Не, не е "тренди" да се оди по приватни лекари, туку некогаш е нужност која за жал е резултат на гнасното наше општество со ужасен здравствен систем. А побогу не знам зошто некој би носел логопед од чиста мира, и нормално дека ако сметам дека одредени доктори не се ок ќе барам второ мислење макар и 6 села поминала. Не знам како се дрзнувате да зборувате за изборот на другите кој воопшто не е ваша работа, па и уште “мамички”, а може навистина си имаат мака. Се согласувам дека не треба детето да трпи за мое задоволство, со раѓањето на детето приоритет е тоа, и колку и да се чувствувам истоштено и несреќно, х2 ќе биде така ако ја оставам сама, а знам дека тажи. Тоа оставање со баби и дедовци на долг период ми е многу несфатливо, прво од безбедносни причини, деца се, сешто може да се случи, а верувам дека немаат иста реакција тие како постари од нас (освен можеби тие што имале такви професии), второ сѐ што сакаш може и со дете да се прави, измислија антифони, колички, ранци за планина, седишта за велодипед, навистина многу работи се достапни за некои активности заедно да ги правиме.
Да, се сложувам. Мислев на тоа дека концептот "мајка" , емоционално , свесно, не го разбира. Оти ако е така, сите 100% бебиња кои се без мајка првиот месец дена се неповратно оштетени со трајно нарушено здравје, психа или се осеќаат несакани....такво истражување ако има, цитирајте, не сум запознаена. Мирис или не мирис, некој мора да се грижи за новороденото. Ништо страшно ако татко го стави на себе за момент при грчеви, за мајката да подише малку..
Не е мантра. Правило е. При нервозни родители - нервозно дете. При родители кои се надмудруваат - дете со прикриена агресија. При кавги- агресивно дете Страшна работа е домашната атмосфера.Влијае на потомството. Немора да се признае ама во подоцнежните години е видливо и немора признание ни кон себе ни кон никого. Едноставно СИТЕ го гледаат
Мене не ми се верува дека ова е контроверзна реченица. Јас израснав со мајка незадоволна од својот брак, нервозна од својата работа и која никогаш не правеше ништо за себе, никогаш сама со другарка не излегла. Исфустрирана на макс. Да, ни изразуваше љубов на мене и ма сестра ми, но не беше доволно за да ја прекрие анксиозноста од трескање врати и викања ради нејзини лични фрустрации. И ден денес не можам да изградам здрав однос со неа затоа што уште живее несреќен живот. И уште многу последици во мојот карактер. Така да, жал ми е, детето осеќа. Сопствената несреќа не можеш да ја скриеш пошто ти си му цел свет и конекција на тоа дете, и тоа осеќа.
Да, за ова реков дека веќе немаме „село“, освен мажот. Во ред е да се остава по малку, не одма по три саати и да рика, туку со навикнување, и да создаде врска и со другите, па ќе се осеќа сигурно понатаму. Во Митот на нормалното од Мате, самиот вели дека бил оставен од мајка му во време на војната, го дала на друг за да го однесе на безбедно место, имал 14 месеци. И до ден денес има страв од напуштање поради тј настан, кој вели му се врежал во нервниот систем. Не сакал да ја погледне со денови потоа кога дошла. Не е за ова темата, ова е многу поголемо, односите со партнерот, дрн, дрн... Сосема друга тема е.
Не можел како бебе да сфати дека мајка му морала да го остави за да го однесат на безбедно ама како возрасен човек може да сфати дека не бил напуштен и може да се надмине стравот. Прост пример, ако родителите те тераат да изедеш сѐ од тањирот инаку нема станување, може тоа да доведе до проблеми со храна во иднина, прејадување и слично. Ама веќе кога знаеш од кај е таа навика, возрасен си и имаш моќ да го смениш тоа. Значи да, одговорни се нашите родители за некои наши трауми, однесувања ама кога ќе пораснеме веќе ние сме одговорни за тоа како ќе се справиме (ова не се важи за насилство, било какво малтретирање психичко физичко, занемарување на децата, тоа не се простува)
Според него и неговите истражувања, траумата ни е врежана во нервниот систем. Дури и кога не памтиме ништо како бебиња, тоа што ни се случува е запаметено сепак и има понатамошен удел во нашето реагирање. Koга не размислуваме и едноставно реагираме на некоја ситуација, значи првото нешто што ни доаѓа. Да, нормално дека може да работи на себе и да се смириме и рационално да размислиме, со многу работа тоа се постигнува, но сака да каже дека траумата сепак си постои во нас.
Секој од нас има различна дефиниција за среќа. Тоа што мене ме прави среќна на друг не му е битно. Не секогаш среќни родители имаат среќни деца. Точно е дека исфрустриран родител не е добар пример за своето дете и секој/а од нас имал такви епизоди. Но добро е да знаеме која е причината за нашата несреќа и да поработиме на тоа, ама да не наштетиме на децата затоа што ним им сме најпотребни. Никогаш нема да сме спремни и со насмевка да ги дочекаме бебешките грчеви, скокови, регресии, тантруми и т.н, ама треба да знаеме дека тоа се само кратки епизоди кои поминуваат. Јас само би рекла: здрава и силна врска помеѓу родителите = среќни деца. И секогаш кога едниот паѓа, тука да е другиот кој ќе го задржи и крене.