаму ке треба да бидеме со една особа и да ствараме семејство Доколку ги имате правите личности до вас ( како јас моите пријателки) не ви треба ништо повеќе. - мој совет до сите вас
Јас сум сингл но не сум среќна, оние што викат дека се среќни сингл всушност лажат. Секој сака да има некој покрај себе. http://www.youtube.com/watch?v=-xJVm4Hr0tI
haha,i jas sum single i mozam da kazam deka mi e ubavo,sekako se zabavuvame so drugarkite,i tie se isto taka single no bi bilo ubavo da imas nekoj pred koj ke mozes da se otvoris.(mislam na licnost od sprotivniot pol).ne veruvam vo tie prijatelstva megu masko i zensko,sto mislete vie?!
Прво се извинувам за офф.. Зошто да не верувам во пријателства меѓу машко и женско? Зарем машките се создадени за да ни бидат само и само партнери во животот? Ако можам брат, братучед да гледам со други очи зошто да не можам да имам пријател од машки пол и да остане САМО на тоа. И да, имам таков пријател на кој можам да сметам кога ќе ми затреба, тука е да ме ислуша и да ми помогне, исто и јас за него...го гледам како најдобар другар исто како брат и навистина ми е глупаво кога ќе слушнам вакви коментари од типот ,, не постои машко-женско пријателство ,, па добро зарем сите машки што ги познаваш во животот ти се минати , сегашни или потенцијални мувачи и дечковци ? А што се однесува до темата, да среќна сум со статус сингл. Не е само врската единственото нешто што го прави човекот среќен, воглавно љубовта да...но ако зборуваме за љубов, тоа е веќе широк поим. Можеби ако пронајдам некој со кој би сакала да стапам во врска би го направила тоа, но да се преокупирам дење и ноќе околу барање на дечко, како да немам време во животот за тоа, како да ми поминале годините па ќе останам цел живот сама и среќата да ми зависи од тоа...не
хаха,не реков дека не постои-само,повеќе JAS не верувам. можеби така велам бидејќи имав еднаш другар(најверен) па бев на некој начин извисана. и да,не ги гледам сите машки како минати,сегашни или потенцијални мувачи и дечковци ,бидејки колку што знам ова страница се вика "среќна со статус сингл". можеби сите машки не се исти-но повеќето се.
Сингл сум и среќна поради тоа. Неможам, бар не сега да се замарам мене дечкото зошто не ми пишал, или јавил зошто оваа вечер/ден не со мене, каде е сега, зошто се налутил вака така... гајле ми е. Живеам како што сакам и уживам во тоа!
Искрено,во моментов баш и не сум среќна што сум сингл. Можеби затоа што и подолго време сум така...излегувања,другарки,никакви обврски се тоа стои,ама ми доаѓаат моменти кога навистина ми треба некој покрај мене. За се,ама баш за се.Почнувајќи од најобично гушкање, до разговори,секс....ама се што треба да споделуваат двајца!
Си го видов постов и се потсетив на овие времиња ... Моето мислење останува исто , би додала среќна со статус синг но не секогаш Ако имаш поголемо друштво , другарки кои се исто така сингл , пијанки , флерт , запознавања , излегувања се тоа изгледа као секс анд да сити стори и е прекрасно просто уште сега ти иде да прекинеш врска ама нажалост не е секогаш толку лесно . Ако прекинеш врска тогаш земи во обзир дека најверојатно си подалечна со другарките ако воопшто ги имаш отколку кога сите сте сингл . Доколку си ги вратиш твоите другарки или продолжувате не значи дека си ги загубила а тие сте зафатени верувајте нема да уживате . Нивните мубаети од типот леле душичка видите што ми купил , ќе одиме вечер ваму и ваму ќе бидеме парови ах бе мацо ќе те викневме абе ако сакаш ти дојди ќе бидеме парови ако не ти е непријатно ајде со нас и ти не фала. Ќе почнат да кукаат меѓусебе кој како ја изнервирал , ќе почнат да кажуваат за нивните добри и лоши навики ти си вонземјанот тука ! И уште неколку детаљи ... 1.Нема флерт (нели се во врска 2.Нема ни пијанки (како што некогаш биле ) 3.Не можат или не смеат да излегуваат сами , до рано сабајле пошто нели ( треба да полагаат сметка ) 4.Дечкото им е на ПРВО место 5.И оние што се сингл статус само прашање на време е кога ќе си најдат некого зошто да не се лажеме да ти дојде некој подобар тип сигурно нема да го одбиеш од прилината -ИЗВИНИ ДЕЧКООО ЈАС САКАМ ДА СУМ СИНГЛ ! Таков ми е филмот јеееа рајт Кога ќе почне секоја по свој пат сакаш или нејќеш остануваш сама . Така да муабетот ми е , се има свое време т.е свој рок . Предолго да бидеш сингл не е ок , исто како што не е ок да влетуваш од една во друга врска без размислување колку да не бидеш сингл . Јас неретко велам за да бидеш сингл денеска потребна е храброст . И им честитам на таквите знам колку знае да биде тешко .
^^ Kонтрадикторна си. Во првото мислење велиш дека ти си се нашла во ситуација кога си запоставувала или не си се јавувала, а веќе во второто се случува истото но на твоја сметка. Кој рече дека животот не е забавен?! Инаку супер е што си согледала дека долги врски завршуваат и се потребни пријатели. Денес тешко се склопуваат затоа што повеќето имаат дечко или форум. Затоа дугарство се одржува, барем еднаш неделно кафе со другарка и муабетење. Излегување еднаш месечно, односно лејдис најт. Зошто бе маживе не се жалат дека нивни другари ги одјебуваат заради девојките? Не дека нема, ама нивниот процент во однос на нашиот е смешен. Не го сфаќај лично, твојот случај го земав како пример бидејќи е точен, чест и непријатна страна од статусот сингл. Ти си го правела немамерно, сега твоите другарки го прават намерно или не. Нема крај.
^ Не знам како ме сфати ... Јас раскинав ги запоставив другарките за среќа на моја огромна среќа тие беа сингл и ги вратив успеав само не знам што ќе правев да имаа дечковци . Тоа ми беше муабетот , инаку сите што се во врска без оглед дали работат или студираат па и двете се нема толку време за да посветиш и на друштво и на дечко .Јас барем не успевам да бидам секаде присутна , ми се дешавало ќе излагаме правиме милиони планови со друштвото лејдис најт што ти викаш ај ќе пиеме , ќе правиме ова и ова . Ми се јавува дечко ми ми вика се договоривме парови да излагаме . Да те земам вечер накај 8 и јас знам дека ако јас го откачам автоматски тој останува дома , а настрана што ќе се потруди да ми го пререкува уште долгоооо тоа . Значи сум го правела тоа и ми го направиле . СЕ трудам колку што можам да одржам каков таков баланс да ме има и ваму и таму . Нe треба да се препушташ само на друштво или само на дечко . И едните и другите можеш да ги загубиш или да те откачат
^Колку само се пронајдов во твојот пост каде што зборуваш за ситуација кога ти си сингл, но другарките не ти се. Оние со кои некогаш се смеевте како недопечени, пиевте скриени да не ве начека полиција, секој ден се собиравте по дома на кафиња и си мечтаевте за симпатиите..... истите тие не те дружат на вечерно излегување веќе со месеци, кафе пиете еднаш во две недели, а за излегување ве бараат ако момчето им е втора смена на работа. И пак одите кај него на шанк. Тоа не значи дека ти се помалку другарки, туку само дека скалата на приоритети во животот им е изменета, а вие сте паднале неколку скалила надолу. И сфаќате дека и покрај тоа што некогаш сите сте биле со исти зелени умови, тие преминале на некое друго ниво, а вие стоите заковани на таа ваша сингл позиција. Што е уште пострашно, се чувствувате како аутсајдери кога ги слушате како си споделуваат искуства, а вас не ве вклучуваат во разговорот затоа што вие не ги делите истите искуства што тие ги делат... и автоматски блискоста ви се намалува. И жално е. И вие и тие го чувствувате тоа. Но тоа е едноставно така затоа што и да мислите дека по луда вечер во пицерија се‘ е по старо, за вас ноќта завршува под јорган планина, а за нив истата само што почнала со некој кој полека полека го зазел вашето место на нивната скала на приоритети.
Поединечно да не ве цитирам ќе напишам подолг и опширен пост надевајќи се дека моето искуство ќе послужи некому. Vendiii твојот пример го земав бидејќи одлично ја погоди суштината на еден куп женски пријателства што неславно завршуваат на подолг период. Има "лек". Откако сите или добар дел ќе поминат исто патешествие кога биле во врска и изгубиле пријателства, завршиле со неа и останале со прст во уста, веќе во наредна врска поинаку се одвиваат односи. Многу сме минале низ тоа и сме извлекле добар заклучок Во првата врска и јас изгубив контакти. Бившиот беше љубоморен, наоѓаше замерки на мои сингл другарки - како се облекувале што правеле кога излегувале, многу пиеле и слични муабети. Јас наоѓав начин односно криев (која глупача ) за да излегуваме во кафани и дискотеки. За кафе муабети по дома немав забрана, ниту барав дозвола. Но, обидувајќи се да постигнам факултет, дечко, домашни обврски и дружење со другарки, очигледно дека негде кикснав. Јбг вечно не можеш, а и немаш сила да се криеш. Продолжи мојата врска, траеше 4 години и заврши. Веднаш по завршувањето влегов во нова која траеше 6 месеци и колабрирав на приватен план. Се чуствував исфорсирано, празно и многу очајно. Немав другарки, односно имав ама од причини кои ти ги наведе, тие речиси не излегуваа. Е сега разликата е што јас вложив труд за дружба - криење, лажење и ризикување да не ме откријат. Од нивна страна добив ладен туш. Кога ќе иницирав да се оди на некое збиднување, журкање или кафе муабетење добивав бледи и бедни изговори. Се размислував некогаш да најдам замерка зошто сум одбивана, ама се откажав. Бев сигурна дека муабетот ќе се сведеше на "Никој не те тераше". Јасно е дека немаш фидбек, плус тоа нивните јавувања и за домашно кафе станува ретки, по одреден период тотално исчезнаа. Во ред, помина и тоа. Се јавуваш, иницираш, ти пукнува филм и престануваш. Мислиш дека нема крај. Зошто? Немаш прилики да запознаваш нови момци, ниту да се дружиш или журкаш со нови луѓе. На 20 години повеќето веќе негуваат стари пријателства и во нивни животи немаат простор за нови. Претпазливи се за стекнување доверба, како што си ти кога се работи за нови врски. Па затоа ти е смешно бркање на дечко преку фб, форум и други социјални мрежи. По одреден период, да бидам попрецизна тоа се три месеци се појавува другарка која доживеала исто фијаско како тебе. Bling - Bling. Во средно сте се дружеле, меѓутоа активно во градов од пиење не сте се отварале како зелки у ноември. И почнува дружба. Таа ти е се. Потпора, другар, позајмувач на пари кога немаш, слушател во пијано стање и понекогаш утрински трезнач. Со иста мера враќаш и ти. После година ипол двете влегувате во нови врски. Но! Бидејќи сте поучени од претходни срања и откачувања кога нечиј шупак е розев и себичен, не правите исти грешки. Продолжувате да контактирате. Ако не излегувате тогаш дома пиете кафе, се опуштате со винце, муабетите, трачарите за вашите мажи, за нови колекции, шопинг или одмарате во кафич со куп кеси. Излегувате веднаш кога некоја ќе се скара со дечко и, и заминувате во кафана за да се насмеете. Не седите дома со шамавчиња и трогателни муабети, односно не ја давите другарка ви заради глупи ситници бидејќи таа е веќе навикната. Знае дека утре ќе продолжите како ништо да не било. Знам дека навлегов многу офтопик и подобро ќе беше да пишувам на тема другарство и врска (ако постои таква), но тука се наметна муабетот, тука и ќе го завршам. Темава сигурно ја читаат феминки кои се на раб од завршување на врска и сакаат да знаат како е да се биде сингл. Би им препорачала пред да го официјализираат таквиот статус нека погледнат околу себе дали и кого имаат покрај себе.
Многу ми е смешно кога ќе видам дека некои девојчиња на мои години си ја лупаат главата од ѕид затоа што никој не ги сакал, немале дечко, она ова.. Па тоа е убавината на овие години, да уживаш да се дружиш, да се забавуваш. Се ќе си дојде со времето, тогаш ќе сакаат ова време да се врати и да можат уште малку да поуживаат и да се забавуваат без притоа да мораат да внимаваат да не повредат нечии чувства..
Оуу да! Сега да! По 8-9 месеци. Но подобро некогаш или никогаш, нели? И единствената причина што не бев среќна беше тоа што многу прашалници имав во главата, бидејќи никогаш веќе не зборувавме за нас, или за тоа што се случи. Сега кога фааајнали се случи, и знам се што треба да знам, додека ми објаснуваше, додека ги добивав одговорите кои тоолку многу сакав да ги добијам, сега се чувствувам како да сум се ослободила од голем товар. Конечно можам да гледам напред, да го гледам него со други очи, и можеби, со тек на време, да си дадам шанса да сакам пак...
Битното е да умееш да се носиш сам со себеси, да бидеш задоволен и среќен, а тоа да не ти зависи од некој друг. Убаво е да се биде заљубен навистина, убаво е да се има некој покрај себе. Но, неретко, поради погрешните избори, далеку подобро е да се биде сама, отколку со било кого. Среќна со статус сингл? хммм, па среќна сум секако, со било каков статус јас убаво ми било во врските, ама кога не идело уште поубаво ми било кога сум останала сама. Има девојки кои рипаат од врска во врска, без пауза. Јас неможам, ми треба време за себе, да си повратам се што сум дала. А имам приметено (бидејќи сум била во подолги врски од по 1год, 2) после ми треба година дена да се издувам, па да влезам во друга врска. Неможам да се сетам стварно, да сум била толку незадоволна од својот сингл живот, па да сум имала огромна потреба од дечко. Со сила љубов не бидува, а секоја врска исфорсирана од целта колку да не се биде сама, не е ни љубовна врска, туку потреба да се пополни празнината со било чие присуство.
Убаво кажано, се сложувам. Човек не треба да има комплекси. Има девојки што не можат сами, можаби бараат заштита, друштво, внимание. Јас убаво ми е во добра врска, ама кога ќе се ослободам од тип што имал сомнителни намери, е тогаш ми е исто убаво. Си викам “ууфф фобро е, реагирав на време“.
„Да си сингл не значи дека не можеш да најдеш некој туку дека не ти треба некој за да бидеш потполна и силна.“ До пред некое време се јадев зошто немам дечко си велев дека никој не ме сака, а еве сега дојде плоден период не можам глава да кренам од неколку машки што ме бараат за излегвање не е до тоа, него .. одев со еден, идевме 2 недели преку сила.. во таа врска придонесував само јас а тој речиси ич... јас го барав јас му се јавував, во целата приказна јас се нервирав, плачев.. а него му беше сеедно и затоа сакам да кажам дека сингл си е сингл.. ниту нервози ниту мислење ништо мирна главата
Точно, не значи дека ако си сингл немаш додворувачи. Има периоди кога ќе ти се стрпаат и те замараат неколку машки, ама што вреди ако ниту еден не ти се допаѓа .