Постои да, моментално спие до мене мојата сродна душа. Можам слободно да кажам дека е потполно иста особа ко мене но од машки пол Едноставно се разбираме со поглед, многу често во исто време мислиме исти работи, имаме скоро исти цели во животот а и неколку пати ни имаат кажано дека наликуваме еден на друг и по физички изглед
Srodna dusa da postoi.No ako se najdete vo pogresno vreme so nea togas podobro nikogas da ne ste ja nasle.Postoi odrekuvanje od nea a toa ne e prijatno cuvstvo.-Bolno cuvstvo e toa zatoa sto ja posakuvate so seto svoe bitie no razumot veli NE------TI veke imas NEKOJ so koj si veke PODOLGO VREME a i TOJ isto taka.
А што кога онај со кој би биле сродна душа е забранет за вас? што ако и двајцата се надополнувате еден со друг.. сакате кога сте заедно.. едноставно ви е прекрасно кога сте во негово друштво.. го има се она што го барате.. и најважно од се и тој ги има истите чуства кон вас?? а неможете да сте со него бидејки и е бивши на вашата најдобра другарка која не сакате да ја изгубите...
до сега 3 пати мислев дека ја најдов мојата сродна душа, звучи неверојатно знам хехе но се некако се случува погрешно и на крајот завршува катастрофално верувам дека постои,па се надевам дека ке си ја пронајдам наскоро мојата сродна душичка
Јас си ја најдов мојата сродна душа. Со него сум 5 години и што се не сме поминале заедно. Никогаш не помислил да ме остави ниту пак јас него. Во секој можен смисол се надополнуваме еден со друг. Без него сум половична, осамена, празна.. а и тој без мене. Само со него се гледам себеси во иднина. Тој за мене претставува: Пријател, љубовник, заштитник, ма буквално се што ми е потребно за да бидам исполнета и комплетна. Ние двајца сме две половинки кои заедно прават една целина. Не можеме да функционираме еден без друг. Со никој пред него не сум се чувствувала вака.
Ооо па вие веќе си ги знаете сродните души? Јас мојата ќе признаам дека ја имам по 50 години брак, ако зборуваме за маж. Под сродна душа не подразбирам само љубовен партнер, подразбирам токму тоа што кажала Пирамидка. Ваша втора половина може да е од едниот или другиот пол, пријател или партнер, близок или далечен.
Сигурно има ама ја немам се уште сретнато.... мислев дека ја имам ама погрешив се надевам дека повторно ќе можам го сакам тој што ќе го наречам сродна душа
Незнам дали сум ја сретнала мојата сродна душа. Ако зборуваме од љубовен аспект, имам убава врска со партнерот но не би сакала да избрзувам со заклучоците, сакам да оставам времето да покаже... Мислам дека ние двајца убаво се надополнуваме, и покрај некои недоразбирања секогаш успеваме да најдеме заеднички јазик.
Во денешно време не можеш да најдеш ни душа, а камоли па сродна Се шалам.. верувам дека постои иако до сега ниту за едно машко не сум помислила дека баш тој е мојата сродна душа. Ќе видиме за понатаму.
Сродна душа Дечки како да ја најдам мојата сродна душа во љубовта? До сега никој не ми бил сродна душа и после овој прекин со партнерот сакам навистина да се појави таа сродна душа. Не сакам пак да бидам повредена ! Доста ми е
Сродна душа Не можеш да не бидеш повредена. Животот е тежок пат и по тој пат има многу пречки. Така да и да го пронајдеш вистинскиот не можеш да бидеш сигурна дека и ТОЈ нема да те повреди. Живеј го животот во сегашноста, не мисли на иднината. Тој ќе те пронајде тебе кога ќе дојде време за тоа, а до тогаш уживај во животот.
Само право, па лево. Таму ќе ја најдеш. Шала на страна, имаш само 17 години. Да не те разочарувам (не сум јас многу постара од тебе и немам ни јас некое големо искуство љубовно), ама уште неколку пати ќе бидеш повредена дури не го најдеш оној вистинскиот. Затоа не му ја замарај многу и не тргај цртички колку пати си била повредена, па да знаеш уште колку ти преостануваат. Никоја од нас тука не знае какви планови кроел Бог за нас и колку личност треба да запознаеме дури не ја пронајдеме онаа правата. Не се фрлај во ПОТРАГА на сродна душа, затоа што не постои начин КАКО да ја пронајдеш. Живеј си го животот, излегувај со друштво и не му ја мисли уште од сега на сродни души и такви-ми-ти-ствари. Такви работи не се планираат. ЉУБОВТА не се планира, таа се случува
Според мене кога станува збор за сродна душа не мора да значи дека станува збор само за принц на нашиот коњ (овој де за принц на коњ) Сродни души може и да најдеме во пријателство секако. Имам животен пример за тоа што си имам една другарка сродна душичка ми е психички сме си поврзани и си ја сакам многу.
Обрни поголемо влијание на социјалниот аспект од животот ,мешај се со различни луѓе ,со тек на време ќе се најде некој најсличен на тебе...
Имам еден другар, најдобар другар уствари, и тој ми е дефинитивно сродна душа. Толку е интересно кога ќе се најде одредена особа што те потполнува.
Има читано дека некој грчки филозоф рекол вака: На почетокот на светот луѓето и боговите беа исти. Ама на боговите ова не им се допаѓаше па затоа решија душата на луѓето да ја разделат на два дела и да ја испратат на две спротивни страни. Моментот кога тие две делчиња ќе се пронајдат и ќе се спојат, ќе почуствуваат потполна среќа и хармонија. Е сега никаде не вика тоа е некој мушкарац во теоријава. Според мене сродна душата може да ти биде и мачката и канаринецот. Искерно скептик сум за сродни души. Дека јас и дотичниот ќе се видиме на железничка и ќе си се стрчаме во прегратки.......јес оф корс. А на куферите што ќе им правам? Ќе ги оставам некој да ми ги украде???? Не, не. Верувам дека можеме да најдеме некој кој карактерно ќе ни одговара во тој момент. Луѓето се менуваат, што значи тешко е да се остане со истата личност цел живот. Па уште цел живот да ми носи он на мене цвеќе. Ахам да. Ќе банкротираме првата година бре.
Абе сега .... верувам дека постои, колку и да изгледа самиот тој поим магичен или ко од бајките, итн ... сепак мислам дека секој човек си има своја сродна душа. И мислам дека ја запознава во текот на својот живот. Е сега дали ќе ја задржи или ќе му се промакне некако, тоа останува на случајот.