1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Срце на дланка и останати хуманитарни емисии

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Серотин, 1 декември 2022.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Ја знаеш женава? Ја имаш видено?
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Се гледа дека жената манипулира, лаже. За да смислиш ваква приказна треба да имаш во тебе злоба, и да си гнаса од човек.
    Еве јас не ја знам, ти ако ја знаеш кажи ни за нејзе и за "нејзиниот" син Далибор.


    Едит. Ни сум донирала за некој од емисијава а, ни па во иднина ќе донирам.Очигледно преку емисијава се перат пари, се соработува со криминалци , и потоа се дели профитот.
     
    На Gosh, Meckicja, Directioner005 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Како што кажа @Серотин проблемот на мајка со 8 деца не се решава со една кутија тестенини, два зајтина, три парчиња сирење. Тоа ќе се изеде за два дена, а што потоа? Тие производи ги даваат спонзори, а не тимот на емисијата, да бидеме начисто. Пишавте дека сте пишувале во инбокс на тимот, сте сакале да помогнете, никој не ви вратил. Имаше скоро една Украинка, била мажена за Македонец, тој починал, а сега дошла ќерката од Украина поради војната сосе дете овде и жената не бараше донации, не остави сметка, туку бараше работа за ќерка и, затоа што е млада и може да работи. Работа, не милостина. Тоа го поздравувам и тука ќе видиш што менталитет имаме.

    Инаку, имав и јас комшии, се пореметија психички, 3 лица од едно семејство, и при пензија, мизеруваа. Значи ни своите пари не ги трошеа, од што психички беа болни, а не пак да смилат таква лажна приказна, да се снимаат за на ТВ. Имаа примања, не плаќаа струја од што беа пореметени, дојдоа им ја исклучија и си седеа во мрак. Ниту помош бараа, ниту ништо. Психа.
     
    На Gosh, *Amethyst*, theunforgiven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Од самиот поглед се познава дека жената е психички пореметена. Уште ако ја видете во живо ќе Ви биде појасно.
     
  5. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Кога некој психички не е во ред не е целосно свесен за своите постапки, им треба помош а не осуда али далеку сме ние од тоа ниво на свесност, јасно ми е.
     
    На Аргентина * и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Ама имаше многу, многу емисии со секакви приказни. Ако Цене е психички болна, не се сите. А за болести пак им треба стручна помош. Фактички емисијава ти покажува колку е трул системот.
     
  7. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    840
    Пол:
    Женски
    Ама ти не знаеш,како е кога стапуваш во брак,и како се дуплираат обврски,тоа е заедница..Тие што се мажат на 15 ,бегаат не од сиромаштија,туку од насилен татко или мајка,или семејство.Да се мажеле за пари ке се омажеле добро и ке родат едно дете.Сега си работоспособна и млада,не дај боже да отидеш на едно ехо на гради случајно , и најдат неубава дијагноза ,како кај мене,,и ти отиде работата и способноста за работа.Па уште ако немаш деца, и маж,да те издржава,барем додека закрепнеш, еве социјален случај.Газдите сакаат само здрави и работоспособни ,во спротивно метла,па оди барај правда во корумпирана држава,само профит го интересира,и нема закони за работникот.Па ти ТАЊЕ ,мантрај си како све мрзлив народов е.
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Болест е едно, ама видовме дека има млади, здрави, прави, што бараат донации, а потоа ги „ловат“ по социјални мрежи кај се шетале, што правеле. Не им измислувам јас, така испадна за многу од нив. Едно девојче пиша погоре дека во некоја група и нуделе на кумановката работа, таа се карала со нив. 6 деца кој може да издржува? Бизнисмен? Јас се повеќе имам разбирање за луѓето кои раѓаат по едно дете. Подобро да му пружиш се што можеш на едно, отколку да имаш 3-4 и да мизеруваат.

    Со доволно работен стаж во случај на сериозна болест се поднесува барање за инвалидска пензија. Мала, мала, ама подобро некаква отколку никаква. Зависи по кој основ ќе те отпуштат од работа, ти следуваат и пари од биро. Ама ако работиш, ако си пријавен, ако не работиш нема. И да имаш деца и маж, не е гаранција дека некој ќе те издржува. Кој има вишок пари кај нас, повеќето тераат од месец до месец? И лекувањето е скапо, не е гратис. Од здрав, прав поголемо богатство нема.

    Спорно во приказните ми е тоа што повеќето велат „се омажив да избегам од дома, да ми биде подобро“, а кога тој ја оставил после, ја изневрувал, а крив е. Чекај сега, ти можеш да се мажиш од интерес и без љубов, ама тој што не те сака е виновен после?
     
    Последна измена: 25 јануари 2023
    На Gosh и Luciferka им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Да разграничиме, едно е да си работел, а потоа си се разболел, не дај боже, а друго е никогаш ништо да не си работел. Второво е веќе мрза и неодговорност. Емисииве ти покажуваат дека не смееш да се потпреш на никој освен на себе, затоа што имаше една сестрата ја оставила без покрив над глава (ако е точно како што кажа). Тој што е сам и нема деца, јас очекувам дека дури другите гледале деца, имале многу трошоци, тој акумулирал пари, веројатно му останале од заработката. Дека газдата ќе те исфрли како партал штом ќе се разболиш, ич не се сомневам. Сурова реалност. Затоа сум поборник да се работи, што повеќе, да се штеди што повеќе, да не се трошат сите пари за кафиња, цигари(ова никако, само болести ќе навлечеш), кафани, туку да се трга за црни денови. И пак тоа е ништо, едно големи ништо, затоа што потребите се големи, желбите исто, а можностите мали. Јас завидувам на позитивни примери, ме инспирираат. Во емисијата имаше исто еден коцкар, раскажа како од бизнисмен станал бездомник, а и децата и жената се откажале од него. Така што, самите да се потрудиме да го поминеме животот што поубаво и попријатно во своја кожа.
     
    На Gosh, eliesaab и Luciferka им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Заедница значи дека ако мажот добие отказ, а детето има настинка, требаш да наполниш фрижидер и да купиш сируп за детето. Едно дете, второ дете, трошокот се дуплира, во таа смисла мислев. Не е исто како кога водиш сметка за себеси и своите лични сметки и кога водиш сметка за себе, плус деца и куќа, од храна до одмори, варосување во домот итн. Ако ги слушавме тетките, бабите тие така велеа „најди некој богат“, како мислиш бракот е некое буре полно со мед, одиш само го црпеш или пак во брак небаре кавијар секој ден ќе јадеш. Лазаров не го следам инаку, сега чекам што ли може да е пострашно од тоа да се собираат донации за непостоечки син.
     
    Последна измена: 25 јануари 2023
  11. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    11.964
    Пол:
    Женски
    Малку социјалниве служби треба да поработат. Се гледа дека Цене не е во ред, го тера сопственото дете да лаже, можите да замислите ако сега така прави дете од колку нз 11,12 години, потоа во каков човек ќе прерасне... има луѓе на кои треба да им се помогни, болни, стари, немоќни, но има и тешки преваранти на кои ништо не им се работи, двајцата здрави прави ги гледаш, ништо не работат и бараат донации, па на никој не ни се работи али мора некако да се живее. Тешко на тие деца што израснале во нездрава околина
     
    На eliesaab, *Amethyst*, Luciferka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    11.964
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам мислам денес во 20 часот пак ќе има некој случај Лазаров?
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Не знам. Јас не го следам. Од вас тука дознав за тоа што го објавил. Секако некој ќе постира и ќе видиме.
     
  14. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.020
    Допаѓања:
    10.511
    Пол:
    Женски
    Има. Го знам типов од тикток.
     
  15. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    11.964
    Пол:
    Женски
    Пушти линк:D
     
  16. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.020
    Допаѓања:
    10.511
    Пол:
    Женски
     
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    11.964
    Пол:
    Женски
    Од тик ток мислев можи и во лп
     
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    За срце на дланка мислам дека сакаат да направат нешто во смисла да се изнесе јавно колку е голема сиромаштијата во Македонија. И се гледа дека одат кај семејства кои на некој начин имаат потреба од донации. АМА снимаат колку да се направи емисијата. Пред тоа не проверуваат дали и колку се вистинити приказните. Имаше едно време емисија за семејство од мојот град. Сите ги знаеме, навистина се сиромашни живеат во тешки услови но ретко кој им помага финансиски, претежно помагаат со храна бидејќи не се дотолку да не можат да работат. Уште тогаш знаев дека приказните некогаш не штимаат. Ова со снимките на Лазаров се капак.

    Во ред е емисијата ама им треба претходно истражување дали некои семејства/деца/луѓе навистина имаат потреба од донации. Сите имаме потреба од пари ама најлесно е да те мрзи да работиш, полесно е со милостина да се поминува.
     
    На Meckicja, Tanjamm и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.020
    Допаѓања:
    10.511
    Пол:
    Женски
    Никако не можам да се сетам на никот.
     
  20. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    На оваа немаштија да барате оправдувања за измамници и манипулатори, кои земаат од устата на хумани луѓе без да мрднат со газот е срамота.
    Ама не се тие криви, овие Срце на дланка што им даваат медиумски простор треба да си сносат одговорност и да најдат начин да се вратат сите донации кои завршиле во нечесни раце.
    И уште Лазаров ви е крив што ви ги отвара очите.
     
    На Gosh, Meckicja, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.