Лажат Феминкеее, си направиле филм за непостоечки син кој што е во кома во болница во Хрватска и си собираат пари од народот, со слика земена по договор на некој си Далибор измамник....
Леле, арно коментиравме дома дека народот нема срам. Во право сме биле. А и овие Срце на дланка, со лажни приказни, собираат донации. Нека ни си играат, можат да одговараат. Да прекинат под итно. И забележавте ли дека кај сите кои ги снимаат, мора да е расфрлано, купишта алишта нездиплени, празни шишиња од сок? Добро ако сум сиромашна, па знам алишта да приберам, да зачистам, а ова ми делуваше како е да ефект со цел да поттикнат сожалување.
После двете видеа за Тале и женава за Далибор што збира донации, Лазаров најави следно видео со уште пострашно сценарио. Што е пострашно од непостоечки син да лежеш дека е во кома? Ме страв да го изгледам следното кога ќе излезе. До каде стасавме. Денес ми излезе најава за еден млад човек , цело време нагласува не можам физичка работа да работам дека имал срцев проблем и му ваделе вода од градите. Золва ми е со лупус има 32 год.Вода има во гради и карлица која се регулира со лекови. Работи без проблем. Може физичка стварно не може, но има и полесни раб.места.Може да работи во маркет, во некоја од големиве фирми на линија оператор и сл. Жално колку млади се пријавени во емисијава и се не се способни за работа, со притисок, шеќер и сл. болести со кои се функционира со лекови.
Женава има потреба од помош и не само материјална. Не е работно способна и не е психички стабилна! Детето има уште поголема потреба од помош! Доколку има институции истите треба да испитаат каква им е поврзаноста со тој некојси Далибор! Дали можеби ги уценува некако и ги малтретира? Тој квазиинспекторот Стефан Лазаров нека му најде работа на момчето од вчерашната „Срце на дланка“. Ама битно ќе се прави популарен напаѓајќи ги најслабите! Вчерашното момче ќе биде задоволно и доколку има две крави! Видовте во каква беда живее? Дека немаат кров над глава? Лесно ни е нам, од се` задоволени да даваме совети, ама да не им сме во кожата на луѓето! Ама место ова момче да работи некоја лесна работа (која не е тешка, ни физички, ни интелектуално) во државна администрација, вистински мрзливци ги зафаќаат тие работни позиции!
Никој нема да одговара за ништо во не државава ни од емисијата ни овие болни мозоци. За женава сторијата ја имаше објавено и друг национален медиум. На оваа од Прилеп што лажеше дека детето и е во кома во Хрватска и прост адвокат ќе ги извлечи. Цене психички болна, не била при здрав разум при сторување на кривичните дела за кои се товари ( Макс еден месец во Установа ќе добие или само задолжително психијатриско лекување ) Мајка и, стара жена исто не била свесна за делата со оглед на возраста и психо/физичката состојба во која се наоѓа. ( Едно големо ништо ќе добие ) Емил 13 години, на лице кое нема наполнето 14 години во моментот на сторување на кривичните дела не може да му биде изречена санкција. Далибор, ајде да не давам став сега за сега оставам на надлежните да се изјаснат ( ако се изјаснат ) пред да дадам свој став за него. Сума сумараум тепаниот тепан е*****т е**н. Ќе кажам нешто и за Лазаров, разбирам дека се прави со најдобра намера но не го прави на вистинскиот професионален начин. Не треба да оди во првата објава и да вреѓа некого ( колку и да е во право ) и во втората со лажно прикажување на факти дека кај нив е за да ги сними за да помогне. Во двата случаи беше потребно единствено да ги побара луѓето и да извести дека располага со информации и докази за нивните лажни стории кои ќе ги објави и дали тие имаат нешто да додадат, потврдат, демантираат, или нема да дадат никаква изјава.
Нека ми рече некој дека народот не е мрзлив, туку нема работа, а и платите се мали. Колку труд вложиле во измислување на лажна приказна, па можела жената да оди и да чисти некаде и како што рекоа погоре, барем тие паштети и макарони, ќе беа заработени, а не вака, измами. Неодамна видов човек без едната нога, собира патници за превоз до Скопје. Значи работи како див таксист. Борба за опстанок. Со часови после мислев дека ние здрави и прави немаме ниту еден изговор за да не работиме, за да не создаваме, ама ниту еден. @Luciferka, знам. Не дека женава ќе ја гонат, туку и тимот на емисијата. Па спонзори даваат пари за да постои таа емисија, а тие пласираат полувистини, лаги за да земат плата, па како е така е. Како што на народот не му се работи, така и на нив, не им се проверува веројатно, како што кажа Лазаров, ако проверуваат, нема емисија. А и самиот факт дека Оливера спушти доволно кажува. Јас да сум, ќе дадев објаснување, колку и да не сум во право. Ама немаше да спуштам слушалка.
Ајдее најслабите у општеството се најголем проблем испадна, преварени сме биле од нив а ваму ги гледаш како живеат, психички и материјално инфериорни. Мизерни сме значи цццц!
Е што не сме измамени ? Значи ако се во таква состојба нека измислуваат и на таков начин нека идат до помош. Нека си ја кажат реалната ситуација која се гледа дека е тешка и пак ќе добијат помош.
Конкретно за Цене. Од каде си сигурна дека жената не е уценувана и малтретирана од Далибор? Или таа или син и' Емил? Институциите треба да го испитаат тоа, а не инфлуенсерковци! Ќе повторам станува збор за личност/и со психички проблеми! (Колку за пример, едни луѓе, кои се појавуваа во емисиите кај Снеже Велков тврдеа, дека немот во куќата им е всушност катран кој им го прскаат душманите кога не се дома.) Место да ги осудуваме треба да им помогнеме, по стоти пат кажувам не само материјално! Мислам дека уште од летоска ја почнаа прикаската со Далибор и тоа прво детето. Се сеќавам врнеше дожд, а тој со кутијата и искршен чадор собираше донации пред Лукас кај тринаесеттокатницата. По некое време и Цене постави кутија пред црква.
Да не лажат, тоа е проблемот. Сите сме можеле да се мажиме на 15 години, да родиме по 6 деца, ништо да не работиме и да кукаме. Жално е за болните, за другите полесно ќе се снајдат. Сите приказни се со луфти. Многу жени ако следите си кажаа дека се мажеле за да избегаат од сиромаштија. Која површност. Погрешен начин на воспитување. Кога стапуваш во брак, обврските се дуплираат, или триплицираат, а не е тоа бајка.
E, ама тој Далибор како дозволил да му го злоупотреби името? Ако се работи за психички проблеми, треба лекување. Жената призна дека има ќерка и дека таа за неа е „мртва“. И тоа не го оправдувам никако. Требало да се поведе ред од нив ако се психички болни.
Точно е и тоа што го пиша, ама пак има лабилни карактери, ама има и силни луѓе. Знам и луѓе кои навистина немаат, ама никогаш не би се снимале, не би се појавиле на емисии итн. Има луѓе кои едноставно не можат да се снајдат. Дезориентирани. За ситници паѓаат во депресија. И тука го испуштаат возот за снаоѓање во животот.
Што мешаш психички болести со измама ? Демек оти има психички проблем мами,аха.Море затвор како што во странство лежат за вавква измама ,државата ќе и плаќа да јаде помија ,не граѓаните .
На психички оштетена личност нема да и текне да лаже дека син и е во странство, дека се лечи, дека редовно комуницира со докторот, дека редовно му праќа пари.. Точно знаеле што прават, и треба да си понесат кривична одговорност, и Цане, и тие од срце на дланка.. Абе еден комшија прашај, женава колку синови има, ќе ти кажат, дека нема таков син, не ти треба ништо, на правата врата тропни, првиот комшија прашај го, ќе ти каже.