Сингл сум и убаво ми е. Ќе се забавувам и уживам, не барам дечко, ако ми е пишано со некој ќе си дојде сам, вратата му е отворена, дотогаш убаво ќе си поминувам со некои други. Веќе имам додворувачи и фраери кои мене ми се на мета.
Иако во моментов не сум сингл, сум била среќна и кога не сум била во врска. Човек не смее да дозволи сопствената среќа да му зависи од некој друг.
Сингл сум и среќна сум. Верувам дека се’ се случува кога најмалку очекуваш. Двете страни си имаат свои убавини. Нашата среќа зависи исклучиво од нас самите без разлика на љубовниот статус.
Сингл сум подолг период и баш ми е убаво дури неможам да опишам колку ми е вака поубаво отколку коа сум била во врски. Дефинитивно среќна како сингл лејди
Среќата треба да ни зависи од нас Пресно излезена сум од токсична врска и планирам да бидам подолго време сингл, да работам на себе, едуцирам, социјализирам, повторно пронајдам и надоградувам. Не дека не би била среќна во врска едноставно не би можела да се посветам на некој во моментот. Инаку сум пресреќна
Порано мислев дека среќата доаѓа со некој друг поркај себе.Сега мислам дека е само дел.Сама сум веќе 4 години,се осеќам убаво и се фокусирам во моментов на факултетот и на себе си.Морам да признаам дека не е дека не би преферирала да имам дечко бидејќи сепак тоа чувство е убаво да имаш да делиш со некој голем дел од тебе,некој со кој ќе можеш да збориш се....работата е тоа што ако бараш некој кој ќе ти биде и пријател и партнер е тешко.Секогаш можеме да најдеме некој 'дечко' за ден месец или година ама според мене треба и да се забавуваш.Иаме цел живот за љубов.Никогаш не е касно,се додека сме среќни.Кога ќе дојде,ќе дојде.За секоја тегла има капаче
Не сум среќна со статусот сингл. Мислам дека со правиот партнер и ќе осеќам иста слобода и све остало само со плус човек до мене кој ќе ми дарува љубов.Но.. среќна сум што не сум во некоја токсична врска или со некој кој не го сакам само да имам човек плус..за тоа да сум среќна.
Искрено, во најголем дел сум среќна што сум сингл зошто имав две долги врски веднаш една по друга и излегов толку уморна од нив, и од што толку се посветував на нив заборавив да се посветам на себе си. Ова си го сфаќам како вистинското време да надополнам некои работи што сум пропуштила, да работам повеќе на себе, да се вработам, да застанам на свои нозе, да уживам во слободата на тоа да бидеш сам, да се дружам.. и општо да си исполнам некои цели што си ги имам поставено. Си го доживувам овој период како период на рефлексија, интроспекција, уживам во тоа да се излежувам во кревет и да си гледам филмови без да треба да зборувам со некого на фб или на тел, зошто искрено тоа го доживувам како обврска во моментов. Потребно ми е да сум сама. Можеби ми фали бившиот, и тоа многу, но размислувам дека еве и да ми се врати јас не знам колку би можела да бидам во врска во моментов. Не негирам дека во иднина може ќе се појави некоја личност што ќе ми го разбуди интересот, но не мислам дека тоа ќе се случи во скоро време.
По што читам тука сите среќни сте со статус сингл тоа значи дека претходно врските т.е со дечкото ви било катастрофа ..
Е не од што им било многу убаво во врската раскинале, па сега сакаат да се сингл. Во право си, многу арно не е на арно
Па сега добро, има и раскинувања поради различни планови за иднината. Не се сите раскинувања поттикнати од љубомори, тинејџерски драми и чуда. Во погорниот пример имале убава врска, се согласувале, имаат значајни спомени од истата. Тоа што во некој миг после 2,3,5 години од запознавањето им се раздвоиле патиштата, не го брише убавото време кое го минале заедно.
Да точно, има раскинувања и поради различни планови за иднината. Меѓутоа, кога си во врска моментот кога ќе сфатиш дека не си на иста фреквенција со тој што го сакаш, дека колку и да го сакаш нема да можеш да си него и дека ќе треба да продолжиш понатаму без него, сето тоа те прави тажна, незадоволна, полна со прашалници и те тера да размислиш дали воопшто некогаш ќе најдеш некој сличен на тебе, некој со кој би имале исти интереси. И затоа некој се одлучува дека подобро е да е сингл, отколку да е во врска со некој со кој воопшто не си одговара. Значи сепак и во ваков случај каде што станува збор за разделба поради различни интереси и планови нема да ти биде сеедно што ќе се разделиш од него, сепак ќе се почувствуваш тажна.