1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Срце на дланка и останати хуманитарни емисии

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Серотин, 1 декември 2022.

  1. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Што мислите за овој тип на емисии ? Дали им помагаат на сиромашните или емисиите се за остварување на профит? Јас мислам дека се само за гледаност која носи профит .
    Ајде да чуеме ваши мислења,да дебатираме на темава .
     
    Последна измена: 1 декември 2022
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    11.295
    Глава ме заболува кога ја гледам емисијата Срце на дланка. Толку многу сиромашни има во државата. Но, има и некои со нелогични приказни.
     
    На NoirSerpentine, VDT2906, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски

    Емисијата е доказ дека колку си посиромашен ,толку повеќе деца раѓаш , и не сакаш да го мрднеш газот да работиш.
    99% посто од тие што се пријавуваат се здрави прави,а чекаат државата макарони да им донира.
     
    На Meckicja и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    11.295
    Тоа и јас мислев. Жал ми е за болните. Значи болни, инвалиди, слепи лица, тие не можат да работат, но кога ќе видам некоја со 5-6 деца, а кажувала немала што да им даде да јадат. Жено божја, ако немаш работа, немаш леб за себе, како раѓаш толку деца? Имаше една кажуваше нелогични приказни, била силувана, па не пријавиле, па од дома ја избркале на 12 години, ама па родителите го чувале нејзиното дете. Чекај сега, ако неа ја избркале, како нејзините родители добиле старателски право на нејзиното дете? Или некоја кога ќе почне да раскажува како се мажела 3-4 пати, па секаде имало проблеми итн. Жал ми е за болните, тие немаат избор, другиве мислам дека биле неодговорни и се довеле во ситуација да немаат толку многу. Треба да прават селекција кого снимаат. Да се помогне на тие кои навистина немаат, а не на оние кои не сакаат да работат.
     
    На Meckicja, Lana Girl, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    [


    Ако прават селекција емисијава нема да постои.Самите они кога се работи за деца треба да реагираат во цср ,да им бидат одземени децата,наместо макарони да им донираат.
    Веќе сигурна сум дека емисијава е профит,перење пари.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Водителката катастрофа нека и најдат стилист. И ми изгледа како да лече комплекси над сиромашните, ги прашува глупости, децата ги прашува дали ти се смеат децата во школо? Што е тоа? И детето да си ја врате траумата и да почне да плаче на телевизија за смотана гледаност.
     
    На Серотин и Maca Macka им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.137
    Допаѓања:
    18.476
    Пол:
    Женски
    Реагираа за ова кога ги прашува пример дали пробале пица, а децава цел живот без струја и вода израснати. И нивен одговор беше да предизвикале поголема сожаливост демек еве во 21 век деца не пробале пица. Што е и греота.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    39.715
    Пол:
    Женски
    Ваквите емисии не верувам дека се за некој профит, сепак, се надевам дека успеваат да соберат донации.
    Но, една што се има пријавено ја знам веќе 12 години и лажеше 90% од приказната. Точно беше само дека е болна и самохрана мајка.
    Неколку емисии имам изгледано и во некои се осеќа дека лажат.
    Тоа не ми е во ред, треба подобра проверка да се направи, пред да ги прифатат за снимање.
     
    На Meckicja, Серотин и VDT2906 им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.137
    Допаѓања:
    18.476
    Пол:
    Женски
    Тоа го пишував и јас во една друга тема. Како луѓево се премногу себични, има такви кој буквално цел живот живеат во никакви услови и решааваат да имаат толку многу деца. Па после се жалат како немале да им дадат за јадење и да им пружат пристоен живот. Па ако си немал од сам старт како ќе имаш од кога ќе направиш толку деца?? Како не им е жал да ги гледаат децата гладни и жедни зашто ги вовлекуваат во беда. И секогаш тие се болни неможеле да работат..како не сте болни за таа работа, како толку болна толку бремености износе...греота само за тие дечиња кој страдаат заради непромисленоста на нивните родители и кој најчесто ја имаат нивната судбина.
     
    Последна измена: 12 декември 2022
    На Splendor., Meckicja, Lana Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    39.715
    Пол:
    Женски
    Стандарден одговор на проста маса "ама децата се благослов, тебе сТрам да ти е каква си, злобна"
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, Серотин и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.137
    Допаѓања:
    18.476
    Пол:
    Женски
    Луѓево не се реални гледаат само со срце не и со разум.. кога би размислиле поубаво ќе сфатат. Децата се благослов ама треба да им пружиш пристојни услови за живот, никој не вика дека треба луксузи.
     
    На Meckicja, Lana Girl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски

    Ваквава група на луѓе раѓаат по 8-10 деца, за после децата да ги тераат да работат/питаат за нив додека они си лежат. Не е баш со срце размислувано,.
     
    На Meckicja и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.137
    Допаѓања:
    18.476
    Пол:
    Женски
    Се надоврзав со членката кога некој ќе пише под коментар " Зошто толку деца правиш кога немаш да им пружиш ништо", следуваат коментари " Колку деца сака нека има негова работа, зошто си толку злобен/а". А не размислуваат дека тие деца страдаат и цел живот им е никаков заради такви родители. Тоа што некој ги тераат да питачат е друга работа има и такви многу ама за жал центарот за социјална служба само за украс ни е.
     
    На cresa-jagoda, Lana Girl, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  14. savageu

    savageu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Конкретно за срце на дланка, не знам зошто постојат. Им ѕвонам на телефонот- не креваат, им пишувам на фб- seen. И по неколку дена се изнервирав и им пишав реферат, ми вратија само број телефон од жената на која сакав да и помогнам... Они не посредуваат ништо всушност, само ја пренесуваат приказната. Мене конкретно ми требаше да ми помогнат со превоз на тоа што сакав да го донирам бидејќи немам кола, но за жал не се вклучуваат они во тоа.
     
    На Cosmic Girl, Meckicja, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Со тоа што ја пренесуваат приказната на тв земаат огромни суми. Колку повеќе трогателни приказни, толку повеќе пари. Ако се толку хуманитарци треба и да посредуваат,.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. savageu

    savageu Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Епа можат парите од тв да ги донираат
     
    На VDT2906 и Серотин им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    11.295
    Ми пречи што ги снимаат децата со лице, им земаат изјави. Замисли дете од 8-10 години го прашуваат „што ти прави мајка ти за јадење“, „како се греете“ итн. Сум била на семинар каде укажуваат дека ова е кршење на детските права и за тоа можат организациите да им реагираат. Го етикетираш детето за цел живот. Ликот треба да му е заматен или да не го снимаш. Малолетно лице обично не дава изјава на новинари. Имаше поодамна една приказна за сиромашно семејство. Мајката кажа дека ќерката е силувана во 2001 година, а девојката со психички проблеми ја снимаа дури лежи во кревет и кажува нешто неартикулирано. Значи крајно неетички.
     
    На NoirSerpentine, Cosmic Girl, Серотин и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    39.715
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам, на фб бараше една помош, со 9 деца.
    9 деца.
    И кога и пишаа жено, па зошто 9, беше дрска и безобразна.
    До некаде сфаќам, не е наше да навлегуваме во тоа ама мајку му, како не им е жал на толку деца да им го уништуваат животот.
    Инаку @Tanjamm за ова се сложувам, многу е глупо што на децата им ги покажуваат лицата. Посебно во денешно време, кога има толку булинг и владее материјалното, треба да се заштитат.
     
    На Tanjamm, Серотин, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lana Girl

    Lana Girl Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Шо е злобна, ме занима да е до тебе боље 10 деца гладни или 1 да му се обезбеди се што треба, не викам луксуз ?
    Ако е ваква у школо жално за ученици професорка е водителката у Димитар Влахов.
    Онакви прашања за деца не се, дали имаат јадено пица, дали им се смеат у школо, дали сакаш да се врати тато, таткото починат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    39.715
    Пол:
    Женски
    Жено си слушнала за сарказам или иронија?
    Google it
     
    На Splendor., Серотин, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.