1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сродна душа?

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 14 мај 2010.

  1. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    се надевам дека имам сродна душа :)
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Да,верувам и ја најдов.
    Мислам дека секој си има своја сродна душа,само прашање е дали ќе ја најде?
    Јас сум среќна што ја имам до мене :)
     
  3. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Верувам дека некаде постои мојата сродна душа - можеби и поблиску од што мислам. Сепак жално е што многу малку луѓе ја имаат таа среќа да ја сретнат нивната сродна душа.
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    I don't think they make those anymore... :?:
     
    На IndieGirl и fashionista им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Налетав на една таква.
    Машка верзија од јас. Нормално не физички и нормално, one but not the same.
    Ради полот сме се искалиле со некакви си благи разлики.
    Чувството е дека се знаеме и дека нешто останало недоречено, несторено од некогаш, а како изгледа работава до сега, сите недоречености и све остало ќе остане за во нареден живот,ако мама девил реши дека ќе треба да се мучам во уште еден живот....ради лошотилукот мој.
    Телепатија има. Дури имаш и продолжување на муабетите што си ги правел сам со себе и него во глава,, сеедно бил присутен кога си ги правел, па дискусијата е каде што си застанал и нешто не си разјаснил.
    Во оние објаснувања во астрологијата, поради што ти знам каква поставеност на некои си планети, жабава низ досегашните многу животи, често си се среќавала со истите луѓе, наводно мои сродни души со кои или имам долга и мучна љубовна врска или си се одминуваме, т.е. бркаме низ времето и просторот.
    Па дури и долгот... мисијата ми била поврзана со љубов, разбирање и такви мити свари дрн дрн... со сродните души и остатокот од људито. А, реков шаман ќе бидам уште пред да прочитам тие глупости.
    Па ако ради оваа сродна душа не добијам мокша по овој живот, за во нареден му реков има да го убијам. Додуша, ако продолжи да ми ја вади душата во овој живот можда јас ќе му ја извадам неговата во 202Х :D
    Изгледа не е обавезително да си бидеш со сродната душа и да си живеете среќно и весело дур смртта не ве раздели или некоја нему посродна душа :D
    Сепак, мене ем мило-ем драго што го знам и што ќе си го имам за другар и што внуците ќе си ги покажеме преку камера ]:)
    Сакам да речам, глупости, ама ај.
     
    На green.eyes, crazylady, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Според мене постои, најдена е и не сакам да ја изгубам. :)
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Сродна душа ?!
    Веројатно сите сметаме дека е тоа личност која страшно наликува и потсеќа на нас(карактерно).
    Велат спротивностите се привлекуваат, но јас ќе кажам сличностите се привлекуваат. Ако беше теоријато со спротивностите точна, тогаш сите ќе одевме со модринки и ќе се расправавме на сред пат, оти нели секој си држи до своето кое е различно од она на партнерот.
    како и да е, според мене сродна душа не е личност која сака работи што и ти, која сака и ужива да го прави тоа што и ти... сметам дека тоа е душа која е многу повеќе од тоа.
    Душа која кога ќе се најдеш во нејзина близина ќе ја осетиш блиску до тебе, дел од тебе, ќе ти биде позната, нема да ја чувствуваш како странец, многу од работите кои ќе ги прави веќе ти се познати, зошто тоа е твојата сродна душа која е за тебе и ти длабоко во себе тоа го знаеш и го чувствуваш.
    Инаку сметам дека треба да биде личност која немора да ги сака истите работи како и ТИ(јас), туку личност која ќе има разбирање за тоа што јас го сакам и би дозволила да го правам тоа и да уживам без замерки - личност која ќе ме почитува.
    Личност со која и проблемите нема да изгледаат страшно, туку со насмевка, полека, трпеливо ќе се решаваат - стабилна личност.
    Личност која секогаш и при напнатата ситуација, нервозниот работен ден, задоцнетата плата, ќе дојде дома, ќе ми ја подари најубавата прегратка во која се осеќам заштитено и ќе ме баци - личност полна со љубов кон мене.

    Јас ја најдов мојата сродна душа. И покрај проблемите, тешкотиите, кој ги имаме и кои допрва доаѓаат јас знам, сигурна сум и спремна да го поминам животот покрај него.
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Можеби има некаде....можеби и ќе ја најдам некој ден.... а можеби веќе ја имам ... незнам
     
  9. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Искрено малку ми е смешно тоа што во секој одговор на темава прочитав ДА ЈАС ЈА ПРОНАЈДОВ МОЈАТА СРОДНА ДУША, ДА СРЕЌНА СУМ СО МОЈАТА СРОДНА ДУША,СЕКАКО ДЕЧКО МИ Е МОЈАТА СРОДНА ДУША, ВО ВРСКА СУМ СО МОЈАТА СРОДНА ДУШАА, НА СЕКОГО ПОСАКУВАМ ДА ЈА НАЈДЕ СВОЈАТА ДРУГА ПОЛОВИНА КАКО ШТО ЈА ПРОНАЈДОВ ЈАС............. ....................... бла бла бла блаааа!


    Инаку јас верувам во сродна душа, да не ме сватите погрешно и мислам дека за секој човек постои втора половина . Ноо , не ми е јасно како тоа сите ја нашле својата сродна душа..или секој дечко за вас е вашата сродна душа? Наредниот исто ке ви е сродна? И тој после него ? И наредниот и наредниот и тако даље!? Па нели една е сродна душа? Или сите не подразбираме исто под зборот сродна душа??
    И јас имам дечко и јас сум во врска па не лупам глава од ѕид дали ми е сроден или не.
     
  10. leptir1

    leptir1 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Па, постои само кој како ќе ја стретни или не ;)
     
  11. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Секој има своја сродна душа.Ама зависи кога ке ја сретне.Некој порано некој подоцна.
     
    На MarchelineAmaru и sakamdasumsreknabar1 им се допаѓа ова.
  12. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    Убаво си напишала дека секој има сродна душа,и јас мислев така ама гадно се зезнав
     
  13. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    да си само ти, арно ќе беше, многу од нас се имаат зезнато, на овој или оној начин?
     
  14. sakamdasumsreknabar1

    sakamdasumsreknabar1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    после толку години се у к....ац тоа е тоа и уште сум со него немошам и незнам дали ќе можам сама тоа е тоа а само сакам да сум среќна бар еднаш.леле иде мајкаму се исклучувам
     
  15. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    сите сакаме да успејме и само заради тоа веруваме дека секој еден што ќе се потруди да не влее доверба сакаме да мислиме дека тој нашата сродна душа..... сродна душа не верувам дека и башш има :?: затоа секој човек си е различен и секој различно се однесува на некои реакции, секој има свое мислење свои ставови така да не верувам дека може да има сродна душа кој ќе прави исто како и ти ќе се смее кога ти се смееш ќе плачи кога ти плачиш.... :| многу сме различни не само на лик туку и во душа
    бацки :*
     
  16. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Mi amore porfavor, Ах Саваш љубен мој најмил мој, Љубов моја Душо моја,розо моја.
    Ако размислиме малку трезвено,сродна душа па и нее баш така паметна идеа, не би сакала да имам врска со некој кој што е како мене.
    Да се поклопуваме со размислувањата, да имаме слични вредности, кога ке се разбудам наутро да бидам насмеана. Таква душа може секој да најде,но ова со сродниве души,премногу е искомерцјализирано премногу е искористено од писателите на ТВ новели, писатели на љубовни романи, па не ретко гледаме какви треба да бидат односите помеѓу двајца партнери токму од тие серии,романи.
    Не верувам во сродна душа,верувам во взаемно почитување,помагање и разбирање, се останато Однесено од виорот :D
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Сродна душа? Па штознам некако ми е ова ептен застарено. Особено поради тоа што јас мислам дека спротивностите се привлекуваат, некако ќе е досадно да бидат два потполно идентични карактери. Но можеби и да постои, не знам :?:.
     
  18. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Јас верувам во сродна душа. Значи според мене не е тоа некој што е идентичен како тебе и сакате исти работи и сл, туку тоа е некој кој те разбира пред се,со кој ти стануваш една потополна целина, некој со кој се чувствуваш целосно исполнето.
     
  19. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека сродна дуса треба да е слицна на карактер со мене,туку едноставно соврсено да се надополнува заедно со мојот карактер,а дали постои..не знам баш,постои некој со кој би можела да функционирам е ако тоа е сродна дуса тогас тоа е ахахаха
     
  20. bart.simpson

    bart.simpson Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    А дали мислите дека сродна душа се наоѓа само еднаш и ако таа се изгуби дека друга веќе не постои???
    Јас искрено мислам дека секој има сродна душа и може да ја најде ако се потруди, ама се разбира и да ја задржи.... Јас не успеав во тоа, па сеа незнам дали ќе имам веќе друга таква шанса... Што мислите вие???