Сродна душа ама во која област?умствена,срцева или емотивна,или сексуална?сите три во едно тешко дека ке се најде,ако ви одговара умствено незначи дека и емотивно ке ви одговара,така да све е релативно,многу е битно ти што бараш кај партнерот?Ако си оформена личност и знаеш пто сакаш многу полесно ке го најдеш тоа што го посакуваш.
Таа сродна душа ти што ја идеализираш како и твојот ник е личност што ќе ти одговара карактерно и нема да се расправате многу и да се надополнувате меѓусебе. Не е нешто многу тешко, само треба да поминиш неколку патишта се додека се пронајдите, од прва многу ретко, инаку ќе се најди.
Јас не верувам во тоа дека "сродна душа" мора по дифолт да е партнер. Јас имам личности со кои премногу добро се поклапаме за мене тие се сродни души, од тетка ми, брат ми, братучетка ми, ујко ми, другарки две-три за мене тие се моите сродни души чии енергии ни се поклопуваат на едно совршено ниво. Единствено што се надевам дека таков партнер и ке најдам
Или си одговараш со некој или не си одговараш. Можиш да си оговараш со поќе од еден човек ама само со еден во дадено време и тој ти е „сродна“ душа во моментот. За да постојат сродни души ќе треба да вервам и во предодредена судбина, а во то не вервам. Така да вие кои осеќате дека сте ја изгубиле сродната душа, океј е, ќе најдите друга личност со која си одговарате и ќе ви оди. Ова неодамна го зборав со едни луѓенца, ова сродна душа се возвишува во период на војни и тоа е така зошто многу често во војни се губат луѓето, дали умираат, дали се преселуваат и бегаат и постојано трагаат по тој еден човек кој прв напрај да осетат пеперутки. И пошто немале официјален крај, повеќе бараат closure од тој човек, него да видат колку си одговараат со следниот.
Пред некоја година ќе напишев срцепарателен реферат за тоа колку верувам во сродна душа, но сега би завршила со едноставно ‘не верувам’.