Jaс мојата си ја најдов. Патем ,сродна душа не значи да бидете исти по карактер и да сакате исти работи ,тку да се согласувате и надополнувате еден со друг.
Многу важно е и взаемното познавање на партнерите и кажуванје вистината онакаква каква што е меѓусебна почит и разбиранје... Како мала верував дека постои сродна душа некој кој треба да има исти размислуванја и сваќанја како тебе и дека кога ќе го сретнеш вистинскиот едноставно ќе знаеш дека тоа е тој човекот на твојот живот ќе се вљубите до бескрај и ќе се сакате вечно... Но животот не е бајка...
Верувам во тоа дека сродна душа за секого постои,дека некогаш ќе се запознаат и нема да се заборават... Но во тоа некој да остане до крај со таа сродна душа многу не верувам,реткост е барем како што јас мислам. Но им се восхитувам на сродните души што останале заедно.
Сродна душа верувам дека постои за секој некаде таму.Знам дека кога и да е ќе се најдат сродните души бидејќи никој и ништо не можи против судбината.Помеѓу нив има необјаснлива нераскинлива врска која што е вечна.Неверојатна е телепатијата,како само со еден поглед,потег некој знае се за тебе,дали си добро или не. Јас ја пронајдов својата и себично си ја чувам и ќе си ја чувам засекогаш.Тој ми е се,секогаш до мене и крај мене и среќна сум што ја имам таа душа крај мене.Од секогаш сум верувала,верувам и ќе верувам во сродна душа
...тешка задача е да се пронајде задскриена сродна душа, особено ако се обидуваш да се сокриеш за да не те најдат лесно...
Не верувам дека постои сродна душа.Тешко е малку за верување дека има некој кој ќе ме разбира,надополнува т.е. ќе ми биде сродна душа.
Верувам .. Додека бевме заедно мислев сме еден за друг, ама ете ... сега не сме,а јас глупава уште мислам дека е моја душичка, без разлика на се -.-
Апсолутно сум убедена дека сродната душа постои. Секој од нас ја има, значи ја има за секого.Личност која е твојата останата , непронајдена половина, која те надополнува, и за тебе исклучителна личност.Но, во секој поглед. Некој рекол : '' Спротивностите се привлекуваат '' , но,мојата теза е поинаква. Таа е некаде , само можеби за некои од нас сеуште не дошол моментот кога би ја запознале. Тогаш можеби Вистински би поверувале.
Верувам дека постои. Но, сродните души не мора да бидат само во љубовна врска. Ете, татко ми го чувствувам многу близок и тотално ист карактер имаме. Ме чита од моите постапки, од начинот на кој одам, седам, од него е речиси невозможно нешто да се скрие. И јас исто, го разбирам него бидејќи исто размислуваме. И со сестра ми сум блиска, но таа не ме разбира секогаш, а тој да. Исто може и со другарка и со дечко. Ги немам искусено ни едното ни другото, се надевам ќе биде некогаш.