Јас си купив вештачки нокти утре ќе ги ставам за на НГ беа 50 денари и не ми е прв пат кај што ќе ставам.Задоволна сум ставам секундарен лепак и ми издржуваат околу една недела што е доволно да се порадувам на долги нокти .Инаку имам кршливи нокти и воопшто не ми се квалитетни па кога веќе ми се такви си ставам вештачки сама кога ќе сакам,а кога ги вадам не ми се оштетуваат од лепакот истите мои си остануват само ги подмачкувам со некое масло за нокти да ги подхранам и се си е супер
Имам до сега ставено 2 пати вештачки нокти, еднаш за полуматура и еднаш колку да пробам. Првиот пат (колку да пробам) ужас ги направив, еден подолг, еден пократок, ич убаво не ги излакирав, и во рок од два саати ги извадив зашто на ништо не личеа. Вториот пат преубави ги направив, на пола црвено и црно и на едната страна лепенка, немам слика да ви ги покажам, ама многу убави ми беа, жими мене. Ми траеја тогаш еден ден ипол, уствари еден ми се извади и еден почна да ми се клати и сите ги извадив. И онака ми сметаа, чуден ми беше фатот и не можев до вц да одам. А едни ефтини користев, од Базаро 20-30 денари. И исклучиво со секундарен лепете, тој што оди со нив за ништо не го бива.
Ставив два дена пред нова година и уште ми траат! Само оваа слика ја имам во моментов: Едит: Користев од оние по 20 денари. Јас ги лакирав, и како што гледате ми се размачкаа малце, ама не зе приметува мн.
цело време сум со вештачки нокти тие најефтините од 15 ден. што се 20 нокти да ви кажам не се приметуваат а баш се убави и убаво стојат,а да од секундарниот има некое оштетување ама не како што е со гелот... )
Па ако се вадат за 10 мин во топла вода, тоа значи дека еднаш да се избањаш и сами ќе ти паднат. Порано сум ставала вакви нокти ама глупо ми е некако,ќе седнеш негде на кафе ќе почнат да ти паѓаат сами Вака барем ќе платам 400ден и знам дека нема да ми паднат,да не се брукам пред луѓе. Коа сум ставала дома вакви нокти не ми издржувале ни 1 ден.не знам што е работата.
Јас порано си ставав вештачки нокти, имам купувано најразлични - од најефтините до најскапите. Разлика немам забележано во однос на квалитетот. Финтата е убаво да се истурпираат, не да се сечат со ноктерка или ножички за нокти, зашто така најлесно може да пукне ноктот на пола. Само турпијата в рака и многу трпение. Ги лепев со обичен, секундарен лепак, ама навистина не можам да поверувам како ви издржуваат повеќе од 3, преку сила 4 дена !? Пред 2-3 години си купив едни готови, т.е. исцртани. Преубави беа, немаше потреба да ги обработувам со турпија зашто совршена им беше и должината и дизајнот и беа туто комплето. Е, не траеа повеќе од три дена и кога првиот се одлепи пробав пак да го наместам, ама едноставно не можеше да се залепи повторно зашто од веќе исушениот лепак имаше настанато браздички од самото лепило и пак паѓаше ноктот по одредено време. Е сега, пробав и да го чистам лепакот, ама иста песна беше и се откажав од вештачкиве. Сега постојано сум налакирана со безбоен зацврстувачки лак, бидејќи ако го избришам ми се кршат ноктите - многу ми се меки и склони кон пукање, листање.
Јас порано купував од Џамбо, 50 денари се, немаат ништо на нив како сакаш сама си ги правиш. Ги лепев со секундарен и најмногу што ми издржале се две недели. Е баш си се потсетив, утре пак ќе си купам
И јас го имав истиов проблем со пукање на ноктите и пронајдов решение верувала или не интензивно два три месеци ги мачкав со лимон ништо тешко купи еден лимон расечи го на пола и нека ти стои во фрижидер и помини замини мачкај ги ноктите ама птоа немој одма да ги миеш и ќе видиш за 2-3 недели ке има подобрување.
Имав мн убави нокти( ви се фалев во Вашите нокти) ама си скршив еден а другите ги исеков,е сега ми фалат неможам пак да ги израснам а надградби и такви работи несакам... Е сега сакав да си купам вештачки, и ама никогаш немам купено, како оди тоа?? со ноктите ли оди лепак?? ии како да си погодам нокти според формата на ноктот, нели некои имаат пошироки а други потесни нокти?? исто така несакам да бидат многу долги, сакам така средни нокти, и да не се познава дека се вештачки... Која марка-вид на вештачки нокти да барам??
Уште првите две минути ќе направам околу мене лом, ќе се испогребам, ќе се заколам. Арна сум вака со ноктите до живецот, шо. Моја другарка ги лепеше со секундарен, ама после за вадење маки виде, некои и паднаа предвреме, ама тие шо сакаше да ги извади сама . А кога ги извади, ноктите и беа слупени целите и суви. Упропастени. Си има лепак за нокти, немојте со секундарен, ќе си ги упропастите ноктите.
Ако сакаш некои убави нокти,ја би ти рекла да не купуваш од тие од 30ден од пазар,затоа што ке ти се скршат додека ги лепиш.Купи од оние што се во кутија,мислам дека се 100ден. Инаку нели демек има лепак во ноктите,ама тоа е само воздух внатре,нема ни една капка лепак.Така да,купи си секундарен лепак.И исто така,ако не ти се свиѓа големината и формата на ноктите,направи ги со турпија,бидејќи ако ги скратиш со ноктарче можеш да ги скршиш.
Каде купувате најчесто вакви нокти? Јас имам друг проблем. Значи кога имам наплив на некоја нервоза ги пуздеросувам ноктите на малите прсти (на рацете де ). И така пред некој ден ги "средив" и сега очајно се нервирам како изгледаат и морам на тие два нокта да залепам вештачки. Вчера поминав во Космо и не видов никакви нокти а во петокот зирнав на пазар на Буњаковец и не најдов. Совет ајде
Бидејќи никој не ми одговори еве сама да си одговорам можда на некој ќе му служи моето искуство Купив опоола нокти од Базаро по цена од 70ден (имаше и од 20ден некои ама со шарки и глупости). Ги купив баш истиве од сликата и ептен сум задоволна. Лепакот е супер, не е празен и турпијата е одлична. Пробав сечење со грицкалка и не пукнаа, значи топ. Ги препорачувам!
Има малечка од типот на оние на Титаниа што се , значи не метална туку на хартиена база но супер си е турпијата. Јас препорачувам да ги пробате!
Во Џамбо има нокти вештачки? Не се сеќавам јас ич па мислам дека Битола кај нас имам гледано, колку пари се?
Има 150денари е пакување од ми се чини 80 нокти со неутрална млечна боја а има и шарани со цена од одприлика 50ден за 24 парчиња.
Сум забораила да пишам. Тие што ги купив беа К-А-Т-А-С-Т-Р-О-Ф-А , па коа ги скратив,ау,ау Така да сега ги купив овие самолеплививе, 202 денари ама бар да знам дека се квалитетни,за роденденов ке ги ставам па ке ги сликнам Од ДМ ги купив,ама вредат,на Ши се,мноооогу ми се свиѓаат,па така да ке ги ставам ама бар нема да знам дека сум ко вештерка,башка се кратки и нема да има потреба од пак кратење Ги обожавам бе,и убаво ми стојат Конечно тоа што го сакав Eве ги али не се истите,башка ми се свиѓа што се САМОЛЕПЛИВИ и нема потреба да се шљакам со лепаци и други тракатанци Вака нешто,али не се истите