1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Српски филм (A Serbian Movie) [2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од HeidiDiWalt, 9 ноември 2010.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Да се разбериме,реалноста е реалност-сурова,со лоши луѓе каде лоши работи се случуваат.
    Ама шо фајде јас ако гледам нешто толку брутално?
    Не ме просветлија. Знаеме какви се дегени постојат. Ама уште поголеми дегени се оние кои сметаат дека е правилно светот до детали да знае како жена можеш да загушиш со пенис.
    И нај несфатливо дури и болно ми е овој производ на психопат да се нарече УМЕТНОСТ.
    Која уметничка вредност ја има ебате?!
    Мене ме научи дека треба да се има слободен секс со психичко и физичко малтретирање на луѓе?

    Нека се гоне у три лепе и филм и режисер и се.

    Може крај краева јас сум идиот што неможам да сварам вакво парче уметност. |(
     
    На Gosh, mimiiiii и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Филмов е ...... немам коментар

    Потрошив саат ипол од мојот живот за да видам секс со сечење глави , педофилија , некрофилија и други разни филији .....

    Бог да чува.
     
    На ТрагачПоНадеж и Ilusionist им се допаѓа ова.
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Гадотии светски. Филмов го најдов како реакција на некој човек од дешавките во филмов. И јас радозналото шашле да не не види. Симнување филмот и ајт повраќање другарче. Како само можеле тоа да го направат. Да ти се згади животот. Најапсурдно е тоа што во филмот тоа се нарекува уметност. Која уметност бре? Реалноста на животот? Тоа не е реалност,тоа е реалноста за тие болните во мозокот ко педофилите прикажани во филмот. Навистина страшно. Јас незнам кој нормален ќе даде позитивна критика за филмов. Незнам ни со кој памет го снимале. хк пу *смајли шо плука*
     
  4. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Нај ненормалниот филм до сега што сум го пуштил :!: а не го догледав :$ .Продуцент ,режисер и се останато можат слободно да одат на некоја психо терапија да им откријат какви психопати се ...
    За актерите ке ги разберам за пари и слава ..но другите се :fubar: ..
    Го пуштив не го догледав :puke: ,барем да знам која е целта-приказната на филмов некое инф ? :geek:
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Аман, зошто режисерот да се лечи??? Мислите ли дека реалноста е поразлична од филмот??? Зар мислите дека светот е розов и сето ова е само некоја искривена фантазија на режисерот??? Мислите дека животот е бајка, само романтика, пари, мода, бизнис, или во поекстремни случаи глад и сиромаштија??? Всушност филмот е сосема реален, само темата што е тука опфатена е табу и многумина не се запознаени... Уште на почетокот HeidiDiWalt убаво ја објаснила суштината на филмот (голема пофалба за коментарот)... Навистина филмот е суров, контраверзен, авангарда, но како што кажа HeidiDiWalt- моќен...

    Доколку вие што сте коментирале во стилот дека филмот е ужасен, одвратен, режисерот треба да се лечи и слични, негативни коментари не можете да гледате вакви филмови со тежина, филмови со порака, авангардни филмови, продолжете да ги гледате оние лесни филчиња, романтика, љубов, преубави пејсажи, сите се среќни и задоволни, уште пред да почне филмот, знаеш како ќе заврши...

    Нема потреба да оставате такви коментари, доколку не ви се допаѓа филмот, напишете го тоа, ама дали некој треба оди на психијатар или не- се сомневам дека некој од вас е доволно и соодветно образован да го констатира тоа. Храброста на режисерот да направи ваков филм, да обработи ваква специфична тема, тема која ретко кој би се решил да ја чепне во никој случај не може да се спореди со некоја психичка болест...
     
    На Hipica и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не разбирам зошто некој би сакал да гледа живописна екранизација на најлошите (не)човечки умоболни перверзии ?
    Сериозно луѓе , моќен бил филмот :sweat:
    Ова е збир на најизопачените перверзии собрани на едно ..
    Нема врска јак желудник или не .. Јас сум фан на хорори па ова не можам да го сварам и не го догледав :puke:
    Ова е mind fuck во негативна смисла..
    Овој филм не би требало да го има да се симнува вака слободно , со оглед дека тинејџери во развој најмногу го гледаат од љубопитство ..
    Поуката ? Дека за пари се се прави ? Или дека луѓето се манипулирани ?
    Да не е нешто ново ова ?
    Зошто има потреба сето ова вака до детаљ да се даде ,единствено може да потикне и охрабри некој болен ум кој ете ги оставил тие работи скриени во фантазијата да ги реализира :x
    Сум приметила дека од желбата да се направи нешто поразлично , режисерите како да се натпреваруваат кој повеќе ќе вметне первезни и одвратни сцени .. Не би рекла дека тоа е уметност ..
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Ако некој не сака да гледа, нека не гледа...
    Јас не сум некој фан на хорор филмови- а сепак го изгледав овој филм...
    А детаљите- не гледам зошто баш овој филм може да поттикне и охрабри некој болен ум да реализира некои замислени работи? Нели може некој акционен филм да поттикне нечија фантазија?
    А што се однесува до режисерите и нивната желба да бидат поразлични- секој режисер си има замислено каков филм сака да направи и до кој степен да отиде со перверзиите или одвратноста...

    Мислам дека ги имам прочитано најголем дел од критиките за филмот, критики од страна на критичари и критики од страна на гледачите и најголем дел од нив се негативни, но сепак јас останувам на тоа дека овој филм има длабочина, а пред се ми се допаѓа затоа што е авангарда...
     
    На Hipica и ariela09 им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Филмот би имал длабочина ако режисерот се фокусирал на нешто друго наместо одвратните сцени , за мене уметност е да ја прикажеш човечката страна на нештата на не животинската ..
    Еве пример Requiem for a dream , девојката се продава за дрога , прикажуваат сцена каде што е таа е учесник на оргија , не се фокусираат на сцената доволно е да се знае дека сцената се случила , се фокусираат на тоа што се случува со неа , нејзината болка и нејзината внатрешна драма .
    И порано филмовите кои обработуваа вакви тешки тематики , ги давааат сцените кратко и не се фокусираат на насилството и перверзноста туку на тоа што се случува со човекот се обидуваат да го доловат тоа ..Тоа би требало да се долови во вакви филмови . Што се случува со човекот но не буквално туку она внатре во него , како станува опустошен ...
    А овде фокусот е на детална дескрипција на грозоморни чинови :swear:
    Искрено каде е уметноста тука , освен штура слика на насилство и перверзност од највисок ранг .
     
    На BlackSwan5, E...V...I...L и ariela09 им се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    И тоа е само твој став кој не ја дава дефиницијата за уметност. Се прашувам и дали воопшто постои конкретна дефиниција за уметност? Ете очигледно режисерот на филмот има различна замисла од твојата што не ме чуди и е во ред со оглед на тоа што сите сме различни и имаме различни вкусови.
    Е арно де, што правиме со порничите кои не само што ги има на Интернет, туку има и канали кои преку цел ден ги емитуваат?
    Со новава дигитализација на телевизијава се појавуваат ТВ канали кои емитуваат „филмови“ со порнографска содржина и секое едно дете кое знае да управува со далечински управувач може во секој момент да налета на такво нешто и да го види.
     
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Убаво си напишав според мене - што јас перцепирам за уметност ,а уметноста различни луѓе различно ја доживуваат и класифицираат .
    Јас давам мој осврт за филмот и мое гледиште ,не поставувам правци во филмската уметност де :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Да режисерот се фокусирал на таквите сцени, но тоа е суштината на филмот- суровата реалност која им се случува на глумците кои снимаат снаф филмови...
    И ова за жал е човечка страна на нештата- изопачена, одвратна, насилна- ама сепак е човечка- снимањето на овие филмови произлегува од човекот, од болната фантазија на луѓето, според мене животните немаат ништо со тоа...
    И да, тука е прикажано што буквално се случува...
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Објективен коментар кој ќе биде баш објективен не сум во можност да дадам.
    И мислам дека сите црева ми се превртуваат од одвратноста која е прикажана овде. Секоја чест на глумците кои прифатиле да играат во филмов. Се гледа дека се професионалци. Од таа гледна точка филмот е ОК.

    Е сега,
    Некои велат дека ова е суровата вистина на денешницата. ???????????????????????

    Јас оваа вистина сакам да биде далеку од мојот свет и град и држава и универзум. Далеку од мене и сите кои ги сакам и знам и кои не ги сакам многу и не ги знам. Не сакам да постои ваква вистина.
    За мене не е својствено да постои вакво нешто, сосе вакви плитки граници на одредена човечка свест.

    Порака која може да се извлече, :fubar: - Користете го својот мозок кога пуштате некој човек да биде дел од вашиот живот. Внимателни бидете со оние ваши амбиции да бидете со најбогатиот човек во градот. Не си ја продавајте вашата душа (чесност и достоинство).

    Ценете ги луѓето кои ги имате покрај вас и за кои знаете дека се со чисти срца.
     

    Прикачени фајлови:

  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566

    Не јас немам проблем со тешки филмишта. Дали психолошко,дали филозофско,ќе го гледам.
    Ама ова го нема тој елемент на квалитетен филм што го има во другите.
    Сфаќам да ја презентира реалноста,сите знаеме дека светот не е виножитца и еднорози на сите страни. Тоа доцна го научив и на тежок начин. Ама ако ти или било кој сметате дека треба да видите возрасен маж како орално се задоволува со новороденче за да ви отвори очи и да ви креира нови перцепции животни,слободно.
    Ова не е тежок филм. Ова е типичен пример на користење бруталност и насилство за публицитет.
    И целата поука во филмот е замачкана и уништена со сцени од издрогиран татко како го силува сина си.
    Извини ама,јас од овој филм ќе го памтам тоа,не пораката.
     
    На Hipster и mimiiiii им се допаѓа ова.
  14. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    Се извинувам ама чисто срање од филм. Катастрофа! Јас не гледам површни филмови, напротив ми се допаѓаат тешки, на психа што удираат, те тераат на размислување ама ова нешто нема ништо од наведеното. Изгубив драгоцено време гледајќи нешто толку за никаде!
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Немојте луѓе немојте !
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Филмов мислам дека за долго време за мене ќе претставува нешто најодвратно што го имам гледано.
    Не го препорачувам затоа што нема да видите апсолутно ништо интересно ни поучно во него освен морбидни сцени исполнети со бруталност, инцести, крв и сл.
    И ме нервира кога некој ќе каже дека филмот имал голема поука, демек светот не е розев, се случуваат и вакви работи, па можел на друг начин сценаристот да го прикаже сето тоа.
    Остава впечаток, тоа го потврдувам. Всушност мислам дека тоа и е главната цел на оние кои што го режирале филмот, да се збори за него, да имаш кошмари и засекогаш да ти остане во умот како најгаден филм што го имаш гледано.
    Се останато е без врска, без некое добро сценарио и со лоши актери според мене.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Кој болесен филм е ова, два пати го имам гледано. Го препорачувам, треба да се погледне.
     
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Врхунац од филм! Да беше во Холивуд nb1 ќе беше. :punch:
     
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.308
    Не сум го гледала, никад ни нема. Знам за што се работи, не можев да заспијам вечерта кога дознав. Уште да го гледам фали...

    Ај овој дегенов шо му текала идејава за ФИЛМ, него морониве шо се согласиле да глумат...Пациенти.
    Ќе ви поставев дијагноза и на вас што сте уживале у него, али ај...


    Уметност...Јебала вас уметност...
     
    На theowndemon, Someonespecial и Matotheja им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Disturbing e, на моменти ти се чини дека си на работ од епилептичен напад. Ама немам ништо ниту против режисерот, ниту против филмот. Дело што те тера да размислуваш, не може да биде лошо.
     
    Последна измена: 12 ноември 2017