секундарен лепак има секаде.само оној кој го рекламираат е најубав исто толку и најмоќен и доволно силно го уништува ноктот
Не бе не е специјален, ух тој кошта околу 150-200 ден. Обичен е лепаков можиш да го најдиш во поголемите маркети
Јас дојдов да ги пофалам вештачките нокти кои неодамна ги купивме со другарка од Џамбо, мислам дека беа 60-70 денари. Јас не ги сакам воопшто, но навистина овие се нешто најдобро кое сум имала прилика да го сработам. Спакувани се во пластично кутивче и има 80 парчиња ако не се лажам. Одлични се, не се такви апла дрвенасто-пластични, ниту пак премеки за да се свиткаат, ами баш се онака суптилни - секако, доколку се средат. Многу лесно се турпираат и се сечат со грицкалка без да напукнат, а мал милион пати ми се има случено да „расцвета“ ноктот при сечењето со ноктерка. Овие се покажаа солидни, навистина. Еве и слика, вака не се познаваат дека се вештачки, а верувајте не се познаваа ниту во живо. Ги лепевме со Локтајт лепакот инаку, ако е нешто битно.
гледам повеќето прашувате за лепак..јас од дм го купив на she за некој си 150ден. ако не беше и помалце,стварно не се сеќавам..можеби е малце скап за лепак ама одличен е..мене ми траат по недела,недела ипол ноктите и дури некогаш ке ми здосадат па ме боли кога ги вадам..ептен е јак. неможам да најдам слика ама како овој е..само на него пишува she nail glue
векичка имаш користено од овие работи? квалитетни ли се? да знам да си купам кога ке дојдам во мк моментално користам едни кинески гелови дома па да видиме како ке издржат
Женски, дали можете да ми кажете колку се ув геловиве за нокти во Македонија? Поточно за во Скопје ме интересира и каде можам да најдам? Овде каде што живеам се 15 евра еден, па не верувам да се толку скапи во Мк
Сакам да си залепам вештачки нокти и дали смеам со секундарен лепак. Нели има некои многу јаки што ја горат кожата па затоа прашувам дали може да ствам на нокт секундарен лепак?
Другарка ми неколку пати има ставано вештачки нокти со секударен лепак и само потешко и да е ги извади, ги става во врела вода а онака не и ги оштетува ноктите.
И јас имам ставано вештачки нокти дома,ги лепам со секундарен лепак и не се вадат ноктите,си стојат на место.
Едно време ставав со секундарен лепак...и едвај ми се вратија нотите во нормала, на средина на ноктите имав дупки, одма над месото, ужас!
ЈАс сама си ги правам ми седат 1 месец исто колку и тие кај што одев да ми ги прават со гел но овие се многу подобри и многу повеке ми се допаѓаат ми изгледаат 100 пати поубаво траат еден месец со гаранција за разлика од таму каде што ги праев уште вториот ден се одлепуваа добро сепак треба да знаес како да ги направиш јас ги правам супер на 2-3 другарки му ги имам направено му траеа 3 неделе по што потоа сами ги извадиле. Еве слики,
Девојки, си ја потрошив течноста за акрилните нокти (мономерот). Дај кажете каде има во Скопјево да одам да купам. Најдов на ибеј, не е скапо, ама не ми се чека еден месец да стаса.
како се отстрануваат наливни нокти? може со ацетон? првпат ставам затоа па сакав еден нокт ми се поткрши да го остранам