Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сродна душа?

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 14 мај 2010.

  1. MarijaVonTeese

    MarijaVonTeese Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Не верувам
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    По некоја теорија тоа би била твојата друга половина, една и единствена...и никогаш нема да бидете комплетни дури не ја пронајдете...Како ќе се препознае? Читам-силна поврзаност уште при прва средба, голема љубов каква што никогаш не сте доживеале, емотивна, сексуална поврзаност, исти интереси, разбирање со поглед...
    Зар тоа не го имаме најчесто на почеток додека се заљубуваме, додека сме со розевите наочари, па многумина од нас ќе кажат-ја најдов мојата...Оние што уште не кажале е само прашање на време...Зар сме сите толку среќни од 6 милијарди луѓе на планетава, нашата сродна душа да е баш во нашата држава, или нашиот град, глеј чудо еве ја спие до мене...
    Верувам во длабока емотивна поврзаност, во љубов што ќе те помести од место, во разбирање, слога, и сето она што го набројав погоре, верувам и дека може да трае долго, па дури и засекогаш, но не верувам дека тоа може да го имаш само со една особа, the one and only-my soul mate...
    Повеќе ми е како приказни за мали деца...
     
    На aprokovic и sweet25 им се допаѓа ова.
  3. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Па верувам ама не е лесно да се најде :)
     
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Порано верував премногу во сродна душа, бев убедена дека за секој постои некој кој му е сродна душа и дека до крајот на животот кога тогаш ќе ја сретне ...Но, моја блиска пријателка која беше прекрасна, исто веруваше дека ќе ја сретне ден ден својата сродна душа , а го напушти ;( овој свет без да го почувствува тоа... И од тогаш престанав да верувам , бидејки ако за неа не било пишано да го сретне, иако имаше дечковци, но збориме за сродна душа ( нешто посебно нели) Голема романтична љубов...тогаш зашто да верувам и да очекувам јас таква среќа....
    Сега единствено верувам во компромис...
     
  5. feminamk

    feminamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    20
    Има сродна душа за секој само треба да ја најдеш..:D
     
  6. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Како викаат - за секое лонче-капаче ;) Се наоѓа за секој по некого :)
     
  7. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    сродни души ги има ама многу е тешко да се најдат
     
  8. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    “Можеби нашите другарки се нашите сродни души и момците се само луѓе за забава” - Сексот и Градот :D
     
  9. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
  10. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Секако дека ДА,ама е тешко да се пронајде...а според некои уште потешко ако се изгуби.
     
  11. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека за секого има по нешто можеби не е една особа..ама имаа..:)..Jас си ја најдов мојатаа..^^
     
  12. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Верувам и тоа како :)
     
  13. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Верувам. Мислам дека на светов има многу луѓе со интереси слични на моите, вкусови и погледи кон светот.
     
  14. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Верувам и се надевам дека си ја најдов :inlove:
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Да, да и да. Постои ! :D Хм..ама дали некогаш ќе ја запознаеме.. !??
     
  16. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Верувам дека постои сродна душа, и тоа не една, туку повеќе сродни души за секого.И верувам дека судбината наоѓа начин да не спои со тие сродни души.Но, не верувам дека сродната душа мора да е од спротивниот пол.Мислам дека има сродни души кои се дел од нашето семејство, другарки, колешки...Најважно е да ја почувствувате блискоста со таа личност-некоја поврзаност да почувствувате иако не сте сигурни од каде доаѓа.Јас веќе си најдов две сродни души...Се надевам дека ќе има уште :)
     
  17. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Да, да и да. Постои ! :lol:
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Да, верувам...ја најдов!
    Не сум мислела дека ваква взаемна љубов и среќа ќе доживеам во животот, уште повеќе, не сум се ни надевала, ни мечтаела, ова е многу повеќе од сите мои замисли.
    После скоро 8 години, се радуваме на секоја средба, иако сме се разделиле пред неколку саати...
    Дефинитивно, ако постои нешто како сродна душа, ако со него си цело, а без него само половинка, ако ти треба до тебе да ти е душата на место, ако можете да се гледате со часови во очи без да си кажете збор и солзи да течат од силна љубов, тогаш да, сум ја нашла.
    Благодарна сум на животот и на бога, го сакам повеќе од себе, ме сака повеќе од животот, и секој ден ама баш секој ми кажува, покажува, докажува.
     
    На glosipgirl, baguf4e, rossonerka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Верувам дека постои. Не значи дека сите ќе сме среќни да ја најдеме, но постои. Има вистина во принцевите на бели коњи :) Познавам парови што се од исти град, а се сретнале во Америка додека биле на привремена работа и таму се запознаваат и основаат фамилии.
    Сродна душа или судбина..исто е . ;) Верувам во тоа дека некој ни го напишал животот на третата вечер од нашето постоење бидејќи еве јас лично бев вљубена во еден човек 11 год и направив се, апсолутно се што беше во мои сили за дда бидам со него. Што и да се случеше не се откажував, за на крај да сфатам дека не ме сака ни малку и да сфатам дека ако нешто не ти е судено, не постои начин да го имаш, па колкава била љубовта кон него.
     
  20. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.134
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Сродната душа е некој кој има брави што одговараат на нашите клучеви и клучеви што одговараат на нашите брави. Кога ќе се почуствуваме безбедни да ги отвориме тие брави, нашето најискрено јас излегува и ние можеме да бидеме во целост она што сме и да бидеме сакани поради тоа, а не поради она што сме се излажале дека сме. Секој ги открива најдобрите страни на другиот. Без оглед на сето лошо што се случува околу нас, со таа една единствена личност ние сме сигурни во својот рај. Нашата сродна душа е некој што ги дели со нас нашите најдобри копнежи, нашата смисла за правец. Ако сме два балона и ако нашиот животен правец е нагоре, тогаш постои веројатност дека сме ја нашле вистинската личност. Нашата сродна душа е некој што го донесува животот во живот.

    Не сум запишала од која книга е извадоков, |( мислам дека беше од Мост преку вечноста, ептен ми се допадна и затоа го зачував.
     
    На Libera и Wolf.girl95 им се допаѓа ова.