Ги ставив ! Супер се,ги осеќам како мои нокти,незнам зошто,другите ми тежеа Слика ќе ставам после чекам да дојде татко ми,незнам сама да ставам,па посебно со новиов мобилен
Јас имам ставено милион пати, со еден лепак незнам точно како се вика го купив од една парфимерија во порта влае 80 ден. е со четкичка мн долго трае и не ги оштетува ноктите воопшто. Го користам веке па можда околу 3 години не се троши многу брзо но се суши затоа неколу пати купив, со него вештачките нокти ми траат и повеке од 1 недела. Одличен е!
^^ Ај ако можиш да ни кажиш име, да бараме и ние таков Бтвв, мене еве 3 ден да не ги урочам, еден ми нема мрднато, си ги сакам
Еве веќе втор ден ни еден не ми мрднал. И мијам раце и се правам најнормално Предноста исто е тоа што после можеш да ги лепиш со обичен лепак ^^ Еве на другарка ми и паднал еден , истиот ден ги купивме,вчера и она ги стави,ама смотаната треснала со рака во маса и и летнал И најнормален беше од доле,и пак си го залепи со супер лепак
А со кој лепак ги залепувате ноктите? (знам дека сега ке ми кажете секундарен ама кој,која марка)? и дали после тешко се одлепуваат и како да ги одлепам дека сум на свадба другиот месец и сакам само два-три дена да ги носам...
Па нема врска. Зависи каков ќе најдеш. Ама да не е под 20 денари. Затоа што со тие многу побрзо паѓаат. Мене овие два ми се некако најдобри. 20 и нешто денари се. Едниот го има во Тинекс а другиот во Рамстор. Па што ми е поблиску, од таму купувам. За одлепување, е малку потешко. Под топла вода стави ги ноктите и пополека вади ги. Мене ме мрзи под топла вода, па само ги корнам. Ама мене ноктите ми се никакви, ми се лупат. Обично секогаш се одлепуваат кај коренот, а доле кај што се сечат ноктите, потешко се одлепуваат. Па затоа мене некогаш ми се кршат... Спојлер
Ај да прашам тука .Имам вештачки нокти ,козметичарка ми ги стави. По недела дена гелот и лакот кои беља нанесени на еден нокт ми се подизвадија на ќошот. Ги налакирав ноктите со лак , ама многу се познава дека едниот нокт е одлепен на ќошот. Како да го поправам тоа ?
Јас таков проблем решавам со турпија. Ми се случува ова после неколку недели од корекција на вештачките нокти, и обично го практикувам колку да не останам без нокт до наредна корекција. И можам да терам уште недела-две така. Ќе го отстраниш делот од вештачкиот нокт што е одлепен, до делот каде е сеуште убаво споен со твојот нокт. Се губи од цврстината на вештачкиот нокт и ризикуваш полесно да го скршиш (зошто се држи на помала површина), но преодот од твојот кон вештачкиот нокт нема да се познава. Само еден проѕирен лак над тоа, во случај да се лакираш со некоја јака боја да не навлезе лак под пукнатината, тоа нема шанси никако да го извадиш освен со вадење на целиот нокт. Друга опција ти е да ставиш супер лепак под ноктот и да пробаш да го залепиш. Но од искуство сметам дека тоа многу се приметува и трае кратко. Затоа начинот што погоре ти го објаснив мислам дека е подобар.
А да ве прашам Има ли лепак со кој издржуваат 1-2 недели Бидејќии мислам да ги носам подолго време!Само со секундарен или? Фала однапред девојки
А добро отприлика колку време издржуваат ? И дали се купуваат пакет нокти нели треба според големината?? http://www.youtube.com/watch?v=3zrWul8LK8U Вака некако се прават? Позз
Како што ми кажувале другарки прво се купуваат типсови на нокти ради големината.После лепак и некаков гел.Сакав да ве прашам за што служи гелот и каде има секундарен лепак?А нокти има на пазар ми имаат кажувано така? Или?Од каде да ги купам? И отприлика колку пари се али во пакет ?Бидејќии така се продаваат.Барем така мислам. Благодарам однапред девојки позз