Ова не е квиз во кој ќе ги мериме вашите знаења, ова не е квиз каде треба да знаете која година кој бил претседател или да множите или делите. Ова е квиз за сите оние кој се љубеници на турските серии. Ако мислите дека знаете се за нив, тогаш да провериме. Се што треба е да ја одбереш твојата среќна коцка и да одговориш точно на поставените прашања. Кој кого бакна? Кој на кој му е непријател? Дали се сеќавате на старите ликови од досега емитуваните серии. Сите вие кој мислите дека знаете се за турските серии, тога ова е вашата шанса од среда па до недела во 15.30 можете да добиете награда без да се мачите. http://www.mkdinfo.com/?p=2167 што мислите за емисијава?добра е или.. ? -јас еднашка ја имам гледано и ми се допаѓа,забавна е!
Среќни коцки Ок е квизот, ама тоа со врелата вода не го разбирам. Става врела вода во филџанот и на него се појавува слика. Како тоа?
Кога ја видов рекламата си велам ај ќе гледам ама кога пуштив и видов кој стои на екранот ми се згади!! Мора ли бе човече секаде да се мешаш!! Не гледам веќе само глупости треска!!
Епа тие се такви филџани шо само кога ке ставиш топла вода,топло кафе ,топол чај ке се појавува сликата,а ако не ставиш топол пијалок нема да се појави.Мислам дека ме свати , така ?
не сум ама планирам... ама не верувам.. немам јас среќа.. :geek: ќе ми се падне нешто од две фамилии ќе се здрвам..
сега баш ја гледам емисијата,ја следам забавна ми е,но рече нешто интересно се барало девојки кои личат на хурем султан ,и да испратат фотографија и портрет оние кои личат на неа
Ау, значи покатастрофално нешто не знам дали имам видено на нашиве програми. Не сфаќам која е целта на ваквиот квиз, уствари одговорот е јасен = нема цел. Наместо да се реализираат некои проекти со кои би се едуцирале младите, наместо да се направи нешто со што би се нудело знаење, и слично, кај нас се прават некои си квизови за турски серии. Да не беше жално ќе беше смешно. Со ова само се затапува народот, ништо друго...
Се согласувам, самиот поим квиз треба да асоцира на нешто што бара знаење и интелигенција. А овој Драган Вучиќ ми е поим за простак, какви глупости тресе, на кое ниво му е изразувањето Јас го гледам само понекогаш за да го ругам, и најсмешно ми е кога ќе рече дека линиите се преблокирани и презафатени Сигурно, луѓето немаат друга работа па не може да се ослободат линиите од што се јавуваат
Нажалост, ама стварно нажалост така е. Одам кај моите еднаш и се утепаа вртејќи и никако да добијат. . Што му требаше ова, малку ли е труењето со турските серии, ама не е Драган крив, си нашол начин да си заработи, луѓето се криви што гледаат и вртат. Додека има гледачи ќе има вакви ср*ња.
Значи кај цело време има турски серии, па уште турското кафе и квизов фалеа. Мислам, браво. Подобро Топ Шоп нека пуштат, барем поинтересно е. Јас сакам Милионер! Ама очигледно премногу сакам. Тоа е минато определено свршено време.
значи кога имам време го подгледнувам квизов...ај да не речам го слушам пуштен ми е тв и си работам ама кога ке се јави некој како се нервирам како за него да ее цела емисија врска нема ке се јави не го знае она прашањето и си ќути си ќути не вика нз и ај помош и помош им кажува и пак ко замислени нз немам коментар јас да сум во режија би ги исклучила одма
Го следам и се мислев дали да се јавам.Ми се допаѓа како шоу иако има некои негативности.Баш тоа што е актуелно во моментот-турските серии.