1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сродна душа?

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 14 мај 2010.

  1. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    `секое лонче има свое капаче` јас мислам дека има некој шо те чека да ти покажи дека ти си таа, посебна, кој те прифаќа со сите твои маани и доблести, некој кој ќе направи се за тебе, уствари тоа што бараме тоа и ќе најдиме :) мое мислење
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    верувам и мило ми е што речиси едно гласни сме за темата ;) се надевам дека нема да згрешам и дека сум блиску до мојата сродна душа :) верувам дека за секого постои некого макар и километри да те делат ако тоа е твојата сродна душа ќе се споите никого неможе да го спречи тоа
     
    На FotoLina3 и Muchacha им се допаѓа ова.
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека постои сродна душа. За секого има некој кој е роден само за него :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Јас си ја најдов :inlove: Од првото здраво до последното Чао не постои нешто за кое не сме се согласиле. Бевме странци ко почнавме, а после еден час муабет го чувстувував како дел од себе. Ме подржува во се, никогаш не ме навредил, секогаш е тука за мене, исто како и јас за него. Кога ќе ме гушне се чувствувам како ништо од светов да не смее да ме допре и повреди. Ко им велев на сите дека ми е сродна душа се смееја, демек првична заљубеност, бракот ке смени се. Епа драги мои бракот не менува ништо за тие што си се најдени. Прави да се сакаме уште повеке и да сме среќни двапати повеќе отколку во врска. Мислам дека сум спремна да го дадам и животот за него, исто ко и тој за мене. :inlove: Никогаш не се откажувајте од љубовта, секогаш постои некој кој ве чека само вас. :*
     
    На мкд98, Umbrella22, FotoLina3 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    Верувам, и си ја имам одамна пронајдено мојата :inlove: :l: :$
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Верувам дека сите на овој свет имаме сродна душа,а вистинска среќа е да ја пронајдеме и да останеме со неа..
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Незнам дали верувам дека постои.Можеш во повеќе личности да најдеш сродна душа...со некој кој ви иде муабет,се согласувате скоро во се,делите исти мислења,сакате исти работи, па таа личност би ти била сродна душа.А кога се збори за сродна душа во љубовта мислам дека е различно.Сродна душа не е оној кој ќе се согласува во се со тебе,само ќе клима со главата,такво нешто не постои,ако некој ме убеди во спротивното ќе речам да вие сте сродни души.Така да според мене сродна душа е оној кој ти ја прави твојата душа комплетна,оној кој те исполнува,сака и цени без разлика на се.Кој ги знае твоите маани,а е спремен да живее со нив.Кој е спремен секогаш да те ислуша,утеши,секогаш да те прави среќен...онаа личност која прави да те боли кога заминува,личноста без која твојот живот не би бил комплетен.Според мене сродната душа се создава...се гради во текот на врската. :)
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Верувам дека за секого има сродна душа. Верувам дека дури кога ќе ја најдеш таа сродна душа ќе се чувствуваш целосно. Јас ја најдов мојата сродна душа но се исплашив зато што бев премногу мала и луда (ми играа бубачките тогаш) и ја пуштив да замине ..... Не верувам дека ќе се чувствувам целосно со некој друг како со него. Секогаш ќе ми недостига нешто. Но тоа е тоа. Живот иде даље. :)
     
    На Muchacha му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Па што знам, мислам дека не. И онака сега сум премногу мала за да мислам на тоа, со текот на времето и понатака во животот ќе видам. Можеби и ќе си најдам некоја сродна душа. Ама сега за сега не.
     
  10. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Постои ! Ама не ни е судена... за жал ;( ;( го испуштаме возот.. ;(
     
  11. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    ....Луѓето мислат дека сродната душа е таа што совршено им одговара, и за која секој би убил да ја најде. Но, вистинската сродна душа е огледало, личност што те тера да се освестиш за да можеш да си го промениш животот. Вистинската сродна душа е веројатно најважната личност што некогаш ќе ја запознаеш, оти таа ги урива сите ѕидови околу тебе и те зашамарува за да се разбудиш. Но да потрошиш цел живот со сродната ти душа? Не фала, нема шанси. Ти да ја трпиш таа мака. Премногу боли. Сродните души ќе ти светнат во животот како жарче само за да ти осветлат дел од твојата втора невидлива личност и потоа дим да ги нема.
     
    На Bubbi и peperutkaa им се допаѓа ова.
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас верувам дека постои сродна душа и како некои од феминките и јас ја најдов мојата :inlove: :inlove: :inlove: . Како што викаат старите за секое тенџерче има капаче :D
     
    На sonuvacka и mjauuuuu им се допаѓа ова.
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    постои јас мислам ако не постои не би никој досега стапнал у брак :D :D нели викаат ја најде сродната дуса хахааххахаха да го споделис твојот живот или така несто ахха :D
     
  14. mjauuuuu

    mjauuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    верувам дека постои сродна душа...иако сум многу разочарана од љубовта ;(
     
    На eleni23 и Muchacha им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    D. H. Lawrence имал теорија дека за секој човек на светов постои совршена втора половина. Ние сме јинг, а ни фали уште нашето јанг за да бидеме комплетни. Ми се виде интересна теоријава и секако дека некаде скриено, длабоко во себе верувам дека некакви силни природни закони функционираат на начин за да се пронајдеме со тие луѓе и да бидеме со нив.
    Не мора да биде тоа дечко, може да е тоа другарка, нели.
    Ама не знам колку е реално тоа дека навистина завршуваме на крај со нашата сродна душа. На почеток на секоја врска, секоја една од нас под влијание на чуства инклинира кон тоа да го идеализира својот партнер и сигурно на секоја од нас ни се случило она „ма ти не знаеш колку си одговараме“ а после некое време „ма бегај бре кој кретен искочи!“.
    Би било супер кога би ја пронашле и би останале до крајот на нашиот живот со својата сродна душа. Сепак бидејќи после многу години врска е многу побитно ШТО кој партнер е способен да толерира кај оној другиот, лично според мене сродната душа се сведува токму на тоа - до која граница можеме да ги толерираме недостатоците кај партнерот за да не го уништиме сопственото јас и секако - за да ни е убаво и да воспоставиме некаква хармонија.
    Скептична сум знам, ама не и тотален песимист. Сепак филмовите се, само филмови, а реалноста е малку поинаква, за жал.
     
    На 1209, eleni23, Sephora и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.984
    Допаѓања:
    4.839
    Пол:
    Женски
    Верувам дека има сродна душа за секој човек, најверојатно зашто јас ја најдов мојата, ама ја пуштив да си оди
    Не е се во сродната душа, има толку работи што може да ве поврзат, а една многу јака да ве оддели

    Дали знаете какво е чувството кога душата ви сака еден човек, а срцето друг?
     
    На Muchacha и tanja6 им се допаѓа ова.
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Аха да,сродна душа ми е додека не почне чорапи нечисти да фрла по ходник,да остава трошки на масата откако ќе се најаде...во тој момент сроден ми е само жучот кој ми прска од нервоза :D

    Секој сака да си пронајде некој на кој искрено ќе се ослони,некој кој ќе биде страствен љубовник,добар другар,верен сопатник.Јас верувам во искреноста,разбирањето,довербата и љубовта,луѓето со кои взаемно ги поседуваме овие особини се за мене сродни души.Што знам ова со терминот сродна душа ми е некако преисфорсирано благодарение на срцепарателните филмови каде што љубовта е совршена и победува се.Во реалниот живот е малку поинаква сликата.

    Убаво кажаа некои девојки претходно,не е само сродна душа некој од спротивниот пол на кого ќе му раѓаш деца, сродни души можат да бидат пријателите,роднините,нормално родителите,браќа,сестри...луѓе со кои комуницирате на заеднички јазик,со кои сте на иста бранова должина и пак ќе речам со кои споделувате искреност,разбирање,доверба и љубов.
     
  18. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    не сакам да мислам дека постои само една сродна душа,зошо ако е така е навистина нефер :) шо ако таа сродна душа ја промашиме и пропуштиме?или е веке зафатена и слично?подобро е да веруваш дека можеш да најдеш сродна душа повеке пати во животот :D и вистина е според мене,штом се заљубиш и оформиш врска со некого,таа врска трае подолго се прифакате и со добрите и со лошите страни еден со друг,можеш да поднесеш да му ги гледаш валканите гаки у кош и собираш шо расфрлал,значи тој човек е твоја сродна душа ;) шо не значи дека неможе да биде и некој друг.
     
  19. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    Верувам дека постои и тоа не една туку повеке сродни души сега зависи дали ке налеташ на вистинската :D .. Важно е само да се согласуваат и тоа е се... И не треба да се брза ке ја сретнеме кога тогаш ;)
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    мислев дека ја најдов но згрешив за жал ;(