Да, верувам во сродна душа. Тоа е личност со која се надополнувате, личност со која можете да се разберете без многу зборување и чие присуство ви е пријатно...па со текот на времето функционирате како едно. Кога на на еден му е тешко тоа другиот го чувствува, кога едниот се радува и другиот е среќен за него, кога со еден збор може да ти го разубави денот, и кога и дури најмал гест ти значи најмногу. Битно е да се знае тие двајца што сакаат, а што не сакаат. Јас си ја имам покрај себе сродната душа, и си ја чувам, ја сакам. Тој ми е се
Сродна душа мислам дека постои да и таа е една и единствена друга во споредба со неа нема, лесно можеш да ја препознаеш само што не се знае кога ќе ја сретнеш ако еднаш ја сретнете верувјате уште првиот пат хемијата на љубовта рабти ќе ве маѓепса нема никаква споредба со тоа кока ви се допаѓа некого само кога ви се допаѓа, симпатија или т.н фаза на ''заљубеност'' ПА СО СРЕЌА НА СИТЕ ПО СРОДНАТА ДУШИЧКА
И јас имам вакво мислење,кога ќе ја сретнеш сродната душа мислам дека едноставно некако ќе ја препознаеш,ќе знаеш некако дека тоа е таа вистинска личност со која ќе го поминеш животот.
Јас верувам во сродна душа, отсекогаш верував и ја пронајдов Кога ќе ја сретнете сродната душа, ќе знаете веднаш. Со првиот поглед сите околу ќе исчезнат и апсолутно ништо нема да ви биде важно. Веднаш добивате желба да бидете со таа личност, вака или онака. Но јас уште од мала верував дека за да ја сретнеш сродната душа, прво - треба да ја заслужиш. Треба да се однесуваш добро и да не правиш зло, за Господ да те награди. Второ - треба да веруваш дека постои. Трето - треба да си го слушаш своето срце. Да не ги слушаш другите по никоја цена. Ако некој ти вели дека овој ти одговара, или дека тој многу те сака, а ти немаш никакви љубовни чувства спрема него, тој не е и НЕ МОЖЕ ДА СТАНЕ сродна душа. Бидејќи сродната душа едноставно Е. Колку пати мене сакаа да ми наредат овај или онај, но јас упорно одбивав, и сите ми се чудеа зошто си толку затворена, а јас едноставно не сакав да бидам со некој што не ме привлекува. И тогаш го сретнав него тој е апсолутно најпрекрасната личност што постои. Ми ги отвори очите, ме натера да сфатам колку всушност сум била затворена, ме направи посилна, ми го избрка стравот, што ли уште не. За жал, јас многу го повредив (многу бев горделива), па замешаа прсти „другарките“, и многу малку ми фалеше да го изгубам засекогаш бидејќи тој требаше да се отсели. Но јас се борев. Денеска сеуште не сме заедно, но поминавме многу тешки, напорни работи, прав пекол и еве сеуште се сакаме, дури и повеќе од порано. Едноставно кога ќе се сретнете, колку и да ви се случат тешки работи, колку и да пробуваат да ве разделат, колку и да правите грешки, колку и да сте оддалечени, сето тоа ќе го надминете бидејќи Господ одлучил вие да бидете заедно и Тој ќе ви дава сила да се борите еден за друг. Тоа е сродна душа. Не само некој што ќе те надополнува, туку некој без кого не можеш да живееш. Звучи клише, но вистина е. Баш ми недостига
Си ја барав како диоген со фенерчето и си ја најдов. Шала настрана, тоа ми беше период кога уживав во слободата и несакав да се врзувам за некој, убаво ми беше сама. Почнавме муабет на фб и некако многу се пронајдов во него, ставовите негови, понашањето. Како јас да се гледав во машка верзија. Пуста желба за мување не попушта ни кај мене ни кај него и се измувавме. Си мислевме и двајцата само ќе се муваме, нема ништо да има. Си се муваме така едно 5-6 дена и оп ете го ми вика "Јас сакам да ме смениш", си поќутев, после 2 недели ми кажува дека ме сакал, а мила е слободата... Го засакав и ја поле тоа па ете ни се прашавме за врска ни ништо, си одиме 3 месеци и си се сакаме.
За неколкумина во мојот живот мислев дека ми се сродни души, ама од нив ни сродни испаднаа, а ни пак души.. САКАМ ВЕЌЕ КОНЕЧНО ДА НАЈДАМ МОЈАТА СРОДНА ДУША, АКО ВООПШТО ЈА ИМАМ..
Многу малку работи што ги кажа овде се вистина. Некогаш можеш да се заљубиш во некого и да мислиш дека ти е сродна душа, па да се скараш за одредени работи бидејќи животот е малку покомплициран од што изгледа. И крај, не сте заедно! Кај ти е после таа сродна душа? Потоа ќе најдиш друг човек и ќе речиш дека тој ти е сродна душа. И до кога ќе одиш така? После тоа ќе бараш цело време сродни души, но ќе бараш тоа што во главата си го имаш замислено. Како прво многу малку луѓе се заљубуваат на прв поглед. На прв поглед нешто можи физички да те привлечи. Разлика меѓу привлекување , заљубување и сакање има. Од прв поглед на човекот не знаете ништо, па камоли дека со него ќе останете засекогаш. Како второ треба да веруваш во себе, во своите чувства и својот памет, а не да веруваш во некој замислен лик пр, принцот на бел коњ, во целосно издание за тебе стокмен, како што си го замислила од мала. Трето што има врска тука Господ, да не правиш зло, тој ќе те награди, Господ одлучил да бидете заедно и ред други работи што ги спомна, па оди за кауѓерка ко така. Те молам не треси глупости. Ти со својата памет ја одлучуваш секоја постапка што ја правиш во животот. Ти одлучуваш дали ќе правиш добро или зло, ти одлучуваш со кого ќе го поминиш животот. Слушај си го своето срце, но не значи дека не треба да да ги сослушаш другите кога ти даваат некој совет, сепак ако си разумена треба убаво да ги согледаш работите од секој агол, не се сите совети од другите лоши, ти одлучуваш за тоа што ќе го направиш на крајот, другите не ја прават одлуката туку ти. И за крај човекот за кои велиш ти е сродна душа, се сакате а не сте заедно, па како ти е сродна душа во овај поглед?
мојата сродна душа ја најдов кога најмалку очекував .. всушност тој беше тука секогаш но мене конечно ми текна да си ги отворам очите и да сватам дека тоа е всушност мојот најдобар другар
Сродна душа постои,но дали ја препознаваме,оти по дифолт тоа не мора да биде страствена љубов голема ,па тешко се препознава .Или не секој има сличен на себе ,и тоа е можно
Види вака, како што гледам, ти се раководиш според разумот, а штом вака пишуваш сигурно не си ја пронашла својата сродна душа. Се надевам дека ќе ја пронајдеш. Јас знам што значи да си умислиш во главата дека некој е принц на бел коњ, на 12 годишна возраст тоа го направив за еден идиот, и дури 3 години го сакав, за на крајот да испадне дека си фатил женска. И тој не беше од ист град како мене. Јас од таа случка научив многу, и после со текот на годините тоа веќе и го заборавив, па пак се заљубував и одљубував, ама никој толку не сум сакала како тој што го сакам сега. Па и никој мене не ме сакал толку колку што тој ме сака. Тоа јас го знам, иако сите ми велат дека сум будала, ама никој, ама БАШ НИКОЈ не знае што чувстувам јас. И да, знам дека е вистинскиот заради многу причини, а најмногу заради тоа што го чувствувам тоа. Не е се во тоа да има рационално објаснување, јас водејќи се според тоа многу го повредив, ама тој не знам како успеа да ми прости. И да, јас верувам во Господ, како мала не толку, ама сега да, бидејќи сум поминала низ многу тешки моменти, и понекогаш единствениот излез е да имаш верба. Јас Господ не го гледам како сите останати, ама тоа е веќе друга тема на разговор. И за крај, те молам да не си земаш за право мене да ми кажуваш дали јас си правам филмови или не, бидејќи сите тоа ми го кажуваат, ама никој не знае што навистина се случува. И постои љубов, ама ЉУБОВ на прв поглед, само уште не си ја доживеала. Нели велат дека првиот впечаток никогаш не лаже. А и плус, очите се огледало на душата. Ако успееш да видиш што има навистина во еден човек, каква душа има, од неговиот поглед, тогаш ќе знаеш. И никогаш немам погрешено во врска со тоа. А ти не можеш мене да ми кажуваш за нешто што не ти е познато. И баш тој што сега го сакам, иако е оддалечен од мене, го чувствувам како да е секогаш со мене, и ми дава многу мир во ситуации кога ми доаѓа да рикам. Е така. Јас не сакам да почнувам кавга, и секој има право да си го каже своето мислење, ама ти веќе ме направи будала. Јас не сум мало девојче Имам искуство иако немам толку години. А ако ти не сакаш да веруваш, тоа е твој проблем. Поздрав и се најдобро
Секако дека верувам во сродна душа,е сега прашањето е дали некогаш ќе успееш да ја пронајдеш ? “На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град. И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг‘‘
Да знам кај ми е сроднава душа.. На другиот крај на светот да е, одма еден билет зимам во еден правец. И не ја пуштам, па што сака нека биде.Е така.
Старите теории поговорки и реченици секогаш се вистинити и прераскажувани од споствено искуство. Сродна душа постои и секогаш ќе постои... да не постоеше никогаш љубовта немаше да биде љубов и најсилното и најмоќното чуство немаше да биде чуство и да продира длабоко кај секој човек во душата. Тука е и нашата скроена судбина и сродната душа која меша прсти во нашето исполнување кон животот. Сродната душа и всушност најсилната и најмоќната љубов во нашиот живот, човек кој уште од прв поглед ќе го сретнеш и ќе те обвземат емоции, човек што умее да те смее од душа, човек во кого се пронаоѓаш себеси како целина од само еден доволен поглед и воздишка, човек кој ќе те прегрне силно и ќе ти ја стопли душата, човек што ти е се и секогаш мислиш за негово добро..... човек што ќе се будиш и ќе се расонуваш покрај него...