Шишање го препорачувам дефинитивно, на почетокот мислев џабе ќе го гледам, детишта што се глупираат; скинхедси, нацисти, навивачи, хулигани- т.е филм со дегени, ама испадна крајот го краси делото.
Јагода у супермаркету Мртав ладан Кад порастем бичу кенгур Лепа села лепо горе Вратиче се роде (тоа е као мини серија со 25 епизоди) Ране Муње Чекај ме ја сигурно нечу дочи . - на толку ми текнува у моментов ама сите се :up:
Чудно но мразам српски филмови,имам гледано само 2-3 и толку,а не се ни трудам да ги засакам.Ги имам гледано само Зона Замфирова,Ми нисмо анѓели и мал дел од Ране.Можеби сум единствена?!
Сакам да гледам Српски филмови, интересни ми се, ме смеат ги имам гледано Ми нисмо анѓели Жикина династија (сите) Ко то тамо пева Исправи се Делфина Со Лепа Брена (незнам како се викаат)
Klip/Clip (2012) филмов за мене мозже да кажам дека не си заслужува толку реклама и секако дека може да биде и подобар... има мннн секс и многу бруталност ...алкохол ...дроги и тепачки... пораката која е дадена мислам дека не е целосна или дека и фалат мнн раб за да е целосна.. 4/10 е мојата оценка
Досадни биле, спрските филмови. Знаете што зборите, бе? Нив ги обожавам. Особено постарите. (југословенските) Филмовите, сите се да цркнеш од смеење. Ние сите дома, ги гледаме, сите можни српски серии, и филмови. Ќе ги напишам, тие што ми текнуваат во моментов: Незаменливата: Жикина династија, Отпишани, Ми нисмо анџели, Ко то тамо пева, Зона Замфирова, Ивкова слава, Хајде да се волимо. Парада, од поновите, исто така. Цркнав од смеење. А Караула, Шта је мушкарац без бркова, Она воли звезду. Mи се ептен познати. Ама не ми текнува, конкретно. Исправи се Делфина, е спрски? Ако е, и тој е многу добар. Има сите од горенаведениве да си ги симнам, и да си ги гледам. Единствено Битките на Неретва, Сутјеска, Хитлер брани Сарајево и таквите војничките не, само ги имам ѕирнато. Таквите само татко ми, ги гледа.
Се согласувам со елена дека српските филмови не се здодевни досега неколку српски филмови се сетив само на филмот Жикина династија (сите делови).
Од србските филмови ги имам гледано само : -Зона Занфирова -Жикина династија -Буре Барута ( или оргинал македонски Буре Барут,текстот е од македонски автор,а филмот е српски.) Интересни ми се српскиве филмови,посебно оваа Жикина Династија,на Зона Занфирова не се сеќавам убаво затоа што е имам гледано одамна. За Буре Барута би прокоментирала дека да се одело по оргиналниот текст,можело да испадит убав филм ама вака.Многу работи ми се испомешани.И го губи квалитетот.
По правило насловов на темава треба да биде југословенски филови , секако ако се мисли на периодот до 90 -тите ..
Небеска удица ,еден од подобрите србски филмови , и Лепа села лепо горе .А од сериите дефинитивно Жикина династија,најдобри се
-Зоне Замфирско -Село гори-баба се чешља Спојлер Или како што вика сестра ми: Баба си ја чешља -Непобедливо срце, мислам дека се викаше еден филм -Жикина династија -Пајо и Чкаљо (така се викаа мислам) Овие ми се најомилени!
Ќе кажам само дека Клопка заслужува да се гледа! Претерано јак филм и нема да зажалите ако го гледате. Исто и Лавиринт многу јако филмче. Топло ги препорачувам
Многу ги сакам добрите стари српски филмови..Многу имам гледано и некако додека ги гледам будат убави чувства во мене..
"Mi nismo andjeli", "Munje" и "Kad porastem bicu kengur" можам секој ден да ги гледам Други многу добри: "Crni bombarder", "Lajanje na zvezde", "Klopka".. Последен што го гледав, тазе српски филм "Krugovi", добар и го препоралувам да се гледа.
Се сеќавате ли на „Шеќерна водичка“, „Давител против давител“? Одлични филмчиња беа тоа. Всушност, сите филмови во кои играше Соња Савиќ ми се допаѓале.