Верувате ли во сродна душа дека постои за секого ??? А што ако никогаш не ја сретниме нашата сродна душа или ако ја сретниме но се откажеме од неа ?
Да, верувам, но еднаш прочитав: Нашата сродна душа постои. Но можно е никогаш да не ја сретнеме. Можеби умрела пред нашето раќање или се родила по нашата смрт.
Да , верувам дека за секој од нас има сродна душа. НЕ мора да значи дека сте исти, јас не го разбирам тоа така, туку како едно надополнување еден на друг. И мислам дека ја имам таа сродна душа
Сродна душа.... хмм... па јас не би рекла дека сродна душа постои само во љубовта - сродна душа може да си пронајдеме во некој близок роднина, пријател, сват и слично - едноставно кога си одговараш со некого, без разлика дали сте исти или тотално спротивни. Така јас си имам неколку сродни душички либето, една од моите братучетки, мојата другарка и старосватица, а тука ќе ги спомнам и мајка ми и татко ми А во однос на љубовта - нели е речено дека сите ние сме половина од едно цело и треба да ја пронајдеме другата половина за да се комплетира целината. Но како што рече Хипица - можно е никогаш да не ја сретнеме другата половина - затоа, направете некој да ви биде сродна душа!
Па верувам дека сите имаме сродна душа,другата половина од нас,ама исто како и другите девојки над мене,мислам дека се малку оние кои ќе си ја пронајдат...нивна среќа...дечко ми може не ми е сродна душа ама без него нема да ми е мирна душичката
Сродна душа мене ми е синоним за нешто идеално, совршено за нас. Верувам дека постои ама исто така верувам дека ретки се шансите да ја сретнеме или запознаеме
Еее,и јас ова се прашувам.Мислам дека мојата ја најдов,но беше веке зафатена од друга душа ,така што морав да се откажам. Мислам дека сродната душа е надополнување на самите себе,не значи дека ке биде потполно иста со вас,кога чувствуваш дека ве разбира што сакате без да го кажете тоа...Ама ако ни е судено да ја пронајдеме,тоа сигурно ке се случи,ако не како што кажа Анат,ке си направиме тој што го сакаме да ни биде сродна душа
Верувам дека имаме сродна душа затоа што јас мојата ја најдов " На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата. И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи, сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под сонцето ги има испишано една иста рака. Рака која ја буди љубовта и која создала една СРОДНА ДУША за секоја личност. Зашто без тоа ниту еден сон нема да има смисла. " Паоло Куељо
И јас сакам да си мислам вака, полесно ми е на душичката, што би рекла Samantha Sex&City - I have hundreds! Имам досега само една личност во животов со која се поклопуваме совршено, како плус и минус, го чувствувам као сродна душа, нема ден да не помислам на него, да не се слушнеме, но... според мене сродната душа е некој кој те храни условно кажано како емоционално, така и сексуално, во секој аспект од животот, а јас не ја чувствувам привлечноста под Б. Така да.... верувам во сродна душа, имам една ...полу-сродна душа
VERUVAM DEKA SEKOJ IMA SRODNA DUSA.JAS JA IMAV AMA MORAV DA SE RAZDELAM OD NEA SEGA NE ZNAM DALI NEKOGAS PAK KE BIDAM CELOSNA
Не верувам во сродна душа,особено не сфатена во љубовна конотација.Можеш и во пријателка да ја пронајдеш ако одиме по некоја линија на однесување,но заради романтичниот начин на размислување се поврзува секогаш со личност од спротивен пол. Не верувам реков,од било каков тип...може да се согласуваш со некого,да водите ист или сличен живот,но не значи дека е сродна душа и твое продолжение.Зошто?!Затоа што тоа укажува дека таа личност која трага по своето продолжение тн сродна душа е некомплетна,неисполнета,незрела и пред се,несигурна личност,па бара некој кој ќе и парира за да го надополни тоа или пак ги продолжи или да се поклопи со нејзините размислувања со цел да се оправда себе си. Нa теза го става и поимањето на љубовта.Љубовта не е вљубеност,љубовта не е нарцизоидност (ако веќе веруваме во сродна душа која моооора да биде како нас за да ни ги исполни критериумите),љубовта не е ниту чувство,значи не е мисловна именка,туку акција,покажување,ако мене ме прашувате,бар според мене,иако граматички неточно,е глагол.А во овој случај,е само некоја површност затоа што таа личност поседува карактеристики кои ние ги поседуваме или пак не ги поседуваме,а посакуваме,па ја сметаме личноста за наше продолжение,само со таква личност нашиот свет е комплетен. Со ваквата потреба по сродна душа може да се изгубат еден куп идеални кои можеби ако им се даде доволно време ќе се покажат можеби не сродни души,но сосема добри да бидат наш партнер и придружба до икс време во иднината вклучувајќи и брак. Премногу е романтична и нереална оваа замислам,превисоки се очекувањата...Имам една таква тетка која има 47 години и е немажена,зошто...таа вели,не можла да си најде сродна душа...и цел живот бирала и наоѓала маани и цееел живот зборува за таа сродна душа... Но,за среќа со текот на годините,луѓето стануваат (повеќето)позрели,попрагматични,па сфаќаат дека такво нешто не постои.
Верувам и знам дека ке ја најдам, еднаш утнав, еве сега и развод ке имам позади мене, али никогаш не губам надеж, знам дека постои човек што чека на мене сакам да бидам среќна, а љубовта за мене е голем фактор за среќа, ја не можам да живеам ако не сакам, е кога ке биде обострано и заслужи да му ја испеам You Give Me Something-Jamiroquai to je to
Верувам, јас мојата ја запознав и не ја пуштам од раце ... Тој е тој, мојот анима мунди што би рекол Паоло Коељо во Брида. Не случајно тоа ми беше првиот подарок од него-Брида. Уффф го обожувам !