Јас не се прашувам И така знам дека мојава душа дошла на светов некаде кај што не припаѓа, па сега за сродните ли да мислам.... То е.
abe vidi jas veruvam vo nesto.... hmm mi se slucija mnogu raboti sto ni na kraj pamet moza da ti padna ali... aj pisi mi vo poraka ce se pomuabetime..
Илузија е да мислиш дека постои, реално е дека не постои. Единствен исклучок за сродна душа би можело да биде само долгогодишно пријателство и тоа да произлезе клик од двете страни точно во даден период од животот и да премине во нешто повеќе (не зборувам за нешто привремено, туку свесноста од двете страни дека веќе се осознаени како карактери, имаат желба да се впуштат и да градат нешто заедно, итн.). Ама веројатноста за ова е сосем мала. Ја иступев, ама ајде.
Имаме повеќе сродни души (ако така можам да наречам луѓе со кои предобро се поклопуваме) и не само во облик на партнер во романтична врска. Нѐ има 7+ милијарди луѓе, смешно е да мислиш дека само со една личност си одговараш и само една е "створена за тебе". Верувам во тој "клик" кога ќе се сретниш со таква личност, бидејќи се осеќа како одамна да не се имате видено иако можеби прв пат се гледате. Вакви луѓе што би ни одговарале сигурно ги има многу низ светот, но среќни би биле ако барем еднаш го почувствуваме тоа со некој. Мене ми се има случено три пати досега, со партнер и пријатели. Неописливо чувство е, најубаво.
Не мислам дека постои сродна душа, постојат поединци што се сретнале на вистинско место, во вистинско време, и остануваат заедно како резултат на силни емоции, но и многу компромиси и искреност помеѓу нив.
Кога ќе се спомне сродна душа повеќето од нас тоа го поврзуваат со партнер, но сродна душа може да пронајдете во пријател, мајка, татко, брат, сестра или било која личност со која ќе ви се поклопат енергиите, карактерите, личност со фукционирате заедно како клуч и брава.
Сродна душа сум имал и пријателка (но ако сакав можеше да биди и нешто повеќе), реков нешто повеќе затоа што ако сакате да бидете поинтимни и вашата врска (моментално како пријатели) да прерасне во нешто друго треба да работите и двајцата на тоа. Инаку сродна душа имам пронајдено и во тетка ми, ни оди муабетот, размислувањата, поддршка итн.... не мора да значи дека секогаш е љубовна и романтична сродна душа.
Сродна душа? Шо е ле то? Се мачквит на леб? Шала на страна, не сум сретнала до сега во никој сродна душа.
Сродната душа не е само партнерот туку може и другарки, другари, личности со кои сте кликнале и не можете да го замислите животот без нив. А во љубовна смисла не сум сретнала сродна душа. Ако некогаш сретнам ќе ви пишам тука.
Луѓето мислат дека сродна душа е твоето совршено поклопување и тоа е она што сите го сакаат, да има вистина. Но, вистинската сродна душа е еден вид огледало, личноста која што ќе ти покажува се што те влече назад, личноста која ти дава внимание за да можеш да си го промениш животот. Верувам, но каде е? Знае ли некој каде e?
Верувам во сродна душа, но сеуште ја немам сретнато. "Maybe my soulmate died, I don't know, maybe I don't have a soul"
Сродна душа е уште едно од низата на New Age crap и не постои. Постојат 2 индивидуи што меѓусебно се привлекуваат физички, карактерно се компатибилни и имаат слични погледи на живот и светоглед со некои си одговараме со некои не нема тука никаква посебна филозофија и некаква врска со познавање на душите од некаков си минат живот или душа специјално дизајнирана само за нас
Верувам дека постои, а дали ќе се сретнеме некогаш со својата сродна душа е друго прашање. Можеби некаде во светот постои таа сродна душа, а ние да не се сретнеме со неа и да заглавиме попатно со некој што воопшто не ни е сродна душа.