Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сродна душа?

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 14 мај 2010.

  1. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    мојата голема несудена љубов постојано ми велеше дека јас сум неговата сродна душа :inlove: ,ама ете заради предрасуди од страна и без наша вина не сме заедно ;(
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Порано верував дека постои сродна душа,но денеска не верувам све е интерес.
     
    На Westlife и Angel4eeee им се допаѓа ова.
  3. MorganMonroe

    MorganMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    42
    Не знам дали вистина постои. Сакам да верувам дека постои некаде тоа мало делче од душата, кај некој друг, што тебе ти фали. Јас бев сигурна дека пронајдов таква личност. Бившиот. И за жал сеуште некако како да мислам дека тој е мојата сродна душа. Не знам. Не сме заедно не поради тоа што сме се лажеле еден со друг или поради тоа што некој некого изварал туку поради тоа што сме биле претходно повредени милион пати и сме дозволиле се што ќе кажат глупавите љубоморни ништожници околу нас да ни ја загорчи душата.
     
  4. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Јас имав сродна душа, мојата најдобра другарка. Сега живее во странство, понекогаш долго не се гледаме, ама кога ќе дојде, времето поминато без гледање како да не постои. Секогаш е исто, секогаш сме блиски. За жал, иако за некои мажи мислев дека ми се доближиле или пак јас нив, сепак секогаш подоцна сме се оддалечувале. Женска сродна душа најдов, ама машка тешко.
     
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Незнаев дека сеуше постои нешто такво како „срода душа“ ? :?:
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Да ме прашавте пред година -две ќе речев Не, ама сега сум сигурна дека постои и се надевам дека ја пронајдов.
     
  7. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Е баш сродна душа неможеш да најдеш..можеш да најдеш некој што можеби умерно ке те сфати.
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    мојата сродна душичка ја најдов ама ја загубив ;(
     
  9. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Секако дека постои, на секого му стои таа сродна душичка само некој ја наоѓа побргу некој подоцна, некогаш се случува некој да ја изгуби заради гордоста или мислењата и влијаењата на други луѓе, се надевам дека повеќете од вас ја пронашле и ја имаат среќата што сите ја сонуваат :)
     
  10. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Јас ја имам пронајдено мојата сродна душа тоа е личност што ги знае сите мои проблеми од А до Ш секогаш е тука за мене ама баш секогаш кога ми треба совет, мислење а да не спомнам пак за дружба е малце е интересно како ја запознав тоа беше на нет на мирц уште кога имав 16год се запознавме во живо кога бев на одмор бидејќи сме од различни градови немавме можност да се гледаме често но до ден денеска сме во контакт. Судбината сака да не спои да бидеме поблиску па сега тој е на работа во ск а јас на факултет.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srci

    srci Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    0
    Верувам дека постои, само како што велат секој со својата среќа. Некој порано некој подоцна. Јас се надевам дека ќе ја пронајдам.
     
  12. sladok-bitola

    sladok-bitola Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    46
    секако дека постоти, ама тешко мие да ја пронајдам :)
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.607
    Пол:
    Женски
    Верувам дека постои и не мислам дека тоа мора да е дечкото на пример или сопругот, мислам дека сродна душа е едноставно како изгубениот дел од себе, можи да е брат, сестра, мајка, татко, најдобра пријателка и секако партнерот. Никогаш не се знае ...
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Може постои таму некаде и одеднаш ке се појави како во сериите,ти ќе му се онесвестиш на раце и така ќе започне љубов на прв поглед,интересно нели :rofl:
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.896
    постои но некаде далеку каде што тешко ќе ја најдам и дали воопшто ќе ја најдам..
    но дечко ми што ми е? :^)
     
  16. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Верувам и ќе верувам дека постои.Сродната душа е човек со кој си духовно одвнатре и физички поврзан,кој сваќаш дека е создаден за тебе ,а и ти за него и дека ќе остане секогаш на посебно место во твоето срце.Тоа е човекот што те исполува,те усреќува и без кого нема да можеш да живееш.Тоа според мене е сродна душа :)
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Верувам дека постои сродна душа.И кога помислив дека нема да ја пронајдам,се случи обратното,тој ме најде.Човекот со кој имам разбирање и доверба,потполна слобода,неизмерна љубов и убави моменти поминати заедно.На сите кои сте сингл ви посакувам што побрзо да ја најдете другата половина од вас.Можеби Дедо Мраз ке ви ја исполни желбата,па ќе ви го донесе дотичниот :inlove:
     
  18. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Сродна душа,тоа сеуште постои? :?: Веќе не верувам во тоа,кога неколку пати си се излажал.Денес луѓето не се такви.Само се мамат.Можеби некогаш,можеби некаде.Ама во моментов не верувам.Тешко по кизнеј кој пат да веруваш во луѓето и сродна душа
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    13.563
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова... Партнерот може да ве прави среќна, да биде човекот на вашиот живот, а сепак сродна душа да најдете во некој друг. Личност која во се ќе ве разбира и најверојатно ќе размислувате исто за речиси се, на кого можете да се доверите, безрезервно да верувате и да ви значи повеќе од се во животот, без сета таа романтика поврзана со тоа. Знам за една изрека: Не го сакам затоа што е убав, убав е затоа што го сакам. :D За мене сродна душа е душа која ќе ја сакаш баш затоа што е таква каква што е, а не затоа што е татко на твоите деца.
    За мене подобра врска е таа во која има компромиси, каде се адаптирате еден на друг затоа што гледате нешто во другиот што можеби го немате во себе. Партнерот да ве надополнува, а не да биде ист како вас.
    Се што ми се случува во животот сакам да го споделам со него, но тој не ми е најдобар пријател. Тој ми е поддршка, глас на разум кога тоа ми треба, со него можам да видам и друга перспектива на животот. Го сакам затоа што е различен, затоа што на секое тенџерче му треба капаче... :lol:
    А сродна душа ми е таа личност што ќе ми биде другарче во невоља до крајот на животот. :)
     
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    И јас верувам дека некаде во светот имаме срода душа, некој сличен на нас...
    Со слични стандарди, сличен стил на живеење, слични како личности.

    Не секој си ја наоѓа сродната душа, еве јас сум ви пример.
    Изгубена во просторот, а можеби и автобус ми ја прегазил.
    Ја нема, ама има време. :)