Имам некаде спомнато дека Срѓан Тодоровиќ ми е омилен актер, по дифолт имам изгледано голем број на Југословенски и Српски филмови. Заедно со Небојша Бакочевиќ и Лазар Ристовски, мене лично ми се топ три актери од Србија. Преферирам драми или некоја комедија. Повеќе ги сакам оние снимани во периодот на 90тите, за разлика од поновите, но како и да е, во глобала не можам да најдам замерка ни за поновите. Прв филм кој го изгледав минатата година беше Sivi kamion crvene boje, и веднаш ми стана омилен. Ептен топла приказна прикажува, нетипична, но сепак Одлична. Како едни од подрагите би ги споменала и Apsolutnih sto, култниот Lepa sela lepo gore, Underground на Костурица, Bure baruta/ Cabaret Balkan кој е работен според драмскиот текст на нашиот Дуковски. Во текот на 2013 си зададов предизвик да изгледам барем 20 филмови од српската кинематографија. За среќа предизвикот го завршив успешно, дури бројката на крај ја зголемив дупло од зададеното. Ете ја (скромната) листа: Спојлер 1. Srpski film 2. Apsolutnih sto 3. Balkanski spijun 4. Lajanje na zvezde 5. Bure baruta 6. Crni Gruja i kamen mudrosti 7. Crni bombarder 8. Doslo doba da se ljubav proba 9. Mrtav 'ladan 10. Dogodilo se na danasnji dan 11. Ivkova slava 12. Kakav deda takav unuk 13. Ljubi, ljubi, al' glavu ne gubi 14. Lude godine 15. Mala nocna muzika 16. Montevideo, Bog te video! 17. Munje! 18. Potera za Srec(k)om 19. Lepa sela lepo gore 20. Ni na nebu ni na zemlji 21. Ona voli Zvezdu 22. Sektor 23. Nebeska udica 24. Jagoda u supermarketu 25. Tesna koza 1/ 2/ 3 28. Varljivo leto '68 29. Kako je propao rokenrol 30. Maratonci trce pocasni krug 31. Original falsifikata 32. Parada 33. Profesionalac 34. Sivi kamion crvene boje 35. Pljacka Treceg rajha 36. Tri letnja dana 37. Tri palme za dve bitange i ribicu 38. U ordinaciji 39. Zikina dinastija 40. Una 41. Underground 42. Ustanicka ulica 43. Cekaj me, ja sigurno necu doci 44. Rat uzivo 45. Mi nismo andjeli 1/ 2/ 3 48. Kad porastem bicu Kengur 49. Zona Zamfirova 50. Crna macka beli macor 51. Bal na vodi 52. Belo odelo 53. Nacionalna klasa Speacking of that, вечер на Канал5 во 21h. го има Crni bombarder. Предобар филм. Е сега трае повеќе од два часа колку што се сеќавам, ама вреди да биди изгледан. Ако сакате да изгледата некоја серија, би ви ја препорачала Cvat lipe na Balkanu, која пред половина година ме освои. Малечка е, има 13 епизоди, но многу убаво е разработена. Нема филозофирања и тупење, едноставна е. Работена е според Miris kise na Balkanu на Гордана Куиќ. Има и таква серија Miris kise na Balkanu (јас ја немам гледано), но колку што сум читала рецензии многу повеќе ја фалат првата. Невена Ристиќ (ја има и во „Соба со пијано“) иако толку млада, докажа колку многу може да даде.
Од екс-ју просторите секако дека србијанските филмови се најдобри, но тоа не е којзнае што, интересно е влијанието кое извесни дела на оваа кинематографија го имаа врз младата популација, на пример Ране, До Доске, Видимо се у читуљи и слични не-дела на транзициската српска кинематографија. Интересно е што изгледа кај нив нема средина, од една страна се одлични филмови како Убиство с предумиљшајем а од друга се купови бесмислени глорификации на дно персони од подземјето, сељачишта и дизелаши.
Вечерва на РТС1 околу 22часот ќе се прикажува филм во чест на починатиот актер Небојша Глоговац кој умре на 49 години,а познат е по серијата Бољи живот/подобар живот,а и глумеше во филмот на Раде Шербеџија-Ослободувањето на Скопје. Нека почива во мир.
Омилена српска серија ми е: -Бољи живот (Bolji zivot) Од српски филмови, како поинтересни ги издвоив: -Ко то тамо пева (Ko to tamo peva) -Јагода у супермаркету (Jagoda u supermarketu) -Жена са сломљенин носем (Zena sa slomljenim nosem) -Булевар револуције (Bulevar revolucije) -Балкански шпијун (Balkanski spijun) -Тито и ја (Tito i ja) -Специјално васпитање (Specijalno vaspitanje)
Кој сака одличен филм за едно турбулентно време во ЕX-YU му го препорачувам филмот :Дјечаци са улице Маркса и Енгелсa.
Го заборавив најдобриот од тие што сум ги гледала - Ивкова слава. Многу интересен филм. Добро одбрана актерска екипа.
И враќање на отпишаните♡ Препрејак филм!Го имам дома на цд♡ А,да не заборавам дека ми се допаѓаат и тоа премногу двата филма за Зона Замфирова♡
Стршљен, Ми нисмо анџели, Црни бомбардер и вториот дел од Како пропао рокенрол- Није све у љубави има нешто и у лови. Денеска по трет пат го гледав "Стршљен" и морам да признаам дека сеуште не можам да се воздржам а да не заплачам на крајот. Ви го препорачувам да го погледнете ако го немате гледано затоа што вреди.
Филм кој не ми здосадил „Маратонците го трчаат почесниот круг“. Сека, Бора и компанија се неповторливи, ненадминати феномени:
Има доста филмови кои би ги гледала одново и одново... 1. Шишање... - 2,3 пати го имам гледно 2. Кад пораснем бичу кенгур 3. Муње 4. Црни Бомбардер (ептен го сакам Драган Белогрлиќ) 5. Зона Замфирова (и Драган Николиќ, шмеќерот) - на памет знам што ќе кажат, ја имам гледно над 20-30 пати 6. Јагода у супер-маркету - 2 пати го имам гледано 6. Мртав ладан (на времето многу се плашев од дедото... Бррр...) - 2 пати 7. Ми нисмо анџели (сите три дела) - некој еднаш, некој два пати 8. Како пропао рокенрол 9. Маратонците го трчаат почесниот круг - неколку пати 10. Ко то тамо пева - неколку пати 11. Ивкова слава - 2,3 пати 12. Село гори, баба се чешла 13. Монтевидео - Бог те видео 14. Жикина династија (сите делови) - мнооогу пати 15. Тесна кожа (сите делови) - мнооогу пати 16. Хајде да се волимо (сите делови) - неколку пати 17. Парада 18. Сиви камион црвене боје 19. Лајање на звезде - 2,3 пати 20. Камионџии (Пајо и Чкаља) - и други со нив, ако се сетам како се викаат... Ќе пишам - 2,3 пати 21. Ране (на времето у средно ми беше врв, сега го надраснав... Хахах) - неколку пати 22. Грбавица 23. Пљачка Тречех Рајха 24. Полицајац са Петловог Брда - неколку пати 25. Госпоџа Министерка 26. Јесен стиже дуњо моја 27. Професионалац 28. До коске ---------------------------------------------------------------------------------- Омилени српски серии: 1. Андрија и Анџелка 2. Певај брате 3. Отворена врата 4. Љубав, навика и паника 5. Сречни људи 6. Бела лаѓа 7. Бољи живот 8. Мамини синови (оваа е нова)