He, Не, не само за тоа што е гаден, ајде ќе се претрпи секој гаден детал на филмов, ако имаше поука, нешто вредно да извлечевме од филмов Ама такво нешто Нема, нема и нема во филмов! глупости, жива глупост бре, те молам ќе ми раскажива мене вукомир Спојлер најубав намаз за леб е сперма од монасите не знам од кај беа, помешана со крв, не знам што праеле тие мадињата си ги удирале да им тече крв, па го мешале со сперма па се чекало не знам ти колку време, најубав намаз за леб се добивало така нешто муабетов Ало со кој памет бре, режисеров нека се убие
Богами ова е единствениот филм што ме згрози до немајкаде. Намерно го гледав преку ден, не сакав преголеми трауми да си имам пред спиење. Но џабе, цела недела ми се вртеа сцени од филмот низ глава. Ма бре, погрозен и побрутален филм до сега немам гледано. Одамна беше кога го гледав и се уште кога ќе се присетам на самото име, се грозам. Лош филм, ептен.
Го имам неколку пати гледано. Не се грозам ич пошто секогаш имам на ум дека е САМО ФИЛМ и тоа. Се дешаваат онакви болни работи по светот, али се на се фала што видов до каде е спремен човечкиот болен ум да замине. Не знаеш еден ден каков човек ќе ти биде сопственото дете. И некоја мајка се радувала на тоа дете, за понатака да стане болен психопат. Не дај боже. Сега пак го гледав, и освен сцените нема некоја поука. Барем за мене.
Го гледав пред неколку дена, а уште не ми излегува од глава. Нон-стоп ми доаѓаат некои сцени пред очи.. Многу е грозен, одвратен, настран, крвав и не знам уште каков не. Не знам како само им текнало на вакво сценарио, не можам да си објаснам. Премногу експлицитни сцени, мислам дека можеле малку барем да затскријат некои работи, не е се' за прикажување. За повраќање не повратив, ама психички бајаги ме потресе филмов. Додека го гледав бев премногу згрозена и не бев во состојба да размислувам за пораки и метафори. Сега кога малку слегна и кога читам и други коментари, може да се каже дека го прикажува општеството на некој начин. Ама сепак, пресуров е филмов. Не е за секој дефинитивно. Кој не поднесува тешки психолошки или гадни, крвави филмови ич да не го гледа. За голотија и порнографија да не правиме муабет. Строго забрането за лица под 18години! Ма ни под надзор на родител/старател, никако! Од друга страна, како што станува збор за Балкански филм мислам дека режијата и глумата се солидни. Музиката исто така многу ми се допадна.
Филмот е одличен..... И треба да го погледнат сите "Принцези" зашто ова е реалност,вакво нешто се случува,не е измислено... На нас ни е одвратно што го гледаме,али пак ке кажам ВАКВО НЕШТО СЕ СЛУЧУВА ДОДЕКА НИЕ СЕДИМЕ И СИ ПИШЕМЕ КОМЕНТАРИ...
јас до овој филм стигнав ептен сличајно, не ми се спиеше и го пуштив, не знаев ни што има на цд то не па ли дека е ваков филмот, видов филм си го пуштив и така си лежам си гледам, се додека не ми се преметна желудникот наопаку, овој филм не треба да го гледаат деца, дефинитивно, јас што веке долго време не сум дете неколку дена по ред се будев со таа лудата сцена од филмот, и се ежев од помислата ууу колку е грозно, жално, сурово, и реално во исто време. Филмот сака да каже дека луѓето за пари се може да направат, како што режисерот за слава си го развил најгрозниот дел од неговата фантазија. не го препорачувам за глеање, е сега за ептен радозналите, и храбрите, не одговарам битно лошо лошо многу лошо, трауматично лошо
СРА*Е!! Срамота. Само не ми е јасно, што е она СРПСКОТО во филмот? Срѓан Тодоровиќ го сметав за врвен глумец, еден меѓу најдобрите во Србија, но после филмов тотално ми се промени мислењето. ОДВРАТЕН филм. Никому не би го препорачала да го гледа. Како може да е нормално новороденче да силуваш? ...сопствено дете?
Српски филм, Срѓан Тодоровиќ, Сергеј Трифуновиќ... мислев дека ќе гледам некоја добра комедија кад оно... Како прво насловот е тотална утка, не гледам никаква поврзаност со филмот. Подобро да се викал Family film ако се земат во предвид последните дваесетина минути, малце морбидно но некако поприкладно. А филмов според мене баш и не носи некоја поука, иако режисерот маки мачеше со критичарите додека ја објаснуваше пораката што сакал да ја пренесе. Вакви филмови од типот на Хостел и Пила не треба многу да ве изненадуваат. Овие работи се случуваат навистина во светот и многу филмови се базирани на вистински приказни. Масони, мафии, секти и што ти ја знам... богати психопати кои плаќаат за да гледаат и прават бизарни работи врз "обичниот народ". Фасцинантно е колку тоа може да еволуира човековата фантазија. За оние кои веќе го погледнале... Спојлер За пример од овој филм ќе ја земам онаа контроверзна сцена каде што е силувано новороденче, па луѓе не знам колку следите вести од светот но јас во последниве неколку години имам прочитано барем три случаеви каде татко си го силувал новороденото дете. Најчесто се работи за наркомани и растроени лица кои во моментот не се свесни што прават (баш како што е случајот во филмов) но сепак се случува тоа, се случуваат за жал и многу други грозоморни работи низ светов само што ретко кој режисер се осмелува тоа да го прикаже.
Мене искрено ме шокираше филмов? Не верував дека некој може тоа да го изреализира така..Болно е одвратно, кој сака нека каже дека е генијално сепак е одвратен..
Јас сум се од ова но сепак го пуштив филмов.. си реков, колку гаден може да биде ?(пред тоа читав дека бил прогласен за најодвратниот и најболниот филм).. кога пуштив неколку сцени, имав што да видам.. прво една сцена еден пар или што беа голи гледаа некое видео или филм, незнам што беше - па го потерав филмот малку понапред за да дојдам до "интересниот" дел и баш тогаш видов една многу грозна сцена, жена заврзана за креветот со лисици или синџири (незнам што беа) и овој ја е*и в газ и ја мава, а од што ја маваше имаше на неа црвени отпечатоци од рака веднаш го исклучив, и не ми паѓа на ум повторно да го гледам .. не разбрав дали има некоја поука или порака, ама изработката беше супер, секоја чест.. многу добро снимано, со таков квалитет можеа да направат прекрасен љубовен филм, но сепак ќе се зафрлеше во останатата толпа на класични љубовни филмови, а вака ете доби и титула (најгрозен филм), не е некоја титула, ама барем и во Америка слушнале за него
За мене поука од филмов ИМА! Прво на вакви филмови гледам како тест на сопствената психа. Зошто? Затоа што ако на некој (вклучувајќи ме и мене) му се пробудат чувства на задоволство и уживање при гледање на сцени од ваков филм, тогаш сметам дека најитно треба да побара стручна помош. Не сум читала критики за филмов и објаснувања од создавателот на ова дело, но претпоставувам дека како и во секоја работа некој ќе најде преносно значење поврзано со политика и некои други позадински поенти. Како и да е, јас ќе кажам како го доживеав од мој агол, настрана од гадењето и потребата од празнење на желудник долго после гледањето на филмов. За жал реалност е дека вакви појави, не на филм, туку постојат во вистинскиот живот. Тука спаѓаат инцестот, педофилијата, некрофилијата итн итн... Ова не е само дело на болна фантазија или фикција, него ова се работи кои болно се прават. Некој притоа ужива во сето тоа, додека на некој друг му се уништува животот. Пред да го гледам филмов само имав читано или слушано за случаи на таква злоупотреба како што имав можност сега визуелно да видам. Спојлер (дури и за такви кои сакале да имаат секс во око ) Мојот мозок одбива да ги помисли тие работи како воопшто би изгледале и најостро ги осудува, а после филмов има уште поголема причина најжестоко да се спротистави на нив. Таква поука може да произведе само здраворазумно развиена личност, кои за нажалост се помалку ми се чини дека ги има .
Абе србиве, се вакви болни филмови прават, и мојот впечаток за нив како целина е искривен можеби поради ваквата нивна смисла за уметност. Настрана турбо-фолкот кој е скроз оф-топик. За филмов, немам никаков коментар, се чудам која е поентата и се чудам од каде идејата и желбата на некој да режира вакво нешто... Точно дека е вистинит и дека реалноста не е розева, но доволно сме свесни за тоа,затоа и нема потреба на толку болен начин и толку апла да се презентираат нештата.
За чудо на youtube го имаше нецензуриран и таму го гледав. Ако не е пријавен и избришан поради експлицитноста на сцените може и сеуште го има..
Јас го гледав филмов и се згадив искрено одвратен филм ама србиве добро го одиграле стварно професионално.
Од филмов желудников уште ми се превртува. Ептен гаден(дури е и погаден од Human Centipade). Незнам како некој се нафатил да снима ваков филм .
Јас сега само што го изгледав филмов,и да ви кажам не беше нешто многу грозен.Не ме потресе нешто посебно иако да,се чувствував одвратно дур го гледав Дефинитивно режисерот е болен,и треба во најбрзо време да побара психијатриска помош,зошто ова,нема ни у од умотност како што е нарекувано.Ова е одвратно,болно,жално претставување на некои настани кои за жал се случуваат на балканот. Не го препорачувам за гледање,ама ако некој е ептен љубопитен,нека го гледа.Не е нешто посебно...
Јас на филмов се онесвестив! По гаден во живот не сум гледала!!! (Се извинувам, но јас се онесвестувам ако гледам вакви работи! )
Филмов може да се каже дека е одвратен. Не дека се гадам ама тој е збор што го опишува најдобро. Посебно за сцената со штотуку роденото бебе ... Немам зборови. Вистина тој што го снимал филмов дефинитивно треба да се лечи.
Срѓан Тодоровиќ ми е еден од омилените актери, па сакав да го дополнам списокот на изгледани филмови од него, со уште еден филм. Тргнав со таа помисла, пред да се премислам 100 пати. Читав најразлични рецензии и критики, гледав слики и неколку разични сцени на tumblr. Знаев што да очекувам од филмот. Ја пуштив нецензурираната верзија, но не бев доволно храбра да ги изгледам баш сите сцени. Поточно ги прескокнав сцените со новороденчето и делот каде што Милош ја убива типката (Гледав се додека не му дадоа знак да ја убие, понатака не можев). Одвај издржав во претпоследната сцена, каде што Милош ќе го претепа Вукомир до смрт, па потоа ќе настане масакр. Замижав две секунди, па цревата ми се превртија од звуците. Потоа догледав. Ги читам некои коментари и гледам некои сте се откажале по 15тина минути. Добро сте направиле, бидејќи го знаете она Curiosity killed the cat. Се до 30тата минута во филмот нема никакво насилство, дури потоа е она бруталното. Не можам да речам дека жалам што го изгледав филмот. Жалам само што знам дека тоа е реалност, дека тоа се случува и во наша близина. Жал ми е што постојат и такви луѓе кои за да ја задоволат својата болна природа, уништуваат нечиј живот. И ок, до некаде ќе ја сфатам поентата на режисерот, но не ми е јасно кои се тие родители кои што дозволиле нивното дете да се појави во ваков филм. Никој нормален родител не би го направил тоа ни под разно. Сношти се плашев дали воопшто ќе заспијам, а сега средувајќи ги впечатоците, сфаќам дека филмот не ми влијаел којзнае колку (Веројатно поради прескокнувањето на горенаведените сцени), сето тоа било само моментална реакција. Но, далеку од тоа дека би го препорачала на некој да го гледа. Ако сакате секс, гледајте порно. Ако сакате насилство, гледајте некој јак трилер. Ако сакате добра глума, гледајте некоја драма. Сето ова го има и овде, но во прекумерени количини- маестрална глума која навистина остава впечаток, но и премногу бруталност, а за најпрвиот фактор нема потреба да зборувам- тоа всушност е и „движечката сила“ во филмот. Според мене ова е катастрофална комбинација и некако е too much, па дури и за оние со јако срце и желудник.