Еве јас што мислам за поимот сродна душа. Нас не учеа дека постои сродна душа, таа една и единствена душа која е створена за нас, со која ќе бидеме среќни до крајот на животот и така натаму. Е сега, да е тоа така целата приказна ќе биде лесна и едноставна, меѓутоа многу луѓе го поминуваат животот чекајќи. Чекајќи ја својата сродна душа, и никако да ја сретнат. Или велат дека биле уверени дека некоја личност била нивна сродна душа, а на крајот од таа луда љубов му останало само лудилото. Јас бев исто една од оние кои верува во таква приказна, но животот и искуствата некако ме научија дека е поинаку. Сега верувам дека постои сродна душа, апсолутно. Но постојат сроднИ душИ. Најчесто тоа не е личност која ќе ни го разубави животот, туку која ќе не протреси и сврти спрема себе ... која ќе ни помогне да скинеме слоеви од себе... Личност која ќе не научи како да се справиме сами со себе, да се соочиме. Тоа се сродни души. Сродни души се оние кои ни помагаат да се спознаеме. Мислењето дека сродна душа е онаа личност од која имаме пеперутки во стомакот, која вас ви одговара совршено и не знам таму што , мислам дека е погрешно . Низ животот сретнуваме повеќе сродни души. Сродна душа може да биде вашата сестра, мојата пријателка која била 3 години во мојот живот ... а сега веќе не е. Било која личност со која сме се сретнале, сме се спознале, која ни помогнала да пораснеме. Има друга врста на сродна душа, душа партнер. Тоа е душа со која патувате заедно. Душа која ја живее својата цврха во животот, веќе спознаена и го живее својот живот преку вас. Партнер кој е свртен кон својот живот, го живее своето исполнување, која не се држи грчевито за вас, него е свртена кон себе и својот среќен живот. Ве препознала вас , како иста таква душа и одлучила да патува со вас.
А што кога ќе ви се појави сродната душа, се имате, заедно сте, знаете дека се сакате, ама кој е тој? Јас мислам дека во нашиот прв живот, сме сретнале некој, сме се заљубиле обострано и дека во сите наредни животи се бараме со тој, а кога некој ќе не повреди или ние него, тоа е карма, порано ние сме го повредиле или обратно, па ако не му простиме во тој живот кога не повредил, се среќаваме пак и обратно се случува. Исто така, гледано на работите, порано имало многу повеќе љубов и жар отколку сега, можеби тоа е поради моменталните, нови заљубувања кои тогаш биле потребни, а сега само се повторуваат, но дур се повторат, дур се најдеме, се повредуваме ние останатите. Затоа има и се понеуспешни и понеуспешни љубови, повредувањата и раскинувањата отсекогаш биле побројни... Не знам
Сродна душа ми беше и го изгубив.После него барам слични како него,со него имав се,љубов и една голема поврзаност.Ама не бидна.До ден денес ми е тешко кога се сеќавам на тоа.
Искрено се надевам дека постои,и се надевам дека еден ден ќе ја сретнам. За жал многу често веруваме дека некоја личност ни е сродна душа а потоа се разочаруваме. Така да никогаш реално не можеме да бидеме сигурни.
Читам што сум напишала претходно и се смеам. missfortuna, ако веруваш денес го имам истиот став како тебе. Најпосле, излезе дека тој наведениот не ми бил сродна душа, не сум го ни сакала (а сум мислела дека го сакам), што звучи многу необично. Јас во него видов дел од себеси што ми фалеше речиси цел живот, затоа толку се врзав за него. Ама денес знам дека сродни души постојат, и тоа не само една. Ама таа една што ја запознав е некој со кој сакам да бидам. Запознав дечко кој го сакам како што не сум сакала никој досега, ама за разлика од таа FotoLina3 од пред неколку години, не очекувам од него да биде совршен или да бидеме заедно како во романтичните филмови и што не. Не знам ни дали ќе бидеме и дали ќе останеме заедно "happily ever after", знам само дека во овој момент ми недостига и ми е жал што не сме заедно, ама што ќе се случи натаму, ќе видиме допрва. Се случува да заплачам за работи за кои не очекував. Ама овојпат, плачењето не ми тежи. Природно ми доаѓа. Знам исто така и дека се зависи од себеси, ако јас не одлучам нешто да сменам ништо нема да се смени. Навистина зависи од сопствениот труд, а не од судбината. Макар што некогаш кога нешто се менува во себе, се менува и од надвор. It's just the way it is. Знам и дека сите приказни за "вечна љубов" иако се некогаш вистинити, не се основа за барање љубов бидејќи романтицизирањето (така се изговара?) одредена личност може да доведе до сериозни проблеми. Еве едно видео кое може да помогне: Фала ти missfortuna, ако го видиш ова, да знаеш дека сега сум благодарна, ама исто така, се додека човек не го извлече самиот тоа што му е потребно од некое искуство, сите совети се џабе. Поздрав
Сите околу мене од колешките бремени.Сите тенџеренца најдоа капачиња, само јас филџан. Верувам дека постои сродна душа,тоа што силно го посакуваме и го привлекуваме но...тоа но
Не постои сродна душа , туку ке се најдат и ке си речАт ајде да се земиме од дома притисок вршат , демек сите пари по такси ги давале пффф
Верувам дека постојат сродни души. На некој начин, мислам дека за секој од нас постојат повеќе... Различни видови на сродни души. Луѓе кои ни биле странци и сосем малку сме ги знаеле, а од првиот заеднички миг како да сме ги знаеле 100 години, сме биле целосно свои, сме се смееле на глас ко никогаш дотогаш. Тоа се личностите кои од првиот миг ни влегле под кожа. Не секогаш со сите тие личности сме биле особено блиски. Може и да не сме имале љубовна врска. Едноставно доволна е таа приврзаност, блискост, таа хемија, таа енергија што сме ја осетиле, за да препознаеме еден вид на сродна душа. НО, сепак сметам дека имаме една вистински сродна душа, во секој поглед, поблиска и попосебна од сите останати, која би требало најдобро да одговара на нашиот карактер. Да се гледаме себе си во партнерот. Две тела - истата душа. И што е најбитно - да знаеме и умееме заеднички да ги решаваме проблемите кои ќе настанат, затоа што секако ќе има проблеми. ~ Можеби малку оф-топик: Што кога партнерот го смета својот поранешен партнер за своја сродна душа? Како што кажав и претходно - сосема во ред ми е, го прифаќам фактот дека поранешниот партнер е сродна душа. Една од многуте. Но, зарем е во ред местото на онаа најпосебната сродна душа (како што си ја нарекувам), да и' припадне на поранешната љубов? Ако е така, тогаш зошто сме продолжиле? Ако сме убедени дека нема да најдеме друг партнер со кого ќе ги делиме истите карактерни особини, истите размислувања и ставови... ако мислиме дека нема да најдеме попогоден партнер, тогаш зошто не сме останале со него? И ако веќе не сме останале со него, зошто тогаш упорно се држиме за него, зошто сме се помириле со тоа дека за нас нема подобра личност? Зошто едноставно не си дадеме шанса, зошто не го оставиме минатото настрана; да, сме имале личност со која сме биле многу, многу слични и погодени еден за друг, сме имале многу убави моменти, НО СЕПАК заради Х други причини не сме се пронашле. И сме прекинале. Тоа било најдоброто. Можеби заради тоа што го спомнав погоре - не сме умееле да ги решаваме проблемите, па затоа сме прекинале. Па и да е тоа така, нели е тоа знак дека има нешто подобро за нас? Нешто што чека на нас. Што ќе ни одговара уште повеќе. Па и да не е тековниот партнер новата-потенцијална-вистински-сродна-душа, ајде напред! Дружби, проширување на кругот, запознавање на нови луѓе. Пронаоѓање на таа искра. Па да вивне пламен! Да се разгори оган! Животот оди понатаму! Зошто го пуштаме животот да оди понатаму, а ние заостануваме во минатото?! Јас навистина верувам дека со вистинската сродна душа не треба да има нерешлив проблем. Секако дека во животот не тече само мед и млеко. Баш затоа поентата е покрај себе да го задржиме оној човек со кој ќе знаеме како да ги неутрализираме горчините. Нели?
Здраво. После долго размислување на оваа тема ме интересира ваше мислење, дали уствари на овој свет постои за секој човек сродна душа и колкави се шансите да ја запознаеме. Ви благодарам. Поздрав
Ова машка верзија на Рада Да , постојат. Многу, не една. Шансите да ги најдеш зависат од многу фактори, меѓу кои случајноста игра одредена улпга ( тоа судбина нели го викаат) Никој, ама никој не може да ни одговара 100%. Ниту ние некому 100%. Што побрзо го сфатиме тоа, подобро.