1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Српски филм (A Serbian Movie) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од HeidiDiWalt, 9 ноември 2010.

  1. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    [​IMG]

    Режија: Srdjan Spasojevic
    Сценарио: Aleksandar Radivojevic, Srdjan Spasojevic
    Играат: Srdjan Todorovic, Sergej Trifunovic and Jelena Gavrilovic

    Пред некој ден го гледав филмов и никако да ми излезе од глава.
    Крајно контраверзен, болен, суров, первезен, шокантен, моќен...но сепаќ моќен.
    Штом остава јака импресија, макар и да е одвратна и болна- режисерот ја завршил работата успешно.
    Одлично направен и сработен, одлична актерска изведба и големо браво за Сергеј Трифунович кој ме остави без зборови.
    Иако перцепирањето филмови ми стана професионална деформација, и мислев дека ништо повеќе не би можело да ме шокира, сепак филмов успеа да ме натера да повратам пед да заврши...
    Мислењата се поделени...за некого е генијален за некого одвратен...
    Јас мислам дека е двете заедно.
    И секако мислам дека дека помали од 25 години не би требало да го гледаат филмот, посебно и големо НЕ за малолетни, поради можноста погрешно да ја сфатат суштината, (нормално и возразните можат), но кај помалите сигурно филмот ќе остави психички трауми..
    Нема да го раскажувам и да куцам спојлери, само ќе кажам дека филмот е психолошки хорор со порнографска тематика.
    Тема се снаф филмовите (порногравски филмови, строго илегални, во кои еден од `актерите` е вистинска жртва, која сексуално се измачува до смрт.) Таквите филмови одамна се снимаат, и за нав богатата буржоазија плаќа огромни пари за да ги задоволи своите болни и девијантни нагони. Жртвите се најчесто исчезнати деца, емигрирани проститутки или бездомници.
    Бидејки таквите видеозаписи се јавна тајна, и длабока табу тема, режисерот на филмот (а воедно и авторот) многу храбро -гласно за тоа зборува. Ја користи порно индустријата како метафора за секојдневниот работен живот, и тоа на што се е човек спремен за само да ја прехрани фамилијата. Воедно ја симболизира човековата заробеност во `системот`, манипулацијата која човек неможе да ја контролира од оние кои се на повисока функција од неговата.
    (метафора - режисерот врз актерот- шефот врз својот вработен)
    Се на се филмот ги има најексплицитните и грозоморни сцени некогаш екранизирани...така да би го препорачала само на оние
    филмомани кои умеат објективно да перцепираат филмско дело,
    имаат јак желудник,
    или се поврзани со филмската индустрија на било кој начин.
    ( филмот нуди одлична актерска игра, одлична фотографија, совршена монтажа и камера, прецизни кадри, супер музика ( на Sky Wikluh :inlove:)
    Да не го гледаат:
    Малолетни (ниту под една цена)
    Оние што сакаат лесни филмчиња, комедиички, романтични драми...
    Пречувствителни и гадливи...
    и милион останати кои имаат право да го исклучат на пола :)

    Предупредување: Филмот содржи девијантно ужасни сцени кои неможете ниту да си ги замислите!
    По одвратен е и од холокаустот...

    И сакам да слушнам мислења на оние кои го гледале...
     
    На Istata od vcera, trendafil1 и glow им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Мене ме заинтересира. Незнам од каде би можела да го симнам. Значи, не сум гадлива... Умеам да ги анализирам работите како што треба и незнам што друго. Јас сум личност во реалноста исто како што се прикажувам овде, нема криење и идеализирање на нештата. Хајди, ти мислиш дека јас би можела да го изгледам до крај? :wasntme: И ако може, преку ЛП прати ми линк за даунлоад :wasntme:
     
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    На zamunda.net го има. Го гледав 2 пати. Одвратно воодушевена сум од филмот. И јас мислев дека сум хардкор во врска со вакви филмови, ама...секоја чест, ова еднаш се прави. Баш ме интересира што ќе излези следно од овој режисер бидејки ова му е прв филм.
     
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Па јас го гледав кај колешка дома и го немам симнато, но мислам дека она од замунда го симна...
    Само внимавај, ако сакаш да ја уконташ содржината симни ја нецензурираната верзија...Цензурираната е многу нејасна и многу битни елементи се испуштаат, бидејќи секоја грозотија во филмот има своја причина за да се случи...
    И гледај го со друштво, јас не би сакала да го гледам сама :) Најди некоја имуна жртва за да го гледате заедно, и психички припреми се...
    Штом јас повратив пред последната сцена значи стварно е хард...
     
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    ми го раскажуваа филмот и ме заинтересира многу, а сепак сеуште се двоумам за да го гледам :tmi:
     
  6. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Поодвратен филм - АМИН!!! :puke: :x Ама сепак интересен и успеав да го изгледам до крај :!:
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Го има на Замунда? Сакам да го гледам, баш ме заинтересира. Сакам тешки филмови, поарно вакви реални отколку - пчелката лета од цвет на цвет и собира мед, и сите се сакаме, и цел свет е идеален :)

    Само едно потпрашање. Полош е од Антихрист? Во смисол потежок ли е за гледање?
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Дефинитивно да. Вода можи да му носи Антихрист. И јас обожавам психо и хорори. Сепак после ова дефинитивно ми се крена границата за добар психо. Да го има на замунда јас од таму го спуштив. :)
     
  10. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Значи, филмов не е страшен. Филмов е гнасен. Има разлика. И да, ова е реалност некаде, за жал. Убав е за тие што сакаат да видат каков е животот некогаш без цензура, и до кај може да не однесе алчноста, и желбата за пари.

    Него мене друго ме нервира. Зошто БУКВАЛНО секој филм што излегува од Балканов, е со цел да ја претстави црната ситуација на Балканов? Зошто едноставно неможи да се направи некој филм како рекламација за нашите земји и со тоа да привлечи гледачи да дојдат и да видат. Зошто неможи да се направи еден филм кој ќе ги претстави природните убавини во Балканов? Какви рекламации се прават на градовите од каде што се снимаат филмовите, секојдневно гледаме. Не вака, ќе изгледа некој странец филм од наша продукција, и кој впечаток го добива? Дека сме варвари кои уште не се мрднале од времето на војната. Дека овдека владее некој свет во кој што само лошото преовладува. Не велам не, но има толку работи кои што заслужуваат да одат во кадар, а не се.

    Заминав офтопик, ама се изнервирав, и морав да го напишам ова.
     
    На Markusa2, mimiiiii, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Да си ми жива и здрава.
    Секоја ебана тематика во српските, а богами и македонските филмови е иста.
    Војна, пост-војна, Тито и ју-носталгичарите, комунизам, сиромаштија, сиромаштија, беда и мизерни секс сцени и голотии, без нималку вкус.
    Преку таквото од ова, кога ќе ми речат тоа е реалноста ми се иде коса да си искубам!!! :devil: :@
    Може тоа е реалноста, ако живееш под земја како во Underground па не знаеш да разграничиш илузија од реалност.

    Он топик, не сум го гледала Српски филм, ми кажаа дека е претерано гаден и вознемирувачки, се мислам дали да си ја полнам душичката со такви гадости...
    Ако го погледнам секако ќе пишам критика. ;)
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Не душички мои вие сте ми во заблуда... :wasntme:
    Која беше мизеријата во Ми нисмо Анџели - на пример? Култен србски филм...србите имаат добра кинематографија, а и гро питки и (да не речам плитки) филмови.
    Па и нашиве мрдаат од мртва тока...-БалканКан, Ова не е Американски филм, Бунило итн...
    А конкретно за филмов -Нема врска со балканов!??!
    Затоа и е крајно ироничен насловот СРБСКИ ФИЛМ! :)
    Филмот е сет во метафори, и може да го сфати секој човек индивидуално...
    А тематиката... :) Да размислиме...
    Филмов е одлично продукциран скоро Холивудски. Сниман е на луксузни локации кои баш и не се балканско секојдневие.
    И која порнографска индустрија ја има србија??? (или пак балканот)
    Па уште така нормално прифатена, среќно семејство каде што таткото е порно глумец за да заработи :D
    Ништо слично на балканов...

    Мудро си мава режисерот таму кај што е најслабо.
    Американците ги создадоа Снаф филмовите, Американците се оние секогаш либерални без цензура и со хард кор филмови... Работава е `сакате болно, еве ви болно :swear: `
    Убаво си кажа режисерчено на пресот `траумите во нашата земја се појавија по бомбардирањето на нато`... е сега тоа секој го сфаќа како му чини...но
    да прочепкаме малку меѓу редови ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Ајде сус и двете - Тренди и Спаркс! Се шалам ;)

    Како и да е, не го делам мислењето со вас, за жал. Па Трендафилче за што да се прават филмови? Секоја кинематографија носи белези од земјата од којашто потекнува. Зарем очекуваш да направиме филм за тоа колку ни е се средено во државата, кога знаеме дека не е?
    Мене пак ми се гади од розевкасти, пуфлести, американски површни гомненици, да ми простите на изразов. Убаво ми се гледаат фини, шарени бонбочиња - џабе е се кога ќе сфатам дека внатре се трули.
    И знаеш што? Сите мои пријатели од странство дошле во Македонија, и се вратиле повеќе пати. А инспирација од каде? Од филмови како Пред Дождот, Буре Барут, Балканкан, Сенки....итн. Да не бројам. И сите до еден ми рекле - дека ја сакаат земјава заради тоа што на сите им е преку онаквото од средено, извештачено европско / американско општество. Сите ни ја фалеа природата, нескротена, храната превкусна... А нечистотијата? Речиси да не ја забележат! Затоа што беа воодушевени од луѓето, од гостопримливоста, од тоа колку напатената балканска душа знае да е срдечна и реалистична. И затоа и ги сакаат филмовите. Велат - вие и кога ќе ме отерате во ПМ, тоа го разбирам како комплимент.
    Тоа сме ние. Американците нека се бркаат со саати по улиците на Њу Јорк и нека се пукаат. Ние ќе се сексаме во шупи кои се распаѓаат на јамболијата од тета, пред миленцето од мама ;)
    Сепак филмов го немам гледано, ама не верувам дека сме единствени кои правиме вакви тешки, или како што велат некои кои го виделе, гадни филмови.

    Едит. Хајди ме настрви. Одма денес го симнувам филмот и едвај чекам да го гледам за да создадам свое мислење за него.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010


    Потполно си во право. Ова можеби се случува насекаде но мора тука на Балканов да го прикажат. Зошто на пример во Франција не е снимен, во САД, во Италија. Сите си прават промоција на своите земји а овој Балкан е познат само по негативности, па после туристи сакаат.
    Инаку поодвратен филм немам гледано од овој. Да му се згади на човек. не го препорачувам никому, а не за џабе е забранет во некои земји.
     
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Аманте веќе, не е хорор филмов дефинитивно, го разјаснивме тоа предходно! Тие што сакаат хорор ќе се разочараат. Така е категоризиран поради некои глупави Американски стандарди...
    Јас веќе си го категоризирав во првиот пост...
    психо-трилер со порнографска тематика! (со примеси на хорор можеби :D )

    Ух Пирамидке, Антихрист е `Алиса во земјата на чудата` во споредба со филмов...
    Верувај! :)

    ПС: Во секој случај ќе ви биде олеснето гледањето бидејќи сте веќе предупредени. Јас не бев и можеби затоа така шокантно изреагирав....
    (со повраќаници :$ )
    Само ве молам не читајте спојлери, ќе ви го за*бат филмот тотално. Водечката линија во него (која воедно е и најефективна) е тензијата и исчекувањето!
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Одиме офтопик, но ајде кога веќе разгорев дискусија, да ви го објаснам моето мислење... Значи јас не велам да правиме филмови, што ќе претстават убаво си кажа како бомбончиња, погрешно сте ме разбрале. Јас убаво споменав дека ОСВЕН такви, нас ни фалат филмови во кои што ќе се прикажат и светлите страни на Македонија, а не само она негативното она црното. Да, треба да се претстави како што кажа Трендафилка тој таканаречен андерграунд, но луѓе да бидиме реални, треба да се претстават и светлите страни.

    Настрана од тоа, филмов е добар, јас никаде не го негирав тоа. Само се изнервирав затоа што претходните филмови се вакви тешки, сега излегуваат такви, а верувам дека тоа нема да се смени за брзо време...
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    и јас ќе одам офф топик бидејќи не сакам да отварам нова тема, а станува збор за психолошки филм,исто како и за српскиов филм, затоа хејди форгив ми :tmi: :$ значи, обожавам психолошки хорори! дефинитивно SAW серијалот би го ставила на 1во место! а и филмов е полн со гадежи! јас не сум љубител на бизарни сцени со сечење прсти, органи итн... но SAW е нешто повеќе, т.е многу многу повеќе, од самиот филм, ќе извлечеш огромна поука да го цениш животот пред се! ете, тоа мене ми се допадна премногу! секој детал беше осмислен така паметно, што просто да те остави со отворена уста! за слаб желудник, преслаб желудник имам, но, со целата таа приказна со филмот, да ви кажам и се навикнав да го гледам без гадење!

    за српскиот филм- еден другар го има гледано, и ми кажа дека е многу глупав, смотан, и никаков филм, а тоа значи дека не му ја разбрал тематиката... други ќе ти кажат, уфф, супер сцени, измачување, кастрирање, значи пак не ја сватиле тематиката на филмот, само го сакаат ради хардкор сцените... тогаш повелете, хостел е за вас- филм без содржина, само со кастрирање |( психолошките хорори, со садистички сцени,се пред се премногу тешки за сваќање, така да пред да го гледате, размислете дали ќе го сватите- зашто
    1.- може ќе ви биде премногу мизерен и крајно грд впечаток да ви остави
    2.- може ќе ви се свиѓа само хардкор делот(го набројав ова и погоре)
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    Го гледав трејлерот... и НЕ, фала, многу крваво...
     
  19. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    СРПСКИ ФИЛМ (A Serbian Mouvie) 2010

    E баш така... Јас ги сфаќам луѓето кои неможат да го сварат (и сфатат) филмов...Неможам да ги сватам луѓето кои го сакаат само заради гадостите...
    Затоа и реков `Луѓе кои умеат објективно да сфатат филмско дело`...
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    23
    Ми го разкажуваа...И уфф погадно нешто не сум чула и ниту сакам да видам. :puke: