1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Срце на дланка и останати хуманитарни емисии

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Серотин, 1 декември 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Лазаров постапи како вистински новинар, иако не е. Срце на дланка да ги пријават во Здружението на новинари на Македонија, таму има совет за етика, нека видат што е со нив и колку е почитуван кодексот на новинарите, тоест не е почитуван воопшто. И во Србија прават контроверзни емисии, ама ако жената каже „мажот ме тепаше“, вртат телефонски и прашуваат дали е точно. Дури на еден му се јавија во Австрија да го прашаат дали е вистина тоа што го тврдеше сопругата. А, овие не им е првпат. Имаше еден дечко во Диво насеље, кажуваше дека трпел булинг во школо, тоест му ги земале 10-те денари за кифла поголемите деца. Ок, тоа им го првеа на илјадници деца, па не е тоа изговор за здрав, прав да не работиш. После нешто спомна дека полицијата за џабе го апсела и малтретирала татко му. Ова воопшто не проверено отиде во емисија. Ало, за МВР се работи. Како така пушташ во емисија сериозни обвинувања за државна институција без да ги провериш. И тоа што пред 10 години полиција го привела татко му, не е изговор млад човек да не работи.
     
    На Gosh, marchi-cool, tanjita и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа што цело време го коментирам оти ми боде очи. Млади , здрави прави луѓе се пријавуваат со изговор не можам да работам. Имам шеќер, имам притисок, имам лошо детсво. Пола Македонија сме со притисок , шеќер и булинг ко мали. таман работа да седиме сите дома и да чекаме некој да ни донира.
    За лоши услуви за живот ок е, да работи ама ете не може да речам кровот да го среди. Сам гледа дома 6 души, сите ќе донираме. Ама вака седи дома не работи и кука. И што од како ќе ги потроши донациите?
    Тие со поголем инавалидитет, стари, болни и изнемоштени лица не спаѓаат во оваа категорија. За нив без приговор би донирала.
     
    На Gosh, eliesaab, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Колку епизоди,толку скандали .Срам да им е на манипулаторите "Срце на дланка ,, .Очигледно е дека си делат профит со луѓето кои ги прикажуваат.Толку лоши работи читав за луѓето на кои им донирате,што не е ни чудно тоа што си делат пари .Читав дека кога се снимала емисијата со Тале,жена му била зад вратата ,т.е и Оливера тоа го гледала.Женава е гадотија невидена,уште кога ќе ја погледне човек,му буди "лоши чуства,, Она и газдава на тв и на емисијава ,треба да бидат вечно гонети за тешка измама,да ги вратат сите пари до денар на луѓето кои донирале.Ѓубре.


    Едит Почнале да бришат и видеа кога ги фаќаат во тесно,како случајот со Џемаил и измислениот син Далибор.
     
    На mira.mira, Tanjamm и marchi-cool им се допаѓа ова.
  4. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.254
    Пол:
    Женски
    Dobra ideja sekako da ima takvi emisii za da se vidi kolku lugje ima vo propast sto ziveat bez kriv bez gladni Bosi goli;(:sweat:
     
  5. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    i jas mislam deka emisiite srce na dlanka 90% se izmami, zatvor lezel za ubistvo a baraat donacii i normalno Olivera ne spomnuva toa tuku samo decata i zenata kako placat a i na fb taa stalno bara nikako da se nasiti
     
    На Gosh, Tanjamm, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Јас вчера исто коментирав со пријателка. Покажуваат дечиња како немале за смоки и кифла, немале пробано никогаш? (според мене ги злоупотребуваат децата пред камера! За гледаност) Во семејството двајца мажи татко и син на кои и те како Општината може работа да им додели! Социјално не знае каде и како живеат? Мааа дај немој!!! а од друга гледна точка не сакам ни да коментирам за вакви случаеви каде што пола од семсјствата треба да се сместени по институции. Ама никој не води ред!
     
    На Gosh, Tanjamm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Имаше една, мажот ја оставил, се жали дека нема што да јаде, со дете, плус бремена, а во позадина имаше уријаж, млеко за тело за бебе, а тоа чини околу 1 000 денари. Сешто.
     
    На Gosh, SummerGirl и Malesia им се допаѓа ова.
  8. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Така си живеат тие со просење и такви се питачи. Ми доаѓа една жена на врата кажува немам, бев во емисијата дрн дрн (не знам, не ја гледам емисијата) и викам дај ќе се договориме 5 саати во месецот по 1000 денари ќе ми зачистуваш прозори, прашини, подот. А и кога ќе имам алишта и слично ќе давам. И ми вели ааа не барам работа нема деца кој да ми чува викам е и моите нема кој да ги чува ама еве еден саат што шеташ по куќите еве ти заработка (А посредена од мене беше, ама си избега)
     
    На Gosh, christinnn, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    И еве сум за хуманитарни емисии, ама телевизиите да посегнат по Општина, социјално, завод за вработување, училиште, болници, да ја прочешлаат секоја институција! Зошто луѓево така живеат, зошто се заборавени!
     
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    За овие со девојчево што кажува како никогаш не јадела смоки и кифла, отец Оливер бил да ги посети и да им однесе и од соселаните дознал малце поинаква страна на приказната. Луѓево вистина живеат во лоши услови но имаат стока крави, свињи, кокошки од кој дел пример од млекото, јајцата можат да продаваат. Исто така синот работел и по своја воља напуштил за да не ја изгубеле социјалната помош ( која патем многу помала од платата која ја земал). Исто отецов не сакаше да каже јавно ама имало и други сомнителни работи. Пиша дека на синот му понудиле плата од 50.000 ден со платено храна и превоз и чекале дали ќе биде прифатена...нема уште инфо дали прифатиле. Луѓето биле многу асоцијални и сами одбрале таков живот на некој начин изолиран, несакале многу интеракција со луѓе.
     
    Последна измена: 16 ноември 2023
    На Gosh, christinnn, Македонско04!#@ и 4 други им се допаѓа ова.
  11. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    i za ovie jas sto spomnav taa zenata uste pa i so tuzbi se silela, ke tuzela zatoa sto nekoja kazala deka toj soprugot ubil nekoj/a spomnato bese i siluvanje no ne znam za toa, no deka lezel za ubistvo toa e 100 %tocno, pa duri i kolnese deteto na edna zena krajno nisko, takvi luge samo pari baraat pa i decata taka vospituvaat, poubavo im e da baraat , da zemaat socijalno vadat dokumenti deka decata se so posebni potrebi, lazat , mazot i invalid bil imal metalna koska vo rakata pa ne mozel da raboti? luge so metalni sipki vo grb, vestacki kolkovi rabotat toj ne mozel, od mrza polesno e taka zena mu da prosi
    posle nekolku vakvi sto imam procitano za storii od srce na dlanka jas ne im veruvam
    se pomaga da no na stari luge, na bolni koi ne mozat da rabotat, se slucuva da treba pomos i na drugi koi ete zaglavile eden period no stalno so godini da baras e sramno, no tie nemaat sram
     
    На Gosh, SummerGirl, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Ццццц... Како не им е срам? И на мене нешто ми беше сомнително од сам старт. Народов е научен да проси по телевизии, наместо да го мрдне газот и да работи. Не е дека не можат сите да работат. Така им одговара. Денес ќе соберат 3000 денари. Утре пак. И така ќе си тераат. Не се помага на секој.
     
    На Gosh, Tanjamm, www123 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Татково бил пијаница, децава се жртви негови. Тој мрза жива имале и земја и трактор ама кој да ја работи. Се научиле само кукање и дај како божем на другиве од дрво им растат парите.
     
    На www123 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Да не знаеш на кого да помогнеш. Мизерија.
     
    На Gosh и VDT2906 им се допаѓа ова.
  15. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    pijanica, kockar i kakvi se uste gi nemase vo srce na dlanka, no moe mislenje e deka e nesporedlivo so krvnicko monstruozno masakriranje na devojce, odlezal da no dali takvo nesto se prostuva? a plus sto pred nekolku godini i soobrakajka napravil vo koja zaginal brat mu, vo red ne znam dali bil vinoven za soobrakajkata no se toa i Olivera go znaela i ne spomnuva i nekoj treba da odgovara za ovie izmami
    eve sega i na ova semejstvo site humanitarni organizacii i poedinci kolku mnogu pomos pratija a tamu kade sto navistina treba nikoj ne pomaga zosto zatoa sto se stari i nema mali deca da manipulira so niv da ja sozalat, Nekolku pati imam na fb procitano vo grupite pr stara zena hrana bara i masina za perenje i nikoj ne i pomaga, so eden bubreg bila, asma i ne znam sto drugo bese za kerka i nega zemala bolna bila da raboti a taa stara e, ne se ni snaoga na fb no nikoj ne i pomognal i drugi gi ima takvi no poedinci se sami baraat.
    i taka si razmisluvam ako nekoja humanitarna organizacija ili kako tie srce na dlanka ako ne zastanat zad niv, nikoj nema da im pomogne a dokolku tie objavat makar bilo cista izmama luge pomagaat,
    jas veke ne veruvam na niedna humanitarna organizacija pa ni na toj otecot Oliver iznapisa, iznapisa deka e sumljivo a pak nosea pomos.
     
    На Македонско04!#@ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Отец Оливер однесе помош во облека и храна заради децата, самиот кажа пари никако да се даваат заради таткото кој ќе ги злоупотреби за алкохол. Веќе биле стигнати тамо нема сигурно да се вратат назат греота е за тие деца со такви родители.
     
    На Gosh, eliesaab, Lilik и 3 други им се допаѓа ова.
  17. www123

    www123 Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    toa da, decata ne se vinovni sto imaat takvi roditeli,zborot mi bese koga veke znae Olivera da ne manupulira so narodot tuku da kaze tocno sto i kako e pa koj saka ke pomogne, no da nema izmami
     
    На Gosh, VDT2906 и Македонско04!#@ им се допаѓа ова.
  18. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Оливера си гледа кариера и она да си има работа
     
    На Gosh, VDT2906 и Македонско04!#@ им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    уште една приказна како оние кои лазаров ги обелодени
     
    На Tanjamm, eliesaab, Македонско04!#@ и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    На FridaodaMk и eliesaab им се допаѓа ова.